Плазмата од искрењето е жешка и го шири воздухот околу неа. Т.е. тоа што се бара не е искрење туку пробив на воздухот (корона). Доколку ова се модулира со трансформатор или транзистор на пример искрата ќе варира во ритамот на звукот и повеќе или помалку ќе го шири воздухот околу неа и добиваме вибрации во воздухот - звук. Меѓутоа овој тип на звучник работи само за високи фрекфенции бидејќи самата искра е со мала површина а за ниски тонови е потребно поголема површина за да зрачи ефикасно.
Добро, претпоставува дека има нешто врска со искрењето и дека пуцкањето и должината на искрата може некако да се модулира и да даде звук. Ми ја разјасни дилемата околу тоа прашање
. Но на клипот јас го слушав и kick-от на траката како и дел од бас линијата, што не верувам дека може да се генерира со ваков „звучник“, мене всушност тоа ме вџаши, да ги слушав само високите и дел од средите тонови, ај некако ќе прифатев дека можам тој звук да го препишам на искрењето, ама звукот се слуша како да излегува од некој поевтин компјутерски звучник (2.1) со малку намален woofer. Мене всушност тоа ме збуни...
Е сега може и да додал звучник некој кој во позадина ги додава дел од ниските и средните ама не го снимал за да не се гледа, да изгледа „автентично“ снимката, тоа некако ми прави логика, ама не можам да го „сварам“ фактот дека тоа искрење може да генерира kick и бас линија, и тоа толку чисто да ја вади (мсилам на бас линијата)... не знам, не можам да сватам како го прави тоа (ако е навистина автентично генерирањето на целиот спекатар вклучувајќи ги и ниските и дел од средните тонови).