Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: ivica.s on 12.11.2011, Saturday, 13:34:11
-
Имав едно AC високонапонско трафо дома и се мислев да му направам добар драјвер, па се одлучив за оваа шема:
(http://s10.postimage.org/5f53djf79/ttpd.jpg) (http://postimage.org/image/5f53djf79/)
Шемата не е ништо посебно, 555 кој осцилира во астабилен мод и преку двата транзистори го “вози“ IRF540 мосфетот. Морам да напоменам дека оригиналниот примар од трафото го извадив и на негово место намотав 7 намотки изолирана жица извадена од 2,5 мм кабел за инсталација. Мосфетот се загрева многу, ама е поставен на огромен ладилник и нема гајле. ;)
Исто пробав на паралелно на примарот да ставам кондезатор од 470 нанофаради за да работи трафото во резонанција, и вака мосфетот не се загрева, ама напонот на секундарот е помал за сметка на поголемата струја, лаковите делуваат помоќно и се пожешки, усвитуваат и топат тенка жица :o
Инаку на 25 волти драјверов влече околу 3,5 ампери кога е наместен со тримерите за највисок напон на излез, а при влечење на лакови околу 6 ампера, веројатано дека на 6 ампера напојувањето има струјно ограничување. По далечината на која фрла искра, мислам дека излезниот напон е околу 20 kV, а фреквенцијата на работа на која дава највисок напон е 81 KHz.
Еве неколку слики:
(http://s12.postimage.org/bglmcycax/drajver.jpg) (http://postimage.org/image/bglmcycax/)
(http://s12.postimage.org/5i7t2ptc9/tot.jpg) (http://postimage.org/image/5i7t2ptc9/)
(http://s12.postimage.org/k2ovxjoax/trafo.jpg) (http://postimage.org/image/k2ovxjoax/)
Плазма топка со две сијалици :)
(http://s7.postimage.org/iccntm8qz/ligbpl.jpg) (http://postimage.org/)
Напомена до сите кои планираат да прават нешто слично, бидете внимателни, ова не е играчка.
-
Моментално е паднат серверот каде што се хостирани сликите, затоа избегавајте да ставате слики на pic.mk, ставајте на други посигурни сервери
-
Моментално е паднат серверот каде што се хостирани сликите, затоа избегавајте да ставате слики на pic.mk, ставајте на други посигурни сервери
Средено, на друг хост ги ставив сликите.
-
Браво за сработеното и за објаснувањето.
П.С. Овој тип на теми ке носат најмногу поени за влез во ВИП делот.