Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Високонапонска техника => Topic started by: GigaWatt on 19.09.2010, Sunday, 22:59:03

Title: Скин ефект
Post by: GigaWatt on 19.09.2010, Sunday, 22:59:03
...и заради тој скин ефект далноводите се прават со алуминиумско-челична плетенка, на средината има челично јаже заради механичка цврстина а околу тоа има испреплетено алуминиум зашто има мал отпор....

Мислам дека си грешка, алуминиумот не се става заради неговите проводнички (да не речам „непроводнички“) способности, во принцип алуминиумот е релативно лош проводник (добро, не лош колку графитот, али сепак не е еден од подобрите), втор по проводност е бакарот, а прво е среброто. Златото исто така е релативо лош проводник, но се става како емаил врз контакти бидејќи е единствен метал кој не оксидира, односно оксидира многу споро (мислам барем дека е единствен, не ме земајте за збор, ако грешам, нека ме корегира некој). Ако требало да стават добар проводник во далноводите, зошто не ставаат бакар. Мислам дека алуминиумот се става заради неговата крутост и високата точка на топење (ако настане спој во мрежата или нешто слично, да не се стопат водовите ;)). Исто мислам дека имаше нешто врска и со енергетски празнења од воздухот (громови) или така нешто (алуминиумот не привлекува толку многу енергетски празнења, барем мислам дека беше така).
Title: Скин ефект
Post by: LordZi on 20.09.2010, Monday, 09:56:45
Алуминиумот, иако е полош проводник е доста поевтин од бакарот, затоа направиле компромис и се става од чисто економски причини, иако има и некои добри особини (полесен е од бакарот и сл.). Иначе бакарот има поголема точка на топење, 1000 и нешто ситно степени, не ми текнува сега точно за разлика од алуминиумот кој се топи на 660 степени ;).
Title: Скин ефект
Post by: GigaWatt on 20.09.2010, Monday, 12:36:16
Хмммм, не сум знаел, јас па се мислев дека бакарот има пониска точка на топење од алуминиумот. А исто не знаев дека поевтин е алуминиумот од бакарот, зашто знам дека најзастапен метал на планетава е бакарот, ама изледа поевтин е процесот на добивање чист алуминиум од руда одколку бакар (колку што ми текнува, бакарот најчесто се наоѓа со златото, па треба да го одвојуваш од златото). Фала за корекциите ;).
Title: Скин ефект
Post by: Bojan on 20.09.2010, Monday, 20:31:05
грешка си дека бакарот е најзастапен  метал на планетава, малце го има и заради тоа е скап...ја ти како би објаснал јас... 230 денари е кило бакар на одпад а 40-70 денари е алуминиумот...па и според цената ке видиш дека бакарот се цени повеќе, а се цени затоа што го има малце....
Title: Скин ефект
Post by: SKOLS_OLD on 20.09.2010, Monday, 20:33:07
еден другар продал бакар за 100 евра!!И не сака да части!!
Title: Скин ефект
Post by: GigaWatt on 20.09.2010, Monday, 21:57:13
грешка си дека бакарот е најзастапен  метал на планетава, малце го има и заради тоа е скап...ја ти како би објаснал јас... 230 денари е кило бакар на одпад а 40-70 денари е алуминиумот...па и според цената ке видиш дека бакарот се цени повеќе, а се цени затоа што го има малце....

Добро, можеби не е најзастапен, ама не е редок како златото или среброто ;).

A и ова не сум го знаел, мислев дека бакарот е најзастапен, а поскап е од алуминиумот зашто можеби процедурата на вадење на чист бакар е малку покомплицирана, а со тоа и поскапа ;).
Title: Скин ефект
Post by: Bojan on 20.09.2010, Monday, 23:52:09
ако памтам убаво од пред 4 години што учевме во школо бакарот го има малце... ама не сум 100% сигурен дека е така...
Title: Скин ефект
Post by: SKOLS_OLD on 21.09.2010, Tuesday, 09:12:58
да така е,најмалку е застапен на планетата земја :o!!!
Title: Одг: Скин ефект
Post by: Devil on 25.09.2010, Saturday, 11:38:30
Темава ви ја поделив од онаа со високонапонското трафо, дека многу забегавте на нешто што не беше засегнато таму....

он топик..
далноводите имнаат алуминиумски кабли дека е поефтино
а се прават од повеќе жици за да може да се искористи тој скин ефект
Title: Одг: Скин ефект
Post by: laze on 25.09.2010, Saturday, 17:19:13
алуминиумот се користи од економски причини и поради тоа што е полесен од бакарот, инаку се плете во во сноп со челична жица за поголема механичка отпорност скин ефектот на 50 hz е ептен занемарливо мал
Title: Одг: Скин ефект
Post by: Baze on 26.09.2010, Sunday, 03:34:15
Уште нешто.....за изработка на проводните јажина не се користи алуминиум туку Алдреј кој е легура од алуминиум и цинк.Овој материјал е уште поотпорен на атмосверски влијанија,хемиски елемнти и сл
Title: Одг: Скин ефект
Post by: MarkoMK on 26.09.2010, Sunday, 03:48:13
Обично за пренос се користи алуминиум, како што кажаа некои членови, полесен е, отпорен на атмосферски влијанија, поефтин е, единствено е малку полош проводник од бакарот. Бакар се користи во рамките на една постројка (трафостаница или разводен ормар) односно за пренос на помали растојанија - бидејќи полесно се манипулира со него - лесно се витка, се буши, по потреба лесно се леми, итн.
Title: Одг: Скин ефект
Post by: Baze on 26.09.2010, Sunday, 13:27:37
100% Алдреј...тој исто изгледа како алуминиумот само со поинакви својства и карактеристики....и плус е уште поевтин од чистиот алуминиум  :)
Title: Одг: Скин ефект
Post by: GigaWatt on 26.09.2010, Sunday, 13:51:28
100% Алдреј

Кој е тој метал, или легура е?
Title: Одг: Скин ефект
Post by: z33dgm on 26.09.2010, Sunday, 16:29:25
100% Алдреј

Кој е тој метал, или легура е?

легура на алуминиум и цинк