Добро сега да се вклучам оти гледам дека настана дискусија. Значи се работи за Мегавати РФ енергија и иако антената треба да е 1/2 или 1/4 треба специјален дизајн на заземјувањето и одделувањето на централниот проводник (антената) од земјата а сепак да биде цврсто поставен и да има добри електрички својства. За оваа снага е потребно итекако планирање и дизајн и не е едноставно. Сепак, мегават на 50 оми импеданса има вршни напони во ред на десетици киловолти!