Author Topic: Мерење на повратна снага кај FM  (Read 554 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Мерење на повратна снага кај FM
« Opened on 21.03.2010, Sunday, 22:31:05 (Edited 22.03.2010, Monday, 18:44:02) »
Дечки, знае некој како се прави тој склоп за мерење на повратната снага кај предавателите?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Барај SWR метар, мислам дека имаше еден едноставен се правеше со торус низ кој врзи парче коаксијален кабел. Види најди го на нет и стави го тука со објаснување на „нашки“ :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
ама прашањето требаше да гласи како работи SWR от
дали некој знае тоа ?
 
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Мерење на повратна снага кај FM
« Reply #3 on 22.03.2010, Monday, 19:01:58 (Edited 22.03.2010, Monday, 19:05:59) »
Како работи? Прво да видиме што мери: SWR метарот мери колку е погодена импедансата на засилувачот (предавателот) со импедансата на антената. Доколку импедансата е 100% погодена (иста) тогаш кабелот се однесува како да има само омски отпор и целата ВФ енергија се предава на антената. Доколку пак имаме несофпаѓање (кај предавателот или антената) и импедансата се разликува, тогаш коаксијалниот кабел почнува да влијае на системот со својата импеданса (индуктивитет или капацитет) и почнува самиот коаксијален кабел да „троши“ ВФ енергија и да ја зрачи (со многу помала ефикасност од што зрачи антената) и притоа антената добива помалку енергија и зрачиме со помала снага од таа што ја даваме. Има и други проблеми како на пример кабелот „собира“ брум, зрачи хармоници и слично што се решава само со добро нагодување на антената со излезот на предавателот.

Е сега како работи: SWR метарот работи на тој принцип што мери колку самиот кабел околу себе индуцира ВФ струи. Значи најпрост (и доста неточен) SWR метар може да се направи со мотање на калем околу коаксијалниот кабел и ставање на диоди и кондензатор и мерење на напон со инструмент. Со тоа мериме колку „зрачи“ обвивката, т.е. самиот коаксијален кабел што означува дека имаме несофпаѓање на импедансата.

Поточен SWR метар се прави со плочка на која средишниот дел од коаксијалниот кабел се исцртува како права линија а блиску до него има две помошни линии од кои се „зема“ мал дел од ВФ струјата, како на сликата:



Со ова се мери колку се разликува струјата на почетокот и на крајот од таа средишна линија и ако се разликува значи коаксијалниот кабел наместо да е само преносител на ВФ енергијата станува и „антена“ и се појавуваат стојни бранови. Доколку разликата е поголема тогаш се работи за полоша импедансна погоденост и се вели дека „имаме голем SWR“ на системот. Доколку струјата е иста во двете точки значи дека импедансата е погодена и „имаме мал SWR“ што е пожелно. Се надевам дека сега е малку појасно.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.