Author Topic: За екстремно големите радио ентузијасти  (Read 645 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Го видов планот на АЕК за сите фрекфенции и видов под 9KHz и над 300GHz не се опфатени во планот а со тоа тие фрекфенции се слободни. Е сега што рече колегата ај да те видам направи предавател на 300GHz :) тоа е невозможно но затоа можно е да се направи предавател и приемник за фрек. под 9KHz па што викате, дали овој дел е исплатлив за работа? На овие фрекфенции е можна само CW и дигитален пренос но аналоген говор а поготово слика се невозможни. Што викате да направиме предавател.
Што мислите дали би било добро да се направи предавател на пример на 70Hz (да да херци) ? Само огромен проблем ке биде антената.... Ајфеловата кула ке биде мала.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Планот на АЕК е глупав. Звукот е до 20KHz, што значи дека долна граница за радио-комуникација би морало да е 20KHz бидејќи со секој аудио засилувач во суштина ќе го кршите законот (бидејќи теоретски звучникот е калем, поготово ако има долга жица помеѓу засилувачот и звучникот и голема снага - ете антена).
Меѓутоа проблемот за жал е друг. Фрекфенции под 100KHz е скоро невозможно да се предадат на етерот без многу големи антени. Има и исклучоци како на пример DCF77 стандардот кој предава сигнал за точно време на 77KHz и некои амерички воени инсталации за комуникација со подморниците дури и на пониски фрекфенции но ако увидите дека антената на американците е долга 200KM тогаш ќе сватите за колкава инвестиција станува збор.
Меѓутоа има и еден друг начин на предавање освен електромагнетно а тоа е - само магнетно. Направете го следниот „опит“ - земете долга тенка жица и обмотајте ја околу целата соба (по краевите) неколку пати - доволно за да кога ке ја измерите да биде околу 4-5 оми (ке треба да направите неколку „навои“ низ собата). Приклучете ги краевите на жицата на засилувач кој свири и пуштете го гласот до средина и повеќе. Земете од истата жица и намотајте на железно тело (голем штраф) колку што можете навивки тоа подобро и на краевите на оваа жица поврзете слушалки. Ќе ја слушате убаво музиката што свири од засилувачот. Ова е магнетно пренесување на звук. Проблемот е што надвор од собата нема да можете да слушате бидејќи сте надвор од магнетното поле.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
За ниските фрекфенции е предноста што пробиваат ама баш се, ете и во длабочините на океаните се фаќа тој сигнал на тие фрекфенции. Русите па имаат предавател на 78Hz (херци) а антените им се огромни (ке најдам и ке ставам слики). Рускиот предавател на 78Хз бил направен на почетокот од 90тите и емитувал радио сигнал кој буквално се слушал во цел свет и во сите мориња и океани.
Поради ниската фрекфенција за да се испрати една кратка порака било потребно повеке и од 15 минути.

Oва многу интересно со магнетното поле, баш ако најдам толку долга жица од некое трафо ке пробам. Е сега ме интересира нешто дали е можна комуникација со магнетни бранови на поголема далечина (слично како со електромагнетните бранови) ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Проблемот со магнетните бранови е што опаѓаат кубно (на трета) надвор од магнетното поле за разлика од електромагнетните бранови кои опаѓаат квадратно (на втора) што значи далечина само со магнетни бранови - многу тешко. А за коминикација со ниски фрекфенции најголем проблем е да се генерира електричното поле а не магнетното и затоа мора да се користат страшно високи напони (100 киловолти па и повеќе) и многу долги жици и калеми (за да се нагоди импедансата) за да може успешно да се генерира и електрично поле заедно со магнетното за да се добијат електромагнетни бранови кои ќе слабеат квадратно наместо кубно. Ова во домашни услови е тешко да се направи но некои дизајни со ламби и со повисоки напони (1-2KV) е можно да се направи мал предавател и на толку ниски фрекфенции и да фаќа километар - два.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
фактички преносот на звук преку магнетните бранови е слично како со аудио трафо? На секундарот му внесуваш јако аудио а на примарот ставаш слушалки и слушаш :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: За екстремно големите радио ентузијасти
« Reply #5 on 18.04.2010, Sunday, 01:26:25 (Edited 18.04.2010, Sunday, 01:31:48) »
Еве слики од "руското предавателче"





































Ова не е вообичаена глетка
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1253
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
super  priemna ili predavatelna da nee od krtkotalasnite radari
Z33MK