Не нема воопшто брум само малку звукот е по лит за разлика од другите радио станици тоа е од самиот модулатор. Инаку рине нема гајле.И мене ми е чудно како толку успева да покрие. Антената е отворен дипол со бакарни цевки од клима мислам дека беа 15мм или нешто повеке (но помалку од 20mm) дебелозидни кабелот ми е RG213 22 метри. По правило би требало да има домет до 200 метри со 0,2 вати. Чудно беше вика се фаќа на мобилниот ако се движам вика дека малку шушка ама не се губи. По правило за добар домет и да запира на радио би требало да е 1Ват на 1километар на отворено. Ова е плочката направена во Sprint Layout шемата е од RDWW 8W PLL. Тримерчето P2 служи за засилувањето.Ако транзисторот 2N3866 се замени со 2SC1971 може да даде скоро 1,5 вати проверено е со плл RDVV 8W. Ваков сличен домет не ист има Вероника PLL со RDVV PLL 8W е нај слаб во домет иако дава голема снага не продира толку многу како со ова чудо.
Ratko - Браво, dimce. А, вака, неоклопен, предавателот нема брум?
Брумот е потиснат со самиот стабилизатор што го користам плус користам 7805 стабилизатор. За да не ти бучи користи си напојување 12волти од стар компјутер дури таму имаш и 5в за модулаторот и 12 волти за засилувачот. Со замена на 2N3866 со 2SC1971 ке извадиш чисти 1,5 вати доволно да го засилиш и да го подигнеш на 10 вати.Напојувањето од компјутер има 5в со голема струја ќе можеш тогаш и USB меморија да користиш да пушташ дирекно музика од модулаторот без да има некое греење зашто највеќе страда стабилизацијата на 5волти на модулаторот и прекинува со работа (Не пали веќе )и го фрлаш. Јас гледаш таков парчосан користам го фрлиле во ѓубре таков како што го гледаш на сликата. Сега да ставам јас USB многу ке ми грее стабилизаторот 7805 ама со компјутерско напојување тоа нема да се случи.
Одлично. Гледам вака 7km нема град/села пред тебе ? Инаку се чудам го немам тестирано мојот FM предавател со 5W. Живеам на малку повисоко 705-10m НМВ. Колку далеку би можело да стигни ? А страв ми е да го уклучам заради АЕК. Имам тестирано некој помали предаватели 250mW и 900mW/1W. Ама страв ми е за 5W. Плус дипол имам напраено можи ќе ме јадат ода АЕК
Дај некоја сликичка да видам што чудо е тој 5 ватниот