Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: KiloVolt on 28.07.2018, Saturday, 23:24:01

Title: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: KiloVolt on 28.07.2018, Saturday, 23:24:01
Проблемот е следниов:
Имам микрофон Audio Technica ATR-1500. Динамички микрофон е. Е сега кога веќе го имам, би сакал да можам да го поврзам да го користам за да снимам со помош на телефонот, нешто што мислев дека е лесно изводливо.
Отворив случајни слушалки што идеа со телефонот, го одлњмив микрофонот и залемив XLR приклучок на кој планирав да го врзам микрофонот, но телефонот прекина да ги препознава слушалките како хедсет и сега не се дава икона со микрофон туку без микрофон кога ќе ги поврзам. Го вратив малото електретско микрофонче и пак работат нормално.
Прашањето ми е дали можам да го средам некако да го препознава динамичкиот микрофон како влез? Знам дека не е ни блиску до професионален снимач ама сакам да работам со тоа што го имам при рака моментално.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: GigaWatt on 29.07.2018, Sunday, 06:57:47
Прбај врзи кондензатор во серија со сигналот од динамичкиот микрофон. Пробај со 4.7uF пластичен кондензатор. Работен напон... 63V е повеќе од доволно, може да поминеш и со 50V. Ако немаш на располагање 4.7uF, за да не купуваш за џабе, пробај со било каков кондензатор, и 470nF или 1uF пластичен ќе заврши работа колку за тест. Ако го детектира, долната гранична фреквенција само ќе му биде прилично висока со кондензатори со помала капацитивност, ништо повеќе ;). Зголеми ја капацитивноста за да добиеш пониска долна гранична фреквенција ;).

Ако не го детектира, пробај според туториалот од клипов ;).



Ако профункционира, но го детектира headset-от само ако има приклучено и слушалки, стави два отпорника од 39Ohm-и од L и R према маса, ќе „глумат“ слушалки ;). Ова е во случај да не ти требаат слушалки туку само микрофон за снимање.

Ај, види дали ќе профункционира, па тогаш може да штимаме понатаму ;).
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: batka on 30.07.2018, Monday, 01:27:47
Јас ти препорачувам да си направиш мало пп за микрофон со регулација на појачување и секако со зголемена импенданса на излез.Оди по шема врзи го на џекчето( има поврзување на видеото), а на место слушалки врзи по 50 оми отпорници од канал кон маса.Не претерувај со појачувањето!
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: KiloVolt on 31.07.2018, Tuesday, 20:02:47
Пробав со кондензатор сериски, не го бива, слушнав звук што доаѓа од микрофонот. Го измерив сигналот со осцилоскоп на местото од микрофонот.
(https://www8.mediafire.com/convkey/7fb4/3ro4kxug2eudphf5g.jpg?session_token=e33df4b74950c7ae6e8ffd6611422f0d4e044a87e86fa0563904f51306a8897a64126add5114da15707b9774ce0cfcb1713018270089b38b1a6107f0af89953450ff99f75a114734)
Што значи и двете шеми не работат.
Претпоставив дека детектира капацитет на овој начин, па врзав кондензатор паралелно, и пак ништо.
Не разбирам што е толку посебно кај електретските микрофони што ги детектира телефонот за да направам коло што би го имитирало.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: batka on 31.07.2018, Tuesday, 22:54:15
Читаш постови? >:( Пробај со микрофонско пп за нискоомски микрофон ( 200-600 оми импенданса на влез) и околу 10-100 к на излез. Електретскиот мик. бара преднапон, динамичкиот не треба! Ако немаш шема да праќам... Електретскиот има 1,2 К отпорност на излез.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: KiloVolt on 01.08.2018, Wednesday, 19:17:20
Целата поента ми е да не се замарам со две батерии. Сакав да го врзам на телефон. Што би било доколку на веќе постоечкиот електрет му залепам течна пластика за да не слуша ништо, а му го врзам динамичкиот паралелно? Баш ме интересира.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: GigaWatt on 02.08.2018, Thursday, 04:38:13
Ништо, пак нема да го детектира. Динамичкиот има помала импеданса/отпорност, автоматски таа преовладува.

Ако телефонот може да работи во power bank mode, може да го направиш она што го вика batka, да искористиш +5V од него и да работиш така.

Проба како што е објаснето во клипот? Ама баш како што е објаснето. Да не случајно погрешно имаш нешто поврзано? Ај види како е врзан микрофонот за џекот, преку кои пинови и направи го баш како на клипот, со посебен конектор и се тоа, а не со модифицирање на веќе постоечкиот headset. Некогаш во headset-от има дополнителна електроника за дигање/спуштање слушалка при повик или предпојачувач за микрофонот. Батали се тоа. Не поврзувај „извади кондекзаторски микрофон, врзи ова или она“, почни од почеток, упропасти еден headset, расклопи го 4 пинскиот 3.5mm-тарски конектор и експериментирај така ;).
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: batka on 02.08.2018, Thursday, 17:55:04
Целата поента ми е да не се замарам со две батерии. Сакав да го врзам на телефон. Што би било доколку на веќе постоечкиот електрет му залепам течна пластика за да не слуша ништо, а му го врзам динамичкиот паралелно? Баш ме интересира.
Некои поенти остануваат без  зборови- или стави пп со батерија , со прилагодување на импенданса влез/излез и регулација на појачување  или нема ништо од желбата! Овие уреди сепак не се наменети за експерименти ( скапечки се!) и не ризикувај.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: KiloVolt on 02.08.2018, Thursday, 19:52:27
@GigaWatt Баш така направив, ама не сака да детектира така. Инаку ми успеа тоа со поврзување паралелно два микрофони, ама дури и целосно излепен со течна пластика пак се слушаше придушен звук и шум од него, па решив да му поврзам тастер сериски. Кога ги вклучувам слушалките сега треба само да го притиснам тастерот и го детектира како целосен хедсет, кога ќе го отпуштам уште стои симболот за хедсет со микрофон и си снима слободно со динамичкиот. Доволно добро за мене, и скоро и да нема шум кога снимам. Исто така и му поврзав кондензатор 2.2uF сериски на микрофонот, во случај телефонот да пушти DC напон.
Едит:
Најдов женско 6.35mm со вграден нормално затворен прекинувач, сега кога ќе го уклучам динамичкиот, електретскиот автоматски се исклучува. ;D
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: GigaWatt on 03.08.2018, Friday, 11:17:40
Ете, си најде решение ;).

Дај нацртај како си врзал бидејќи вака некако не ми е многу јасно... баш ме заинтересира ;). Можеби има начин целосно да се елиминира кондензаторскиот микрофон ;).

Инаку тие конектори се 3.5mm-тарски... барем јас така знам ???, не 6.35mm-тарски.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: KiloVolt on 08.08.2018, Wednesday, 09:51:56
Најдов кабле XLR to 6.35mm, а за телефонот е стандард 3.5mm TRRS.
(https://www11.mediafire.com/convkey/afc6/h1h9tabmc9oqepd5g.jpg?session_token=d72829f6a409eec6d727815de00edd232a33955b3837f7adb8dd0912cda4a481bdf0b1e02ca95dd36011a1c1ec7fe5585920143064a7b90707d18402671607d1488fb03f5ea75d82)
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: GigaWatt on 08.08.2018, Wednesday, 11:30:53
Е сега, не ми е баш најјасна шемава. Што сакаш да кажеш со тоа NC, за кој вод е тоа?

А зошто едноставно не го „емулираш“ кондензаторскиот микрофон. Измери колкава му е отпорноста и капацитивноста и стави толкав отпорник и кондензатор наместо кондензаторскиот микрофон ;). Би требало да работи ;).
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: batka on 08.08.2018, Wednesday, 15:10:56
XLRа со  to 6.35mm?? Такво нешто не постои во живо ниту како стандард.Постои 6,3 мм микрофонски џек, а кај тебе влезот во тлф е 3,5 мм ама со 4 полиња. Динамички микрофон не можеш да приклучиш  директно  наместо електретски микрофон според ова шема прво затоа што електретскиот микрофон бара преднапон , а него на шемава го  нема! Второ, нивото на динамичкиот микрофон е ниско и не може без пп да работи  како што треба ( има ниска данса од 200-600 оми, наспрема електретскиот микрофон кој има  отпорност 1,2К ома и дава повисоко напонско ниво.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: GigaWatt on 09.08.2018, Thursday, 10:27:19
Динамички микрофон не можеш да приклучиш  директно  наместо електретски микрофон според ова шема прво затоа што електретскиот микрофон бара преднапон , а него на шемава го  нема!

Најверојатно го зема преку пинот за микрофонот... има некој преднапон на него. Затоа и го предложив кондензаторот во серија со динамичкиот микрофон, случајно да не го оштети динамичкиот микрофон... а и ми беше претпоставка дека можеби така ќе го детектира како што треба динамичкиот микрофон, како да е кондензаторски.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: batka on 09.08.2018, Thursday, 12:59:20
A отпорноста- како да ја компензираш? Ако е динамичкиот мик. 200 оми , препознава краток спој.Кога ставаш кондензатор, нема препознавање( отпорност бескрајна). Второ, напонското ниво е од 1 до 50- 100 mV за динамички микр. Овој напон не го покренува влезот на тлф.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: GigaWatt on 09.08.2018, Thursday, 19:56:07
A отпорноста- како да ја компензираш? Ако е динамичкиот мик. 200 оми , препознава краток спој.Кога ставаш кондензатор, нема препознавање( отпорност бескрајна).

Во паралела на кондензаторот ќе стави еден отпорник од 1.2K, колку што рече дека е отпорноста на кондензаторски микрофон (искрено не знам колкава е, никогаш немам мерено) и готово ;).

Второ, напонското ниво е од 1 до 50- 100 mV за динамички микр. Овој напон не го покренува влезот на тлф.

Јас пак се мислев дека кондензаторските имаат помал излезен сигнал ???.

Ова можеби и е така, но изгледа само кај оние без вграден засилувач (они на кои не им треба преднапон за да работат), не и кај оние со вграден засилувач ;)... а сега веќе сите се такви ;).
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: batka on 09.08.2018, Thursday, 21:51:13
Ако ставиш паралелно 1к2 си го обрал бостанот! ;D Дури тогаш ке немаш ни за* лек* напон. Разберете,ако се сака да се вметне динамички мик. мора да оди пп за компензација и на импенданса и зголемување на напонот.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: GigaWatt on 10.08.2018, Friday, 03:57:53
Ако ставиш паралелно 1к2 си го обрал бостанот! ;D Дури тогаш ке немаш ни за* лек* напон.

Е да, тоа си во право, заборавив на тоа :D.

Ама па како му работело со кондензаторски микрофон поставен во паралела ???. Исто како да си ставил кондензатор во серија и отпорник во паралела ???.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: batka on 10.08.2018, Friday, 14:19:08
Ако ставиш паралелно 1к2 си го обрал бостанот! ;D Дури тогаш ке немаш ни за* лек* напон.

Е да, тоа си во право, заборавив на тоа :D.

Ама па како му работело со кондензаторски микрофон поставен во паралела ???. Исто како да си ставил кондензатор во серија и отпорник во паралела ???.

Му работело...  :o си го чул ли ти како работело? ??? Работело преку конд.микр.И да го затвориш звучно конд. мик. тој прилепен до дрво,метал, стакло ќе пренесува звук.Не ми е јасно што сака човеков- сите поминијатурно нешто бараат, а Киловат уште миксер со акумулатор и микрофон на сталак да му стави.... 8) После- олеле, се расипа тлф, а го платив 200 ЕУ!  :-[ Има кабелчиња сега со микрофонско звучна комуникација специјално за телефон- 100-200 денари се...
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: GigaWatt on 10.08.2018, Friday, 17:28:57
KiloVolt е, ама нема везе :D.

Без разлика, да, немам чуено, но не мислам дека воопшто не работел. Имам чуено како звучи кондензаторски микрофон прилепен со рака/прст врз дупчето, скоро ништо не се слуша освен нискофрквентно шушкање од раката/прстот. Така да, верувам дека нешто работи, штом вика дека има сигнал и се слуша, ама како работи... тоа е веќе друго прашање ???.

И пиша зошто сака да го направи тоа, за брзо снимање кај и да му текне :). Само го носиш телефонот со тебе и микрофонот со конекторот и бркај работа ;). Се разбира, звукот ќе биде далеку од супериорен, ама не верувам дека ќе биде ни баш лош. Баш сум разгледувал структура на модерниве чипсети на телефониве, да не ти се верува што се има во нив и каква обработка има на сигналот на влез и излез :o, да се чудиш. Повеќестепена сигма/делта обработка на влез и на излезе е веќе "de facto" стандард кај мобилниве телефони... тоа порано беше стандард кај „појаките“ портабл (MP3) плеери. Сега веќе е дел и од телефоните... да не зборувам за обработката на фотографии и снимки... далеку се од тоа што беа смарт телефоните пред 5, 6 години.

Има кабелчиња сега со микрофонско звучна комуникација специјално за телефон- 100-200 денари се...

Какви се тие кабелчиња ???. Немам начекано такво нешто.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: batka on 10.08.2018, Friday, 22:35:06
Какви се тие кабелчиња ???. Немам начекано такво нешто.

На кабелчето има  слушалка  и микрофонче. 8) Кабелчето е долго отприлика 80 см и ако ти треба микрофон  надворешен ете ти начин да снимаш.  ;D Да. Киловолт беше, а испадна како да ти е помладиот брат! ;D ;D
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: GigaWatt on 10.08.2018, Friday, 23:57:15
Да. Киловолт беше, а испадна како да ти е помладиот брат! ;D ;D

Да, така излегува муабетот ;D ;D ;D.

Какви се тие кабелчиња ???. Немам начекано такво нешто.

На кабелчето има  слушалка  и микрофонче. 8) Кабелчето е долго отприлика 80 см и ако ти треба микрофон  надворешен ете ти начин да снимаш.

А на посебно кабле се микрофонот и слушалката или на исто? Бидејќи ако се на исто, а треба да го наместиш микрофонот во определена позиција, некако непрактично не, од едната страна влегува кабел, од другата излегува и целата конструкција зависи од гравитацијата на кабелот од двете страни :S. Ако имаше само од едната страна, односно на посебно кабле се слушалките и микрофонот, тогаш да, тоа има веќе некоја логика и може да се искористи за снимање ;).

Да не зборуваш за headset ???.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: KiloVolt on 11.08.2018, Saturday, 11:57:54
Quote
Е сега, не ми е баш најјасна шемава. Што сакаш да кажеш со тоа NC, за кој вод е тоа?
Конекторот има вградено елемент кој кога нема вметнато конектор дава спој со жешкиот излез, а во обратен случај тој спој го снемува, го искористив за да го исклучува електретот кога ќе го вклучам микрофонот.
Quote
Му работело...  :o си го чул ли ти како работело? ??? Работело преку конд.микр.И да го затвориш звучно конд. мик. тој прилепен до дрво,метал, стакло ќе пренесува звук.
Јас кажав ама кој ме слуша, има прекинувач вграден во конекторот што го исклучува електретот кога го вклучам динамичкиот. И не иди звукот од електретот сигурно бидеќи ја има насоченоста на кардиоидниот динамички микрофон, не сум ваљда толку лаик да не сфатам од кој микрофон ми иди сигналот.
Quote
Не ми е јасно што сака човеков- сите поминијатурно нешто бараат, а Киловат уште миксер со акумулатор и микрофон на сталак да му стави...
Вие предложивте плочка со посебна батерија, а јас употребив 2 конектори и еден електретски микрофон за да добијам задоволителни резултати, малку шум, солиден квалитет и ниту малку клипување на влез дури и при јак влез од микрофонот. Па сега вие кажете ми која е по-минијатурна изведба. Да ми требаше студиски квалитет ќе си купев професионален портабл снимач, јас сепак работам според моите потреби. Тоа што го кажувате е на место, ама јас просто немам потреба од тоа да се занимавам една недела со трчање, нарачување материјали и плочки, кога го решив со 3 компоненти.
Quote
Се разбира, звукот ќе биде далеку од супериорен, ама не верувам дека ќе биде ни баш лош.
Има малку шум, и е малку погласен од електретскиот, но сепак по звучен квалитет далеку подобар од електретскиот, и динамика и насоченост.
Quote
На кабелчето има  слушалка  и микрофонче. 8) Кабелчето е долго отприлика 80 см и ако ти треба микрофон  надворешен ете ти начин да снимаш.
Не сум видел нигде по продавнициве. Ако имате линк да видам би било добро.
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: batka on 11.08.2018, Saturday, 16:49:28
Ќе има малку повеќе шум, а дека динамичкиот е појак од електретот не може да ме убедиш! :o Клиповање??? Кој спомена клиповање?? :) И звукот да има подобар квалитет од електретот??? ::) Жими мајка, туку ајде, ке престанам на ова тема, да не испадне “бојкотирам! >:( Со здравје да си го носиш динамичкиот микрофон низ град! 8)а
Гига не е headset, туку комбинација наменета за новинари, ентузијасти- ,а крајот има слусалка , а на кабелчето има мик во пластично куќиште . а има и прекинувач за исклучување. Можеш да му го ставиш пред нос на соговорникот и дури да пее ако сака. Ги користат новинари, студенти.... не знам како до сега не сте виделе такво нешто!?? ???
Title: Re: Поврзување динамички микрофон на Android телефон
Post by: GigaWatt on 13.08.2018, Monday, 01:18:29
Има малку шум, и е малку погласен од електретскиот, но сепак по звучен квалитет далеку подобар од електретскиот, и динамика и насоченост.

Одлично, си го постигнал тоа што си го сакал ;).

Гига не е headset, туку комбинација наменета за новинари, ентузијасти- ,а крајот има слусалка , а на кабелчето има мик во пластично куќиште . а има и прекинувач за исклучување. Можеш да му го ставиш пред нос на соговорникот и дури да пее ако сака. Ги користат новинари, студенти.... не знам како до сега не сте виделе такво нешто!?? ???

Не сум имал потреба... изгледа затоа немам видено :).