Во последниот период скопскиот репетитор R0 се повеке и повеке се користи за бош муабети, се повеке се зборува за варење ракија, гројзе, шира, вино, лов и ловџиски пушки, кој што отепал, се кажуваат некакви бош шали. Се прават долги глупави муабети. Ова навистина ги претера сите граници. Веќе со денови слушам неколкумина тестираат како проаѓаат од типот "ајде сега како проаѓам со 40 вати, ајде сега со 10 вати, ајде сега со 5 вати, ајде сега со друга станица, ајде сега со друг микрофон, ајде сега пак со јака снага"! Дајте бре луѓе тестирајте на симплекс а не на репетитор, ем го држите репетиторот ем нас останатите не малтретирате со вашите глупости. Ете за тоа се откажуваат луѓе од ова хоби баш поради вакви глупости и поради штракачи. Пазете овие за кои ја отворив темава се искусни во хобито и не се од вчера. Ајде да се нови па да тестираат и да имаш разбирање. Јас само што купив прв пат станица и само неколку пати што прашав како поминувам од разни локации од Скопје и од планиниве на околу (бидејки не ми кажуваа рапорт па мораше да прашам) и како нов и полн со ентузијазам ке прашав ајде да пробам и со мала снага. Одма се појавуваа радиоаматери кои се бунеа оти ги иритирало зошто прашувам, за разлика на некои што никој не смее да им писне. Мразам двојни аршини! Ова мора да сопре!!!