Бидејки неколкумина радио аматери спомнаа на форум дека рачната радио станица која користи батериско напојување, дава нај голема снага кога батеријата е целосно полна.
Бидејки немам SWR/WATT метар, имам мерач на EM поле. Значи не е мерач на снага, но е доволно за да се направи споредба на пример имаш 2 радио станици со полни батерии и да направиш споредба дали едната е по снажна од другата, истото тоа се покажува како така и во пракса при говор.
Логички е доколку батеријата е полна да дава најголема снага, а кога е празна да дава мака снага, но овој тест ме изненади.
Едната радиостаница беше полна во целост ( индикаторот 3/3 цртки) а другата празна (трепкаже индикаторот за батеријата дека е празна), на мерачот на поле покажа иста снага како и кога радио станицата е полна, односно иста како со другата станица. По само неколку моменти, оваа што беше празна престана да емитува бидејки во целост ја "исцицав" батеријата.
Сакам да кажам дека и со последната снага радиостаницата ја даде потребната снага како и она полната.
Пред некој ден правев подолг муабет со радиоаматер од друга населба и тоа симплекс, дури и кога батеријата беше скоро целосно празна, го прашав колегата радио аматер дали има разлика во сигналот? Неговиот одговор беше дека ме слуша исто, односно исто како и кога батеријата ми беше полна. Некако не ми беше баш јасно, па пак му го поставив истото прашање и му објаснив зошто го прашувам, но тој ми го даде истиот одговор, по неколку моменти се исклучи станицата бидејки се испразни, и одма ја зедов другата и го продолживме разговорот.
Јачината на сигналот не беше Q5 па да се рече ајде сте биле блиску, и со 5W и со 20mW би се слушале супер. Сигналот беше Q3.
НАПОМЕНА: Истражувањето го спроведов над две кинески радио станици од производителот Baofeng.
Ова истражување е лично од мене и ова е првичен заклучок, секако за да се добие дефинитивен заклучок потребно е повеке пати да се повтори експериментот.