Живееме во време во кое техниката, мобилната телефонија, компјутерите, смартфоните во комбинација со интернетот си го направија своето. Меѓу сите убавини и придобивки кои ги имаме од сите тие нови технологии, има и една негативна. Лошото е што се помалце и помалце радиоаматери не има. Многу од младите, во најголем дел младите девојки се цело време со смартфоните во рака и се допишуваат на Facebook или листаат, кој што објавил, кој лајкувал и т.н. Седат луѓе на маса во кафич и сите со телефоните во раце. Добро на оваа тема може до сабајле да пушувам но не е тоа поентата....
Ајде да почнеме,
Многумина ми викаат во 21 век кога имаш вклучени минути во претплатата за разговори од мобилен, SMS, интернет, Вибер и што ти не, ти на крај се "навраќаш" на користење на радио станица, ЗОШТО
Како да им објаснам, едноставно мерак е, тоа не се објаснува со зборови. Кој има мерак по нешто и троа мозок во главата ке му текне што беше тоа мерак.
Зошто радиоаматер во 21 век ? Епа задоволството е во тоа да го обиколиш целиот свет со сигнал од твојот уред, задоволство е да разговараш во реално време со некој од Русија, Кина, Индија, Јапонија, Америка... и на крај не си зависен од никого. Едино си зависен од електричната мрежа и ништо друго
ма да може и ова да се реши со агрегат.
Радиоаматеризмот е од стратешко значење на секое општество. Во случај на елементарна непогода од типот на големи земјотреси, поплави, сончеви бури, војни и сл. Страдаат, сателити, оптички кабли, мобилни GSM/UMTS/LTE мрежи. Во тој случај се прекинува секаква телекомуникација. Таков беше примерот во поплавените делови на Србија во 2014 година, исто и во војната во Србија во 1999 година. New York кога си ги срушија кулите, како што се сеќавам тогаш кажуваа дека цел град е без интернет, телефон, телевизија и радио.
Е во вакви ситуации радиоаматерите имаат најголем авторитет Многу пати се случува радио аматери да пренесат важна информација. Пак ке се навратам во 1999 година, на RTS SAT во еден прилог презентерот на вестите прочита една информација и на крајот рече:
како што пренесоа радиоаматеритеЕ сега како да се подобри радиоаматеризмот конкретно во Македонија, во секој случај најбитна е желбата, која исто така може да се иницира преку промоции на суштината на радиокомуникациите како хоби. Денес барем е многу едноставно да станеш радиоаматер и тоа се прави во неколку чекори и тоа.
- Одиш во АЕК и поднесуваш барање за да полагаш за радиоаматер.
- Ги симнуваш прашањата од форумов и ги учиш, повекето веке ти се познати од општа култура.
- Те повикуваат за полагање, одиш полагаш и си бираш знак.
- Плаќаш 500 денари административна такса и чекаш да ти стигне лиценцата.
Во меѓувреме нарачуваш евтина радио станица од Ebay, DX, Aliexpres или друг интернет продавач. Овие станици за почетници се супер. Ако сакаш бренд ке си купиш нешто поскапо.
Полесно може да биде? Мислам дека не !
Потоа се бара едно нешто, тоа е да бидеме сложни и да се дружиме и почитуваме.
Што мислите вие околу ова проблематика?