Македонски форум за електроника

Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: aanev on 03.01.2014, Friday, 13:12:30

Title: Проблем со фасонка/инсталација
Post by: aanev on 03.01.2014, Friday, 13:12:30
Како што кажува насловот имам проблем во една од фасонките во станот кога ке проверам со фазомер имам фаза и при исклучен прекинувач, т.е свети ама послабо. Исто доколку ставам штедлива сијалица се гледа онака како минимално да протекува струја. Проблемот е само до таа фасонка, останато секаде е како што треба. До што може да е проблемот, до прекинувачот , до фасонката или инсталацијата?
Title: Одг: Проблем со фасонка/инсталација
Post by: Devil on 03.01.2014, Friday, 13:27:44
погрешно е поврзана сијалицата, (инсталацијата за сијалицата) претпоставувам, затоа што прекинувачот се става на фазата и во никој случај не смее да има напон кога е исклучена, можеби проблемот е кај прекинувачот, види извади го и мери што се случува таму, после најди ја  дозната и види и таму како е поврзано
Title: Одг: Проблем со фасонка/инсталација
Post by: Bojan on 03.01.2014, Friday, 13:45:41
и можно е да има некоја индуцирана струја, па за тоа да свети. стави обична сијалица и види дали ке свети (со исклучен прекинувач)
Title: Одг: Проблем со фасонка/инсталација
Post by: Toma on 03.01.2014, Friday, 16:32:23
Дали прекинувачот на ѕидот е со индикатор.
Пример нешто како оваа на сликата.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/sss45aswnw_2.jpg)
Title: Одг: Проблем со фасонка/инсталација
Post by: aanev on 05.01.2014, Sunday, 12:04:15
Devil прекинувачот нормално дека е на фазата, се си е по стандард, порано го немаше овој проблем. Значи фазомерот свети помалку одколку кога би имало фаза, но значи нешто не е во ред и истото се приметува на штедлива сијалица која секаде на друго место кога е исклучена воопшто не жари.
Bojan сакаш да кажеш дека е нормално индуцирана струја да има ? Со обична сијалица нема жарење на влакното воопшто.
Toma прекинувачот е со тињалица мала ако тоа е прашањето, сметаш дека до тоа е проблемот?
Title: Одг: Проблем со фасонка/инсталација
Post by: Toma on 05.01.2014, Sunday, 12:40:42
Исклучи ја "тињалицата" .