Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: nickyyoh on 06.12.2011, Tuesday, 19:08:55

Title: Аудио миксета со 6 канали
Post by: nickyyoh on 06.12.2011, Tuesday, 19:08:55
Заинтересиран сум за изработка на миксета, разгледував и пронајдов една шема за миксета со 6 канали од кои 3 се за микрофон, а 3 се LINE IN.   :)
Па сакам да прашам дали пред секој од влезовите може да се додаде контрола на баланс, гласност и ниски, средни и високи тонови..?  ;D

Линк:
Code: [Select]
http://www.zen22142.zen.co.uk/Circuits/Audio/6ipmix.htm
Title: Одг: Аудио миксета со 6 канали
Post by: batka on 06.12.2011, Tuesday, 20:31:49
Дај прво образложи го концептот-за што ке служи миксерот,што ке приклучуваш,какви излези да има... па ке ти предложам неколку решенија.Во основа,сепак мислам дека миксер не се исплати да се прави,пред се што квалитетни потенциометри,шибери и солидна кутија би те коштале колку готова миксета.Но,сепак ако си наумил - кажи ги параметрите и ке добиеш шема.

Споено мислење: 06.12.2011, Tuesday, 21:53:49
Еве пример како јас сум ја решил таа 6 канална миксета,Дадени се посебно плочка на микрофонско пп,боја на тон и збирен миксер.Ако сакаш можеш да правиш и 12 канална,само сите елементи х 2 за стерео.Сите потенциометри шибер или вртливи ( по желба). ;D
Title: Одг: Аудио миксета со 6 канали
Post by: nickyyoh on 06.12.2011, Tuesday, 23:09:02
Се извинувам што не образложив све како што треба.
 Доволни ми се 2 канали за микрофон и 2 за line in значи 4 вкупно. Не треба да е којзнае што, но  да е стерео.
А ќе ја користам за приклучување на влезот од звучна картичка на компјутер, или во засилувач. за да можам да приклучам повеќе надворешни уреди кои ќе се слушаат преку компјутерските звучници.
Исто така бидеќи не сум задоволен од квалитетот на звукот на компјутерските микрофони, на оваа миксета сакам да можам да поврзам професионален микрофон. тоа е тоа.. :)
Title: Одг: Аудио миксета со 6 канали
Post by: GigaWatt on 07.12.2011, Wednesday, 00:28:39
За таква употреба, сокоро било која шема би ти свршила работа ;). Разгледај го тоа што ти го има дадено batka и плус таа твојата шема, би требало да се добие нешто солидно ;).
Title: Одг: Аудио миксета со 6 канали
Post by: batka on 07.12.2011, Wednesday, 14:34:19
Ако сакаш само два микрофонски тогаш еве ти и една шема со транзистори,погодна за динамички микрофони,поквалитетни.Значи,ти треба само два микрофонски пп со боја на тон и панорама за да го врзеш микрофонот на двата ланала Л и Р.За линиските влезови дури не ти треба ни боја на тон ,ако е готов сигнал за во компјутер.