Вака сега, немам многу искуство со вакви типови на софтвери, порано (кога бев во средо) рачно ги цртав сите плочки (и шеми), но бидејќи не беа нешто многу комплицирани шемите, во 90% од случаите ми излегуваа точни и без многу проверки, 2 до 3 проверки беа повеќе од доволно.
Е сега, како што растеш, ти растат и апетитите, последниве 5, 6 години, баш и немам многу време за „понапреднато“ (да не речам поинвентивно) бавење со електрониката, како на пример дизајнирање на шеми , нивна целосна обработка, дизајнирање на PCB за нив (софтверско дизајнирање), и така натаму. Повеќе се бавев со сревисирање зашто помалку време одземаше, а плус и те плаќаат за тоа. Проблемот не е дека немам идеи, туку дека идеите се веќе релативно комплицирани и немам толку време за одвојување како што имав порано. Тоа е тоа.
Доста беше од самосожалувањето, хахахахаах
.
Имам некое познавање од работа во PSpice, и тоа знаење е релативно органичено, нешто што работевме на факултет и нешто малку на своја рака што имам работено. Баш гледав во секцијата за „Совтвер за електроника“, ги прочитав скоро сите теми, но не знам од каде да почнам, сите програми си имаат свои предности и недостатоци.
Идејата ми беше, да не лутам наоколу, сакав да чујам мислења од членови на форумов прво, да не рипам да инсталирам програми како луд, па после да се каам што воопшто сум ги инсталирал.
Имав препорака од една од асистентките на факултет да почнам со OrCAD 9.2.2. Као демек цел пакет бил, имало се што ми треба, од пакети на компоненти, цртање на шемите, симулација (го има и PSpice нели) до дизајн на PCB-то. Мада врска немам која од програмите во пакетот за што е, ама ајде, тоа лесно ќе го дознаам. Го имам но не сум го инсталирал, е сега прашањето ми беше дали да почнувам со ова или со нешто поедноставно.
Значи не сум тотален почетник, но некако се имам изгубено во времето, јас кога бев средно беше вистинска „шема“ да најдеш програма што ти ги генерира вредностите на компонентите за определен однос импулс/пауза со NE555, и тоа под command prompt (хахахахааха
).
Значи, кратко и јасно, прашањето ми беше, дали ќе успеам лесно да се снајдам и со OrCAD или прво да почнам со некој друг програмски пакет или програми?
Однапред фала на сите што ќе го споделат своето знаење
.