Author Topic: Алармот на замрзнувач за длабоко не се исклучува. Што е причината?  (Read 1465 times)

Offline slobo_n

  • Нов член
  • *
  • Posts: 13
Здраво на сите.

Имам замрзнувач од југословенските, не знам точно која марка е, нема налепница. Стар е некаде 25 години.
Пред некој саат се уклучи алармот без некоја причина и не прекинува да свири. Што значи воопшто уклучувањето на алармот и кога ќе прекини?
Температурата во замрзнувачот е добра, има мраз внатре. Не забележав некој мирис на изгорена електрика. Исто и не забележав некоја голема топлина од кај компресорот и моторот.

Дополнително инфо:
Моторот од замрзнувачот работи, и го менував пред два месеца.

Поздрав


Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
прво провери да не туши од негде тој фрижидер дека е прилично стар, смени гуми на вратите за подобро да дихтува, провери дали добро работи ладењето
да не е прегреано нешто фати со рака, ако се издржува топлината лесно добро е, ако е прежешко нешто не е во ред, алармите најчесто се уклучуваат ако се крене многу температурата, провери сензорот за температура дали е во ред да не „рикнал“
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Jove

  • Guest
тоа се случи кај баба ми на фрижидерот не прекинуваше алармот  :-\ :-\ :-\ но проблемот најчесто е да туши фрижидерот и истечен фреон кај баба ми проблем бесе фреонот и фрижидерот прегреваше

Offline maci

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 58
иако има фатено мраз тој не лади добро односно доволно.температурата му е падната и затоа алармира.сигурно под него има фатено вода односно изолацијата е упиена со вода.треба да се исчисти изолацијата односно да се ископа некаде до пола(зависи колку е мокро).најдобро да провериш е да стиснеш со прст во изолацијата и ако ти е влажен прстот копај,вади ја изолацијата.
после ќе треба да ја пуниш со пур пена.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Според годините, и самиот компресор ја има изгубено компресијата, а може и од оксидација на некој дел од цевките железен или алуминиумски, да попушти, па фреонот да истече, Во секој случај нема постигнато барана температура од -18 целзиусови, и затоа е активиран алармот.
Исто провери дали од долната страна има кондензаџија - влага,  а може да има и мраз, во тој случај ...
 :)
предлог: замени го со нов апарат  ;D

stefanjanevski

  • Guest
Мене дома фрижидерот ми прави вакви проблеми, откривме дека проблемот бил до гумата што се наоѓа на врата, не лепела доволно добро, па отогаш наваму, мајка ми и става по една саксија цвеќе и си лепи и гаси. Кај мене така беше до гумата.

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Можи до термостатот да е, али најдобро ти е да викниш некој шо работи таква работа.

П.С : Ако си од Битола, можиш кајмене да го донесиш таткоми со таква работа се занимава, кај зеленото пазарче седам.

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Можи до термостатот да е, али најдобро ти е да викниш некој шо работи таква работа.

П.С : Ако си од Битола, можиш кајмене да го донесиш таткоми со таква работа се занимава, кај зеленото пазарче седам.
Како не ти е жал, олкав сандак да го довлечка за ситница, какви мајстори сте вие? прво проверете, дајте мислење за дефектот па потоа пазарете се за поправка, ако се заинтересирани ќе го поправат, или ако е потребно да го донесат(во Велес сами си ги зимаат) на сервис.
Ех битолска работа, демек ние сме господа мајстори  ;D

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Хаха, дадов мислење за дефектот и дадов и решение. Дека кажав оти таткоми поправа фрижидери не значи дека кајмене мора да го носи. И за да поправаш фрижидери не е кизне колкава тешка работа, али сепак треба да имаш алат и да знајш шо прајш за да не го дорасипиш фрижидерот, па мајстор послем да викаш и да ти земи многу пари. Ако фрижидеро до толку не ти важен ( ако имаш намера нов да купваш ) можиш да пробаш да го поправиш.