Author Topic: Регулатор на вртежи на кулерче со TL494 или KA7500  (Read 1357 times)

Offline stojanov

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
  • Gender: Male
Регулатор на вртежи на кулерче со TL494 или KA7500
« Opened on 04.01.2011, Tuesday, 19:12:37 (Edited 31.05.2018, Thursday, 00:49:51) »


          Еве една интересна шема која лично ја испробав и успешно ја поставив во моето компјутерско напојување.Можи да се искористи и за други намени во зависност од потребите. Мегутоа, НАПОМЕНУВАМ, секоја употреба на оваа шема ако ја направите , ја употребувате на своја одговорност. Не одговарам за никакви направени штети до колку до нив дојди при имплементација на истата.
            Оваа шема лично мене ми беше потребна за да ја регулирам брзината на вентилаторот во напојувањето на компјутерот, кој верувам скоро кај сите без потреба работи со максимална брзина и при тоа прави непотребно голем шум. НТЦ отпорникот го поставив на еден од ладњаците во напојувањето, прицврстен механички со метална стега и залиен со силиконска маст заради подобар топлински спој. Самата плочка која е доста мала (5.5 со 4 см), е сместена внатре на зидот од напојувањето со 2 метални држачи.
              Со потенциометарот се регулира прагот на укључување на вентилаторот кој експериментално сам го одредив. Истото ке мора и вие да го направите, нормално при тоа внимавајки на напонот од 220В, кој постои внатре во исправувачот. Јас сите експерименти ги правев надвор и без присуство на исправувачот, имено уредот е потребно да се укључи само на 12В и нормално да се прикључи било каков вентилатор од стари исправувачи, на пример.
                Уредот инаку работи беспрекорно и еве веке повеке од месец дена работи во исправувачот од компјутерот кај мене и тоа тивко скоро и да не се слуша а при тоа температурата внатре во исправувачот е во нормални граници, оние кои јас експериментално сам си ги одредив.
                 Во прилог на текстот приложувам шема и изработена плочка во SPRINTLAYOUT.
Стојанов Владо

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
да не е грешка линкот од   spanish music ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline stojanov

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
  • Gender: Male
Re: Регулатор на вртежи на кулерче со TL494 или KA7500
« Reply #2 on 04.01.2011, Tuesday, 20:52:36 (Edited 04.01.2011, Tuesday, 20:56:46) »
да не е грешка линкот од   spanish music ?
Не разбирам, кој линк е тоа? Јас таков линк не ставив во мојот напис.
  
Не разбирам, кој линк е тоа? Јас таков линк не ставив во мојот напис.Или не гледам кај е проблемот. Ве молам да ме известите ако некаде сум погрешил.
Стојанов Владо

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
овие линкови
Code: [Select]
http://www.musicfrost.com
би те замолил доколку не знаеш кој се линковиве да си направиш еден убав скен на компјутерот со некој антивирус и со некој софтвер кој открива малвер, сигурно имаш нешто убаво закачено и ти црпи информации
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
хахаха што убав вирус си имаш закачено...алал да ти е...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline stojanov

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
  • Gender: Male
Re: Регулатор на вртежи на кулерче со TL494 или KA7500
« Reply #5 on 04.01.2011, Tuesday, 21:15:45 (Edited 04.01.2011, Tuesday, 21:17:54) »
хахаха што убав вирус си имаш закачено...алал да ти е...

А за што да ми е алал, па не сум го закачил јас намерно! Или поможи ако знаеш или не се подсмевај!!!!!!!
Стојанов Владо

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Re: Регулатор на вртежи на кулерче со TL494 или KA7500
« Reply #6 on 04.01.2011, Tuesday, 21:18:53 (Edited 04.01.2011, Tuesday, 21:20:26) »
Батка,убаво што си го направил регулаторов,ама ти препорачувам во напојување да не го употребуваш.Може на друго место,ама во напојување не е препорачливо.Појаките напојувања од 650 вати па нагоре дури идат со два кулера ,од кои едниот работи постојано,а другиот може да биде и со регулација и се вклучува по потреба,кога внатрешноста се прегрева.Проблемот со овој вториов е што повеке се полни со прачина и побрзу стасува за замена.Од искуство : оставете ги кулерите во напојувањата да си работат како што замислил производителот! ;D

Споено мислење: 04.01.2011, Tuesday, 21:20:26
ДХ кој антивирус го имаш ставено  :D!???

Offline stojanov

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
  • Gender: Male
Re: Регулатор на вртежи на кулерче со TL494 или KA7500
« Reply #7 on 04.01.2011, Tuesday, 21:36:16 (Edited 04.01.2011, Tuesday, 21:36:41) »
Се сложувам со тебе. Јас усте на почетокот нагласив дека ова јас го направив и јас си го подесив на моја одговорност. Сметам дека сум доволно искусен да извршам релативно точни подесувања на работните температури, бидејки со електроника се бавам веке над 40 години. Затоа на почетокот на мојот натпис нагласив дека ваква работа, ако некој се нафати на неа, ке ја прави на своја одговорност. Сепак, верувам има луге кој се со скромни искуства од електрониката али верувам а и знам дека има и такви кои се со добри познавања на електрониката. Уште еднаш ке нагласам дека оваа градба сепак е за понапредни електроничари и за тие што точно знаат што прават. Исто така сакам да кажам и тоа дека овај уред можи да се искористи и за други намени а не само за ова за кое јас го употребив. Регулирањето на температурата работи многу добро и секој кој што експериментално ке го направи ке се увери во тоа. Во краен случај на Интернет е полно со вакви градби кои се употребуваат за различни намени.
           Инаку, можам да кажам дека кај нас се продаваат најефтините исправувачи наменети за напојување на компјутерите. Истите се толку ефтини заради тоа што во себе содржат наједноствни склопови и заштити. Поскапите исправувачи кој кај нас воопшто и ги нема на пазарот, во себе имаат интегрирано вакви температурни регулатори а и други заштити од на пример нагло кревање на некој од напоните заради некој дефект во самиот исправувач најчесто. И тоа сум го направил и исто така работи  и тоа одлично, али  тоа ке го објавам во некоја друга прилика. Се работи за заштита на двата напони од 5В и 12В  и тоа со тиристори.
Стојанов Владо

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
за тоа дека нема квалитетни напојувања во македонија не се согласувам со тебе, Cooler Master  за какви напојувања ги сметаш? јас имам такво 400W, напојувањето е тешко у пм, кај другарче едно го имав однесено се глупиравме со графички правевме некои работи, и 2 графички (од понова генерација, не ме прашувај што графички беа, не ми текнува) и напојувањето издржа, а да беше од оние кинескине 500W ке цркнеше...уствари кога си ја земав графичката имав такво кинеско напојување и компјутерот ич не ни се пушташе со графичката...така да има квалитетни напојвуања во македонија...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline stojanov

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
  • Gender: Male
Re: Регулатор на вртежи на кулерче со TL494 или KA7500
« Reply #9 on 05.01.2011, Wednesday, 11:48:00 (Edited 05.01.2011, Wednesday, 15:08:58) »
    
ОК се сложувам со тебе до некаде. Имено кога реков дека дека кај нас нема квалитетни напојувања мислев на поголемиот број, односно огромниот број на компјутери кои се продаваат со стандардни напојувања (од најевтините). Еве на пример уште нешто, кај мене во Битола мислам дека многу тешко или скоро никако не можи да се најди квалитетно напојувње, освен во некои прилики кога некој од некоја фирма ради некоја причина ги увезе. Можеби во Скопје и ги има не можам да тврдам оти не сум провервал, али затоа сум провервал, ова сигурно какви се не квалитетни напојувња има низ другите земји, кој нормално и се доста поскапи. Уште еднаш да повторам, огромен број на компјутери низ нашата земја работат на, односно со ефтини напојувања. Нормално и ова е оправдано, сепак сме сиромашна земја од една страна а и фирмите заради конкуренција се принудени да ставаат шо поефтини напојувања. Сум имал еднаш прилика да сретнам едно навистина квалитетно напојување, кое да бидам искрен уште кога го зедов во рацете по неговата тежина, како прво се виде дека станува збор за многу сназно од една стран а кога го отворив внатре видов дека и како електронски склоп е мнгу солидно направено. Но за жал, тоа го имаше еден мој пријател и јас не успеав да најдам второ такво. ХИХИ!!
           Ете затоа јас се одлучив да макар малку ги подобрам овие ефтините напојувња кои се најмасовни кај нас, нормално само за мене а не за пошироко, и во тој контекст и го направив овај склоп, кој пак ке нагласам НЕ Е ПРЕДВИДЕН ЗА НЕИСКУСЕН ЕЛЕКТРОНИЧАР, ЗАТОА ШТО МОЖИ, ДОКОЛКУ НЕ СЕ ПОДЕСИ ПРАВИЛНО ДА ПРЕДИЗВИКА ТРАЈНО ОШТЕТУВАЊЕ НА НАПОЈУВАЊЕТО А СО ТОА И МОЖНО ТРАЈНО ОШТЕТУВЊЕ НА ЦЕЛИОТ КОМПЈУТЕР.
            Се надевам дека сепак ваквите дискусии ке им поможат на колегите низ нашата земја.
Поздрав. Владо!!!!!!!!
Стојанов Владо

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
за тоа да, во право си 90% (ако не и повеќе) од компјутерите што се користат користат такви евтини напојувања поради причините ти што ги напиша, но тие што имаат такви компјутери повеќето незнаат што е тоа напојвуање а па камо ли дали е квалитетно или не...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)