Ja сменив мерната сонда на осцилоскопот со обични кабли и немаше проблеми, напонот меѓу две исти точки правилно го јавуваше „во двете насоки“ (исто го јавуваше без разлика дали ќе ги приклучев каблите во една или во друга насока). Во право беше, изгледа некоја капцаитивно-индуктивна спрега со мерната сонда на осцилоскопот го правеше тоа „нелогично“ однесување на излезниот напон од секундарот
.
Приклучив еден отпорник од 150 оми, околу 10W (не пишуваше на него колку е, ама од прилика според големината толкава му е моќноста). Паѓаше напонот на излез од секундарот кога ќе го приклучев осцилоскопот преку отпорникот, но се очекува тоа, не е ништо ново
.
Е сега ме мачат две работи. Првата е дека измеѓу пинови на секундарот на кои претходно (мерено со осцилоскопската сонда) јавуваше напон од оклу 30V (или некоја друга вредност, пак релативно голема), сега пак кога мерам со обични „жици“ јавува напон од околу 3V, 4V, 5V (голем број на секунарни изводи има), зависи меѓу кој и кој извод ќе ги врзам мерните сонди, некогаш и сама од себе се менува оваа вредност (на пример мерам еднаш и јавува напон од околу 3V, a подоцна кога ќе мерам, ќе јави напон од околу 4V, или нешто така). Е сега пак, ако врзам потрошува меѓу тие изводи (отпорникот од околу 150 оми), на истите тие краеви на кои претходно мерев со осцилоскопска сонда и ми јавуваше напон од околу 30V (мада морам да признаам дека формата на синусоидалниот напон беше бааги дисторзирана од правилна синусоида), а со обичните жичани мерни сонди ми јавуваше напон од околу 3V, 4V, итн., сега (кога е врзна потрошувачот) напонот е нула. Мое мислење е дека секундарните намотки немаат заеднички изводи (не се врзани една за друга во серија) и дека тој напон што го јавувал бил некој напон на шум и/или преслушување меќу намотките во секундарот кој (поради некој вид на индуктивно-капацитивна спрега) осцилоскопската сонда го засилувала, па затоа не го исчитувал како што треба, а кога мерев со обичните жичани сонди правилно си се исчитуваше вредноста. Кон истото мислење ме наведува и фактот дека жиците од секундарот се врзани за нивните лемни места (местата каде што треба да се залемат жиците преку кои ќе се напојува уредот) со само една жица од секундарната намотка (нели, најчесто, ако се врзани во серија секунарните намотки, односно ако имаат заеднички изводи, идат по две жици до лемните места на кои се врзуваат контактите за напојување на уредот), како и и фактот дека кога ќе го врзев потрошувачот меѓу излезите од секундарот на кои измерив многу мал излезен напон (со жичаните соди), отпорникот воопштоп не загрева, што ме наведува да мислам дека низ него не тече струја (или тече некој екстремно мала струја) што значи дека намотките всушност немаат заеднички изводи (не се во серија врзани), туку дека се мотани посебно
.
Втората работа што ме мачи е следнава. Има една жица која излегува од примарната намотка и се надоврзува на еден од изводите на една од секундарните намотки. За што служи таа жица, не знам, но не излегува од лемните места на примарните намотки (ги има повеќе примарни намотки, ама мислам дека не се за различни влезни напони, 110V, 220V, 240V, итн., туку мислам дека накоја друга намена имаат), туку излегува од под самата хартиена (мислам дека е мрсна хартија или лакирана хартија) обвивка на трафото (онаа обвивката со која се заштитуваат намотаните жици да не се скинат или оштети лакираниот слој па да направи спој), што ме наведува да мислам дека таа жица треба за нешто да биде врзана, а не да се остави „да виси“. Само зошто би врзувале дел од намотките на примарната и секундарната намотка/намотки, навистина не знам, целата поента е да има галванска изолација меѓу нив, а не да бидат споени :S. Можеби за да се постигне поголем напон на некоја секундарна намотка или можеби за да може да даде повеќе струја некоја секундарна намотка, ама друга причина освен ова не може да ми текне :S. Има некој идеја?