Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 05.05.2012, Saturday, 08:26:46

Title: Регулатор на светло без дијак
Post by: batka on 05.05.2012, Saturday, 08:26:46
Обично кај градителите проблем представува дијакот кај регулаторите за светло.Можна е замена со тлеалка (тињалица,глим-ламба) што ја има во електричните шпорети,калорифери итд.Тоа е ламбишка со вграден отпорник 100к-1М и може да се користи во склопот место дијак. Еве и една шема да видите како два транзистора 2N2222 се користат во истата замена.Тријакот може да биде било кој,адекватен на потрошувачот.

Споено мислење: [time]05 Мај 2012, 15:14:12[/time]
Еве како изгледа тлеалка ( тињалица,глим-ламба,неонска-ламбица) или како се не ја викаат