Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 13.03.2012, Tuesday, 16:17:21

Title: Приклучување на LED на 220V / АС
Post by: batka on 13.03.2012, Tuesday, 16:17:21
Доста се бараат и се превртуваат шеми за поврзување на ЛЕД на 220V .Не навлегувам кои се успешни и неуспешни,ама направив доста проби до сега и еве една шема со 16 ЛЕД во серија ( од белите) кои работат на 220V и даваат доволно светлина и тоа бела,за да се употребат како столна ламба за пред компјутер. Немав камера да ја сликам,ама да опишам  - наредени се во круг тие 16 ЛЕД а позади е кружна плоча од ХДД која има висок сјај и ја враќа светлината нанапред.Електрониката е вградена во пластична кутија која е воедно и постоље на ламбата.Прекинувачот е од АТХ напојување.За осветлување на тастатура и материјали на хартија е повеке од доста! ;D

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/LED_220V-AC.jpg)
Title: Одг: Приклучување на LED на 220V / АС
Post by: DrTubeR on 07.07.2014, Monday, 12:13:19
Не гледам дека си ги приклучил на 220AC ...  си направил исправувач (и единствено решение).

220V x 1,41 = 310,2V е пикот.
Потоа ...
310,2 / (да речеме) 3,5V ~ 89 лед диоди ....

Значи ... теоријата вика дека ако приклучиме 89 лед диоди сериски на 220V AC напон, и ако со вуду магија, успееме да го одржуваме напонот на 3,5V на секоја диода... ќе работи. Трепкањето на лед диодите ... не можеме баш вака клод да го регулираме...

Инаку да, повеќето апарати работат на 220V AC, ама само од штеќерот до уредот :P

Title: Одг: Приклучување на LED на 220V / АС
Post by: batka on 07.07.2014, Monday, 15:07:41
Ова e шема за  16 бели диоди 5 мм  врзани на 220V без употреба на трансформатор.
Title: Одг: Приклучување на LED на 220V / АС
Post by: DrTubeR on 07.07.2014, Monday, 16:12:54
Јасно ... само искоментирав дека е единственото решение за да не трепкаат и да, шемата е топ.
Без дискусии и префрлање.