Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 18.10.2011, Tuesday, 20:19:50

Title: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: batka on 18.10.2011, Tuesday, 20:19:50
Случајно налетав на една стара книга и се потсетив на првите шеми кои ги реализирав.Ако не го рачунам детекторскиот приемниk ,прва *поозбилна * конструкција е овој ФМ предавател,како и ова конструкција на далечинска команда.
За да објаснам: влезот се врзува за звучникот на некој радио приемник и кога ке дојде појак сигнал или кога ке се *фати*станица,релејот окинува! Е.сега јас најдов * поозбилна* намена :го врзав на радиото со ламби,а кога татко ми ке седнеше да бара станици се исклучуваше нокната ламба  ;D тој дури и електричар викна... 8) 8) Имате ли и вие некоја своја * прва* конструкција??
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: GigaWatt on 18.10.2011, Tuesday, 20:39:01
Па што знам, баш најпрво нешто што го имам направено беше LED трепкач од ОТП приборите, бидејќи уште во 4-то или 5-то наставникот по ОТП (Фарук, многу добар човек, класен ми беше ;)) ми даде делови за да го направам LED трепкачот, ама не во 8-мо ;). Ама се радував, хахахахахах ;D ;D ;D. Па менувај кондензатори, па направи го едното да се задржува повеќе од другото, па менувај транзистори за да можеш сијалички да ствиш место LED, абе циркузи ;D. Кога ќе ми текне сега колку е просто тоа, ама тогаш ми беше врв на техниката ;D ;D ;D, не ради друго, тоа беше прва работа која (до некаде барем) знаев како работи ;D. Па потоа почна сам да ги модифицирам колата за една или друга намена, некогаш и чисто за да дознаам што ќе се случи (колку ќотек сум јадел за секое „ПАААА“ што ќе дошло од штекерот ;D, ова кога бев помал, ама и кога бев постар некогаш имаше ислучоци ;D). Еднаш моите ме однесоа на гости кај едни пријатели, во брак, мажот се погоди да е погонски инженер и многу фин човек, плус сервисер... јас, жив среќен ;D, конечно ќе имам кого да гнавам за прашањата на кои немам одговор (бидејќи по ОТП проферосот, иако беше добар човек, сепак, не се разбираше премногу од електроника, така да, некои работи не знаеше да ми ги објасни :S). Средно кога бев, некако се дистанцирав од се ова, иако по нешто работев од време на време, плус летно време во сервис работев, ама не бев премногу заинтересиран за електрониката, повеќе се насочив кон музиката (плус, забава, журки, излегување, девојки, ова она, знаете како е ;D, тинејџерски години, па да знаеш да свириш на инструмент, тоа само по себе е афродизијак за девојките на тие години ;D... добро, барем на времето беше така, сега веќе не е колку што сум разбрал од други :S). Пројдоа тие години, и сега пак се вратив, колку толку ;).
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: batka on 18.10.2011, Tuesday, 20:39:08
Пардон шемите не * прелетаа* ;)
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: at.koce on 18.10.2011, Tuesday, 20:59:43
Quote
па да знаеш да свириш на инструмент, тоа само по себе е афродизијак за девојките на тие години ... добро, барем на времето беше така, сега веќе не е колку што сум разбрал од други :S
Сега е тоа папучарски, така викаат девојките ..

Иначе мојот прв проект беше лажен детектор за лаги. Плочка нешто слично тогаш ми беше филозофија за да направам  ;D Па после правев некој растерувачи комарци, а тоа биле всушност најпрости осцилатори, па правев бубица и така.. тоа се правев на оние мали плочки од ОТП што ги даваа. После првата плочка пто ја направив со пренос на тонер беше за Ал Пик Програматор ама не го слокопив програматорот за жал   :( И така, ако малце подобро размислам, па и сум немал некој сериозен проект до сеа направено.
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: GigaWatt on 18.10.2011, Tuesday, 21:04:51
Иначе мојот прв проект беше лажен детектор за лаги.

Значи твојот детектор лаже кога прикажува дека некој лаже ;D ;D ;D?

Quote
па да знаеш да свириш на инструмент, тоа само по себе е афродизијак за девојките на тие години ... добро, барем на времето беше така, сега веќе не е колку што сум разбрал од други :S
Сега е тоа папучарски, така викаат девојките ..

И потоа „мажите не биле романтични“... пфффффффф... ::)
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: at.koce on 18.10.2011, Tuesday, 21:15:50
Сеа они немаат врска од романтики, искрено ја како со ги сфаќам, они бараат некој да им се иживува  8)
Quote
Иначе мојот прв проект беше лажен детектор за лаги.

 
Quote
Значи твојот детектор лаже кога прикажува дека некој лаже   ?
Работата е што воопшто нема врска, само менува звуци.  ;D ;D Заборавив да напоменам дека тоа беше лемено поинт ту поинт Еве за ова зборувам:
Fun With a Lie Detector! (http://www.youtube.com/watch?v=L0Rriw00k8E#)
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: DX-er on 18.10.2011, Tuesday, 21:24:18
Мојот прв проект беше по ОТП и беше трепкач како на GW, тоа беше голема радост кога проработе од прва... се чудев како ли ЛЕДовите се палат и гасат кога нема кој физички да ги запали и изгаси  :D после проучив дека транзисторите и кондензаторите ја имаат главната функција па потоа правевме и други прости шеми. По некое време трепкач со NE555.... леле која радост беше да се прави шема во која има интегрално коло... еј... голема работа беше тоа.
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: Devil on 18.10.2011, Tuesday, 21:37:35
мој прв проект беше исправувач, незнам од каде налетав пребарувајќи по фиоки на една шема од едноставен полубранов исправувач, трафо диода и кондензатор, и плус некој отпорник имаше за ограничување на струја ова она, ама тогаш кој знаел што е тоа, тоа ми беше прв проект иако не го имав залемено туку со жици исповрзано, сепак се радував, сето тоа го заштрафив на една штичка и со жички го исповрзав, ова беше далечно 4-5 одд.

Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: LordZi on 18.10.2011, Tuesday, 22:53:22
Мојот прв направен уред беше (класика ::)) трепкач, ама не беше од комплет по ОТО, пошто тогаш немаше такви комплети, и што е најинтересно, не ми проработе и тогаш многу се фрустрирав поради тоа. Исто и неколкуте следни ситници што ги правев не ми проработеа, најверојатно пошто ги ставав истите ВС107 транзистори од тој првиот трепкач, што најверојатно беа уништени уште првиот пат. После дознав за ВАЦЕ, почнав да си купувам нови делови и почнаа да ми проработуваат уредите :), трепкачот дотогаш го докторирав ;D, којзнае колку ги имав направено, последните верзии беа супер минијатурни на плочка 1х1цм 8), после тоа полека-полека почнав да правам посложени работи, напојувања, разни испитувачи за делови, уште ја памтам радоста кога од прва ми проработеа дигиталниот мерач за електролити, за тоа време ми беше врвен дострел, со десетина интегралци, дисплеи, па после осум каналната контрола на релиња со PC, колку денови и ноќи утепав правејќи програми во QBasic... :o 8)
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: GigaWatt on 18.10.2011, Tuesday, 22:58:48
Мојот прв направен уред беше (класика ::)) трепкач, ама не беше од комплет по ОТО, пошто тогаш немаше такви комплети, и што е најинтересно, не ми проработе и тогаш многу се фрустрирав поради тоа.

Еиииииии... не да е нервоза... па немаш ни мерна опрема да дознаеш што му е, па оди до ОТП работилница или до лабораторија во средно носи го, па прашувај го професорот по пракса, па ова па она :S. Мада донекаде интересно беше за мене, секогаш по нешто ново дознавав, зошто не ми работел уредот од прва ;), или зошто бруел, зошто зезал ;).
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: Bojan on 19.10.2011, Wednesday, 01:11:42
хех...на сите трепкач ни бил „прва љубов“ и јас се имав зафркавано со кондензаторите за различно да трепка, кога го уклучив првпат и проработе абе радости беа тоа...фалеше само уште шампањско да отварам за тоа, кој и да го сретнев му се фалев со него :)
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: ivica.s on 19.10.2011, Wednesday, 12:57:49
Е првата работа која ја направив беше модел на улична светилка со фото отпорник, и јас самиот незнам кај успеав да најдам фотоотпорник во тоа време.  Па фали се на сите, па гаси светлото дома за да видат сите како работи...  Циркузи  :D
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: batka on 21.10.2011, Friday, 21:07:26
Една анегдота од поодамна : еден колега,сега професор на еден технички факултет,а во тоа време само добар математичар,доаѓа еден ден кај мене и ми вели -морам да направам *славејче* за на врата! Давај делови,да правиме плочка итн.Што е ова бре? Абе има една девојка ,па и реков дека ке и направам *славејче* за на врата! А појма немам од овие работи! И ,абре-дебре го направи со моја помош и сега му цртам шема како да го врзе на врата.Се убаво,ама девојкава ја нашла шемата кај него и малку се налутила.Ама се добро се заврши,се земаа на крај! Тој сега проектира и прави поголеми работи од *славејчето* ,ама кога ке се најдеме се зезаме: да не сакаш шема за славејче?? ;D ;DТоа му беше првата електронска конструкција! 8)
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: didy on 21.10.2011, Friday, 22:19:38
Првите радости: ТВ сметач, бустер ефект за гитара, и славејче се разбира, аме не по таа шема од Батка :) ; , поточно беше со излазно трафо од транзистор.
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: MarkoMK on 08.11.2011, Tuesday, 00:12:39
Првите „детски радости“ ми биле со конструкции, повеќе електрични него електронски.. На 6 год. ми купија -имаше од Бугарија комплет „Електро Пионер“ и таму имаше моторчиња, сјалички, зујалици, релеи, батерии, разни преклопки и кабли, и најголем успех ми беше направив една кола да се движи напред и назад со 2 микропрекинувачи со „мирни“ и „работни“ контакти, исто така направив реле да се уклучува и исклучува со тастери (да има само-држење)..
Потоа се сеќавам на 7-8 год. правев разни „електронски конструкции“ - од стари грамофони, радија и сл. ќе земев некоја плочка и ќе си ги залемев деловите како што ќе ми дојдеше според некоја моја логика (пр. овде сигналот треба да се кондензира, затоа ќе му ставам кондензатор ;D ;D ;D) и мислев дека ќе ми проработи нешто ама ништо.. :( (за малце ќе го прегорев телевизорот обидувајќи се да направам ТВ-игри од делови од грамофон и го приклучив на струја и во РФ влезот на ТВ ;D ;D ;D ;D)

А прва електронска конструкција која работеше ми беше исправувач со грецов спој,кондензатор и имаше еден транзистор за стабилизација - негде 4-5 одделение беше тоа...
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: GigaWatt on 08.11.2011, Tuesday, 00:35:57
(пр. овде сигналот треба да се кондензира, затоа ќе му ставам кондензатор ;D ;D ;D)

Хахахахахаахахахах ;D ;D ;D... истото го имам мислено... хахахаахахахахахаха ;D ;D ;D... ако има кондензатор, сигналот мора да стои тука некое време, па да се праќа натака, затоа е кондензаторот, за да го кондензира сигналот... хахахахахахаахаххаха ;D ;D ;D.
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: puknati on 08.11.2011, Tuesday, 01:01:36
Првиот уред што го направив беше стабилизиран исправувач од 0-30 волти, 1-3 ампери, се разбира според емитер, едно време изработував доста уредчиња, али во последно време слабо, 3-4 во годината :-[, некако повеќе сум склон кон енергетиката...
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: MarkoMK on 08.11.2011, Tuesday, 01:21:28
(пр. овде сигналот треба да се кондензира, затоа ќе му ставам кондензатор ;D ;D ;D)

Хахахахахаахахахах ;D ;D ;D... истото го имам мислено... хахахаахахахахахаха ;D ;D ;D... ако има кондензатор, сигналот мора да стои тука некое време, па да се праќа натака, затоа е кондензаторот, за да го кондензира сигналот... хахахахахахаахаххаха ;D ;D ;D.

 ;D ;D ;D ;D ;D ;D   ;D ;D хахаха
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: bicikle on 08.11.2011, Tuesday, 01:31:02
краток спој со шајки в штекер :) по отп на една комшика и ги прајв оние  накрај 5-то одд
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: aleksandar94 on 08.11.2011, Tuesday, 12:01:03
Првата моја конструкција беше електронски трепкач со 5 лед диоди и два транзистори.
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: Cobe on 03.01.2012, Tuesday, 23:53:14
Моја прва креација беше така наречено ѕвоно али не беше ѕвоно туку во една кутија стаен кулер од пц и да брчи со пластика ( како порано на точаците што стававме ) и два наизменични прекинувачи еден кај мене и еден кај сестра ми у соба , и кога ќе и притребам она стиска на прекинувачот и свети ЛЕД диодата а кај мене бучи кулерот со пластиката и ја го гасам кај мојот прекинувач и идам кај нејзе да видам шо ме бара хД  иначе се ова беше поврзано на батерија од 9 волти нз како лед диодата не прегорела
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: Bojan on 04.01.2012, Wednesday, 00:08:09
хахахаха закон направа...
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: GigaWatt on 04.01.2012, Wednesday, 00:57:09
Хахахахахахахаах ;D ;D ;D... стварно, доста практично, мојата прва не беше ни оддалеку толку практична ;D.
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: Cobe on 04.01.2012, Wednesday, 13:34:54
Тогаш се мислев дека плочкиве само во фабрики се произведуваат и кога го открив форумов ...
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: MarkoMK on 04.01.2012, Wednesday, 20:32:59
краток спој со шајки в штекер :) по отп на една комшика и ги прајв оние  накрај 5-то одд


 ;D ;D ;D ;D ;D ;D хахахах bicikle најак си, стварно :)
Title: Одг: Која е вашата прва електронска конструкција?
Post by: Bojan on 04.01.2012, Wednesday, 20:46:42
краток спој со шајки в штекер :) по отп на една комшика и ги прајв оние  накрај 5-то одд


„наплативте“ ли барем за сработеното??? :)