Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 03.04.2011, Sunday, 17:34:43
-
Бидејки имам малки време ( и некоја ЛЕД вишок!) седнав и го правам
ова *уредче*,а веројатно за 1 час ке биде готово и ке свети.Значи 24 ЛЕД во низа која ке биде споена под еден стар абажур од свила,како права ноќна ламба.Ја спремам за поклон за еден пријател
кај кого ке одам на едно мезе.Фала што прочитавте и еве ја шемата:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/LED_Night_Lamp.jpg)
-
Добра работа, пошто моментално имам превише слободно време може и јас ќе ја правам :), само ај ќе те замолам кога ќе биде готова да провериш колку ќе грее отпорникот и да пишеш пак овде ;).
-
Абе јас ке ставам 5 ватен и мислам дека нема да грее премногу.Со 3 вати ке имаш греење,ама ако го дигнеш 1 см од плочка нема да имаш проблем. Иначе диодите ги редам на две бакарни ленти и ке ги вртам во спирала,па во пластична прозирна кутија со налепена налепница (метализирана стаклеста самолеплива фолија ) со промер 8 см.Плочката е универзална со кондензаторот (1,6 КВ) и отпорникот
и е поставена врз кутијата(значи слободно ладење!)
Споено мислење: 03.04.2011, Sunday, 18:48:05
Проработе на маса ,макар што една -две диоди ми светат малку различно ( нијанса послабо) од другиве! Сега да го склопам во ламбата и тргам на гости!! ;D
-
Стави едно кадро :).
-
Абе мрзлив сум за фотографирање,а и отиде поклон.Ама пријателот ке го натерам да се слика со поклонот! ;D ;D ;D
-
Абе јас ке ставам 5 ватен и мислам дека нема да грее премногу.Со 3 вати ке имаш греење,ама ако го дигнеш 1 см од плочка нема да имаш проблем. Иначе диодите ги редам на две бакарни ленти и ке ги вртам во спирала,па во пластична прозирна кутија со налепена налепница (метализирана стаклеста самолеплива фолија ) со промер 8 см.Плочката е универзална со кондензаторот (1,6 КВ) и отпорникот
и е поставена врз кутијата(значи слободно ладење!)
Споено мислење: [time]03 Април 2011, 17:48:05[/time]
Проработе на маса ,макар што една -две диоди ми светат малку различно ( нијанса послабо) од другиве! Сега да го склопам во ламбата и тргам на гости!! ;D
Нема врска какви ќе бидат лед диодите??(не мислам на бојата, туку на работниот напон)?
И ако можи објаснување за то со кондензаторот (1,6 КВ)???
На сликата пиши вредност на кондензаторо од 0,22мф/1000В.(зато го поставувам прашањето)
-
Е добро де,батка може немал баш од 1КВ,па ставил од 1,6КВ,што те чуди?Колку поголем напон толку подобро ;D.Лед диодите скоро сите се исти,освен што се разликуваат во бојата,ширна,јачина,проѕирни,не проѕирни...Стави какви сакаш,боја,дали 5мм,10мм,проѕирни не проѕирни ;) ;D
-
Абе немав 1000В ставив блок од 1600В,а отпорникот е 5 ватен,за помалку да грее,
-
Абе немав 1000В ставив блок од 1600В,а отпорникот е 5 ватен,за помалку да грее,
Добро погодив ;D
-
Имам еден керамички кондензатор работи на 1КВ, а капацитет му е 4n7. Дали може тој да го ставам наместо тој од шемата?
-
Имам еден керамички кондензатор работи на 1КВ, а капацитет му е 4n7. Дали може тој да го ставам наместо тој од шемата?
Тебе ти треба кондензатор од 0,22 микро фаради значи 220 нано фаради, а не 4,7 нано.
Може и овој од 4,7 нано да го ставиш ама многу слабо ќе светат диодите, ако светат воопшто.
До batka:
Не треба ли во серија да има една 1N4007 диода? Јас колку што знам лед диодите имаат многу мал пробивен напон од само неколку волти кога се напојуваат со обратен поларитет, а вака без диода поларитетот се менува 50 пати во секунда со максимален напон од 325 волти. :-\
-
Mоже да се стави на краевите обратно поларизаирана диода,ама работи и без неа ;D
-
Еве ви неколку слики и од мојата ламба изработена и исправна. Само беше ден кога сликав, па затоа не е пуштена, ќе чекате да се стемни за нови слики :D
(http://pic.mk/images/sscn0854.jpg)
(http://pic.mk/images/sscn0853.jpg)
-
Ај со здравје да си ја користиш ;D.
-
Фала и ти да си изработиш :D
-
ај постави плочка(во ПДФ фајл).Да ја изработам и јас ;D
-
Ја немам во pdf, ако ја сакаш ја имам во PCBwizard. Дека јас сам ја цртав.
-
ај конвертирај ја во ПДФ(ако е можно) и прати ми ја.Дека немам ПЦБ волшебник :(
-
Оваа програмава е многу тапа, нема таква опција за конвертирање во pdf. Најди го PCBWizard на нет и ќе ти ја испратам шемата.
-
стефан-е симни pdf bullzip printer, како виртуелен принтер е, ама „принтаното“ е уствари пдф фајл...
-
Еве ви и pdf за да си ја направите
-
која е цената на бели лед диоди ?
Споено мислење: 10.07.2011, Sunday, 22:36:46
ставете видео да ја видиме лед ламбата на дело
-
која е цената на бели лед диоди ?
Во скопје,во гац 5мм е 10-15ден,10мм е околу 20ден ;D
-
На бит-пазар запалка со бела лед диода е 10 ден., 100 запалки би биле 1000ден., на оваа количина најверојатно ќе дадат и попуст, значи 700-800-900ден., зависи колку ќе се исценкаш, за тие пари ќе добиеш 100 бели лед диоди, 100 запалки и 300 батерии од тие малите округли ;) ;D 8).
-
Набрзо ќе има видео да се види како работи сијалицата.
-
Може со други бои на диодите ?
-
Може со какви сакаш, ама за осветлување препорачливо е со бели диоди.
-
А може со помалку диоди ?
-
Е сеа за тоа баш и не сум сигурен. А зашто сакаш да ја направиш со помалку диоди?
-
Не онака прашувам :)
-
А може со помалку диоди ?
треба да го смениш отпорникот и кондензаторот.Урахара во една тема има порака со равенка како да пресметаш за да го добиеш на излез тој отпор за да ги држи сите ЛЕД диоди.Побарај и пресметај.Или пак тој ако ја прочита темава да ти пресмета.
-
Еве ти, мислам дека беа овие формули:
R=(U-Uled)/Iled
Pdis=R*I^2
Pdis -мокност на отпорникот одбери 2 пати поголема од пресметаната
Uled-напон на диодата 3,4*48 =163,2
Iled -струја на диодата 20mA приближна вредност за белите диоди ако знаеш колку е за твоите пресметај со таа вредност
U- напон на напојување ~320V ако користиш грец и кондензатор за пеглање ако не 240
Pdis=R*I^2
-
може најмалку 2 лед диоди да ставис без да ги сменувас отпорникот и кондензаторот, а мозе да ставис и повеке, диодите пак ке светат...
А може со помалку диоди ?
-
А може да ставам блок од 0,33 ????
-
А може да ставам блок од 0,33 ????
Да, не би требало да има проблем ;).
-
Јас ја имам направено со ист број на диоди, ама многу слабо светат, една соба не ја осветлуваат, само малку колку да не се утепаш. Во што може да биде проблемот, да не треба да се намали отпорноста на отпорникот?
-
Зависи од типот на ЛЕД.Пред се тие треба да се бели ,со голема ефикасност,односно сјајност.Постоечките 6 сјајни лед од 5 мм би требало да даваат светлина приближно на 40 W сијалица. Ако сакаш многу повеке светлина направи ја онаа шема со 24 лед ,мислам дека ја има на Форумот.
-
Јас ја имам направено таа со 24 диоди, ама слабо светат, нема светлина за една соба да се осветли :)
-
Какви лед си користел?
-
Не знам какви беа, мислам дека беа од 20к до 25к mcd тоа што им е :)