Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 18.12.2010, Saturday, 16:55:44
-
Иде Нова Година и припремите започнуваат! :D Ако немате, еве предлог да си направите лајт шоу со малку делови .Основата се 3 универзални транзистори ,десетина пасивни елементи ,кои заедно прават едноставна електронска свртница за басови,средни и високи.Трите потенциометра даваат можност за регулација по канал.Напојување со 12 В ,а внимание ТИС 226 Д се директно врзани на 220В!!! Извор може да биде миксер ,пп, излез на звучник.Добро е ако го одвоите влезот галвански преку трафо или опто-елемент.! Уредот е направен деновиве и успешно работи во ОУ Васил Главинов.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/220v-lightshowfor-TIC226D.gif)
-
а само трите TIC226 се врзани на 220в и масата нивна другите транзисторите и масата се на 12в?
-
Да,ама најправилно е фазата да доаѓа на сијалицата,а нулата на маса на уредот.
-
а плусо од 12в оди на транзистори а масата заедно со нулата од 220в
-
па каде гледаш минус(масата) поврзи ја со минусот од напојувањето(12волти) и нулата од 220волти,додека плусот од 12волти напојување оди на транзисторите
-
ок фала ;D