Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: batka on 13.12.2010, Monday, 20:01:02

Title: Конструкции со NE555
Post by: batka on 13.12.2010, Monday, 20:01:02
Колото го знаете,знаете дека сум *вљубеник* во него ;) ,па решив да си отворам тема каде ке ставам или ке ми испраќате вачи конструкции со НЕ 555.Фала!За почеток една необична конструкција - детектор на метал и водови во ѕид.Ми притреба - ја направив. Калем- 60-80 намотки 0,2 мм лак бакарна жица на феритна антена промер 10 мм без некој ред.

Споено мислење: [time]13 Декември 2010, 20:04:06[/time]
Еве уште некои шеми.
Title: Одг: Конструкции со НЕ 555
Post by: GigaWatt on 13.12.2010, Monday, 20:47:32
Мене искрено игледа ќе ми треба овој метал детекторов, така да ќе го правам. Знам дека имаше и други шеми на форумов, ама оваа некако најпроста ми изгледа ;). Сакав да прашам нешто во врска со антената.

...феритна антена промер 10 мм без некој ред.

Каков е овој тип на феритна антена? Како тоа феритна, како јадро за калеми? И што значи тоа „промер 10mm без некој ред“, не ми е баш најјасно? Мислам дека со слика некоја најубаво ќе се разјасни ;). И каков звук треба да вади звучничето, повисока фреквенција значи близина на метал, било каков метал? На колкаво растојание „приметува“ метал и дали приметува бакарни водови преку бетонски ѕид?
Title: Одг: Конструкции со НЕ 555
Post by: batka on 13.12.2010, Monday, 21:03:21
обична феритна антена долга 10 см (од старо радио) и со дијаметар 1 см.На неа се мота без ред калемот.Осцилаторот не дава звук (може и мал пиезо) на звучник додека не се доближи до метал или до ѕид каде има водоводни цевки.Значи ,5-6 см во ѕид.а ако има струјни водови и повеке- докај 10 см! :D Во ѕид може преку ѕид не сум пробал! ;) Зависи колку е дебел ѕидот и колкав е металниот дел ( бојлер?!) :D :D :D

Споено мислење: 13.12.2010, Monday, 21:04:14
Еве уште неколку шеми!
Title: Одг: Конструкции со НЕ 555
Post by: GigaWatt on 13.12.2010, Monday, 21:07:32
Во ѕид може преку ѕид не сум пробал! ;) Зависи колку е дебел ѕидот и колкав е металниот дел ( бојлер?!) :D :D :D

Мислев во ѕид, не преку ѕид, дека планирав да поставувам сталажи на еден ѕид низ кој сигурно знам дека поминуваат водовите за трите фази, па сакав да знам каде поминуваат да не слуајно трефнам некој ;). Башка, не знам дали се поставени од внатрешната страна на ѕидот или надворешната, ама без разлика, ќе пипазам, да не биде после „куку леле“ ;D.
Title: Одг: Конструкции со НЕ 555
Post by: DX-er on 13.12.2010, Monday, 23:52:34
оооо ова е интересно и сакам да го пробам. Батка од овие шеми имаш некоја пробано оти ме интересира како се однесува склопот, како работи и сл. ?
Title: Одг: Конструкции со НЕ 555
Post by: batka on 14.12.2010, Tuesday, 17:02:28
Сите што ги поставувам се пробани! Овде имам Клуб на 555-ки во кој на уни плочка се работат сите конструкции.И во Туторијали имам поставено некои шеми со изглед на таа уни-плочка од Комплетите по ОТП за 8-мо одделение! :D

Споено мислење: [time]14 Декември 2010, 18:08:06[/time]
Иако овде не и е место еве една лесна шема за испитувач на напонски водови со 4017.Испробано!

Споено мислење: 14.12.2010, Tuesday, 17:26:16
Вака нешто! ;)