Author Topic: ФМ тјунер калибрација подесување и усогласување  (Read 7059 times)

Offline nikigo

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
ФМ тјунер калибрација подесување и усогласување
« Opened on 06.03.2020, Friday, 22:05:11 (Edited 06.03.2020, Friday, 22:22:29) »
Имам стерео ресивер (приемник) купен пред 39 години од татко ми. Имаше некои шуштења и проблеми па решив да го освежам, зачистам потенциометри и реле, да ги променам електролитските кондензатори и сл. Добив одличен звук и сум презадоволен од уредот до сега. Според сервисното упатство, а и според сознанија од форуми и сајтови за аудио опрема увидов дека му е потребна калибрација на фм тјунерот. За тоа се потребни алатки како осцилоскоп 100MHz со xy, квалитетен стерео фм генератор со MPX, мерач на дисторзија, добар волт метар, пластични hex и одвртувач, но и еднакво важна алатка, знаење и искуство во целата процедура, иако има упатство за истата. Дали некој има искуство и алат за ова или познава некој кој би ми помогнал? Секако за тоа би следувал и надомест :) Инаку тјунерот фаќа станици и изработив една дипол антена од RG6 кабел и се подобри сигналот во однос на 300омската која доаѓа со ресиверот, но сепак имам чувство дека не е извадено најдоброто од него.