Author Topic: Пoмош окоу звучници  (Read 818 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Пoмош окоу звучници
« Opened on 30.01.2011, Sunday, 13:12:34 (Edited 30.01.2011, Sunday, 13:14:48) »
Прво како што разбрав треба овде прашањата да се поставуваат, ако сум грешка, извинете ме.
Сега вака, имам дома звучник, арно ама магнетот не муе  намагнетизиран, го зедоф ефтино поради тоа. Од продфдавница ми рекоа демек не го фатил магнетот, па кој знае што и како навистина е. Е сега дали мојт да се напрајт нешто во врска со магнетот т.е. дали може(и како) да се магнетизира.  
Друга работа, има две кутии налик на столбови, ќе прата денојве слика сосе димензии, ми прегореа звучниците, од некоја си марка TSS кој беа бас/средно тонци. е сега те се по некој си 500 -700 денари, а лепак разредувач и жица е 300 денари, башка маката така да ги џиднав. исто важи и за високотонците. Е сега кутиите сакам да ги користам како средно-високи од накај 150 херци па нагоре. Би сакал доколку некој има идеа со какви звучници да ги заменам, да вадат горе-долу добри средни-високи, да се поосетливи, до крај 40-50 вати доволно е и да не заминуваат 2000 денари парче...  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #1 on 30.01.2011, Sunday, 13:17:55 »
Дај стави слики ,скици,податоци- па ке видиме! Иначе во аматерски услови не може магнет да се магнетизира. Само ,прв пат слушам да  не е магнетизиран магнетот уште од фабрика!?!?! :( Тука има некоја друга ујдурма. И молим те - кога ке напишеш нешто - врати се малку и среди си го текстот! ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #2 on 31.01.2011, Monday, 02:20:25 (Edited 08.05.2019, Wednesday, 01:46:16) »
Па така ми рекоја од продавница, па дали е до материјалот од кој е изработен звучникот или навистина не поминал на електро-магнет... гопод знае... сепак, намотката е здрава како и амортизерите и мембраната, па кога ќе прегори некој сличен звучник ќе се најдат  :)
Еве се кутиите, мислам дека разбирливо ги нацртав, мерењата се точни со ромаршување од 1-2мм дека мерев со мајсторско метро такво имам во моментов што мислам нема да е голем проблем. Внатре има некој си материјал за дампирање, но само во просторот под звучниците. Отворите може да се дообработат(порасшират) по потреба. малце ми дојде чудно што бројките излегоа толку "округли", но тоа е тоа. Задната даска е 2мм втерана на внатре. Преградите се хоризонтало поставени. Скретниците секако се за менување бидејќи пластиката на која се мотани воздушните калеми е стопена, а лакот на жицата е потемнет, да не ризикувам. Исто и кондензаторите се испукани, што значи и нив ќе ги фрлам. Ако нешто изпуштив, кажете и што, ќе пишам накнадно.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #3 on 31.01.2011, Monday, 14:52:39 »
Ова ми личи на правена кутија.Прво ,никогаш не се ставаат бас рефлекс отвори и на предна и на задна страна на кутијата!!! Ефект - никаков! Второ ако ставиш два баса(истоветни!) тогаш тоа е скапа и не баш функционална постапка( се докажа кај ХСР-ите!!).Јас би го отфрлил долниот дел и би ја направил со еден бас + високотонец, бидејки сепак волуменот е добар за еден бас! Долниот дел можеш да го преправиш со мал прорачун во сабвуфер,само треба да избереш малку поподвижен ( помек) бас со поголем ход! Има кинески со гума кои не ги бива за ништо,освен за вуфери!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #4 on 31.01.2011, Monday, 15:30:36 »
правени.. се е правено... Незнам како мислиш... инаку јас ги купив пред едно 7-8 години како фабрички т.е. готови од марката "no name" :), ама да не потпалувам огон со нив, реков да им заштрава по 2 среднотонци и по еден високотонец, мислам дека како што се качува фрекфенцијата треба помала кутија и по не е влијателна кутијата, па затоа планирам да ги користам за над 150 херци, односно преку активна и пасива сретница. Е сега да ставам некој посолидни среднотонци, па може да се доправат  дополнитени прегради, да дојде како компресиона, ако е подобро така или некоја комбинација како што пиша или да затна еден издув....

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #5 on 31.01.2011, Monday, 15:40:10 »
Имаш многу голем волумен за 8 инчни звучници.Двата отвора се истоветни,не гледам каде средни би ставил.Мислам дека сепак ( механички) треба да ги преработиш(преправиш),вака не знам каков звук ке даде особено што за овој волумен басот е премал!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #6 on 31.01.2011, Monday, 16:12:10 (Edited 08.05.2019, Wednesday, 01:48:05) »
значи ни угоре ни удолу....  ??? вака ми е замислата : за секој среднотонец да направма башка преграда, така да секој ќе си има засебна комора(компресиона), па остатокот од просторот ќе служи само како постоље. Така волуменот за ској звучник ќе дојде помал па би требало да функционира добро.
Незнам колку јасно напишав...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #7 on 01.02.2011, Tuesday, 02:11:05 »
Како тргна со преградиве - 3 во 1- кутија ке направиш! ;) :D ;D Не ти бива така! Ако сакаш тросистемска не треба за среднотонецот да ставиш посебнапреграда и да ја поделиш кутијата!! Стави среднотонец и позади него залепи со силикон  еден пластичен цреп за цвеке ,кој ке го исполниш со дампинг материјал!! Сум правел и така.Ама ова твоево со преградиве не ми влегува во глава.И пак два спротивни издува!?? Не добиваш ништо така.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #8 on 01.02.2011, Tuesday, 05:48:41 »
Издувиве ќе бидат изолирани... пред нив ќе има преграда. Ама поентава ми е да вади само средни и високи, да не вади бас воопшто, преку активна скретница ќе ги врза. Сега немат некоја остра граница до кја е бас, ама мисла над 150-200 херци преоѓа на средни-високи...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #9 on 01.02.2011, Tuesday, 15:14:33 »
Прво волуменот е огромен за тоа што го сакаш! Второ,средните не почнуваат  од 150-200 Хз,тоа е се уште бас подрачје и треба басот да оди бар до 500 -800 Хз ,затоа што до таму  е негово најефикасно подрачје.И зошто ти е толкава кутија ако само средни и високи ти е поентата да вади??? ::)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #10 on 01.02.2011, Tuesday, 16:07:23 »
да се најде кутијата, да не ја фрлам....  :D а со бас-среднотонци да се прајт нешто или подобро е наново ???


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #11 on 01.02.2011, Tuesday, 16:49:57 (Edited 01.02.2011, Tuesday, 23:59:50) »
Јас ти кажав како можеш да ја преправиш кутијата.Ме чуди медијапан 14 мм?! Да не си грешка?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Пoмош окоу звучници
« Reply #12 on 03.02.2011, Thursday, 11:06:46 »
не не толку е го птемерив. ете нека е 1.6см дека мерам со мајсторско метро ама повеќе не е. На секој агол имат летвичиња за укрутување, да не се распадни најверојатно.
Инаку имаше реклами за овие по емитерине поранењни ако ги имаш читано. околу 10.000 беа пар, ама среќа имаше некој попуст поефтино ги зедов, па не ми беше многу мака кога ми прегореа :)