Author Topic: дали знае некој каде се продаваат намотки за хорни Симсоник?  (Read 1093 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: дали знае некој каде се продаваат намо&#
« Reply #15 on 30.01.2011, Sunday, 13:33:29 (Edited 30.01.2011, Sunday, 17:03:52) »
Имам машинче и за тоа. Со две либели,ама сепак раката и окото се битни.Прво,веројатно не го погодуваш дијаметарот на шпулната,не работиш со соодветна дебелина на материјалот за шпулната и дебелина на жица.Второ- не ја моташ шпулната добро!! Побарај,имам пишувано во поодамнешни постови за тоа.Работи со оригинален НЕОСТИК и ке имаш време добро да го центрираш системот пред да се залепи. Има многу *цаки* ,тоа е цел занает.За тебе најпросто: разлепи го конусот и спајдерот од тело на звучник,само стави си репер кој треба да се поклопи кога повторно ке го лепиш звучникот.Ако ја вадиш шпулната разлепи ја калотата,и шпулната
намотај намотка и пак врати ја шпулната.Така е потешко ама нема да имаш многу проблеми за центрирањето. Притискаш само да не гребе.Понекогаш и јас морам да го дообработувам жлебот бидејки е многу *фес*,па со бормашина и шпулна направена од абразивна материја( гума) го дообработувам каналот до 0,3-0,5 мм.Не знам колку ме свати, ама велам тоа е занает.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
да да сватив, ќе пробам наредна прилика така, а и ќе побарам кај што си пишувал... Инаку ги мотам на рака со иста жица како таа што си била, ама сепак машина си е машина- може и да ми забега малце, али горе долу свират хехе, башка ко за мене арни си се, по секако не су некој си музичар со слуш истанчен така да не правам разлика... инаку на мерен инструмент да мериш карактеристики ехее хеее којзнае шо ке излези  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ако ја намоташ шпулната и на рака може добра да испадне. Проблемот е да * не гребе* на ѕидот.Има и друга финта,ако е малку поширок каналот премачкај ја со лак за мотори
и стави ја во рерна * да се запече*. Дефинитивно е подобра и од готовите! :D :D
Порано шпулни сум правел од пластика,картон,рентген филм, филм за слики правење ...Во последно време користам тенка хартија во 2-3 слоја со премачкување лепак слој по слој.Лепакот го купувам во Италија , се вика НЕОМАТИК ,течен во тегла,како мед,се нанесува со тенка широка четка и се стврднува за 15 минути * како коска*! Секоја шпулна ја лакирам со лак( многу тенок слој со распрскување) и немам проблем!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
за 5-6 звучки што ке премотам не ми се исплаќа да барам специјални лепаци, секако премотувам за мене за другари најчесто, па и неостик бркат работа  :)  Нели жицата ја моташ директно на калота, секако ако не е многу оштетена калотата ? Дека се мота добро и рачно - се мота. Имам еден комшија за 15 минути отвара премотува и затвара звучник :) и сето тоа рачно, намотките изгледаат како фабрички- ни настрана ни да има простор меѓу редови  :) Што би се рекло не е нормален хехе  ;D
Инаку каков е тој лак за мотори, го има по овие бои и лакови...? Јас имам приметено, а  користам лак за паткет, за 20 минути со шајка не се греби, станува доста цврст. Инаку имам пробано да правам калоти од хартија, слична на онаа од фискалните, во мали ролни, инаку и таа е за онакви машинчиња наменета, арно ама никако да погода таман- или теџна па а шмиргла или почирока па да ја прошира дупкана кај што влагат цела намотка, а тешко е и да се намести точно под 90 степени во однос на мембраната. Секако дека си треба искуство знаење и дарба, но ме интересирало па сакам колку-толку, ако ништо повеќе да научам барем основните работи- што како  :)
Фала за одговорите.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Се е во мерењето.Ке си најдеш шублер,направи си на дребунг ( од дрво или алуминиум) неколку големини на шпулни, а лакот барај го кај некој винклер за електромотори.Не верувам да најдеш во продавница. Со лак за паркет немој,од греење  дури може да го запече каналот.