Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: antonio@arsenal on 07.03.2010, Sunday, 22:07:03
-
Дома имам повеќе исправни трансформатори од телевизори радија и од што уште не не се сите со исти јачини е сега дали можам да направам некој засилувач кој што ке биди напојуван од повеќе трафоа некако да бидат споени нивните излезни струи со грецо со нешто друго со што било или пак да има повејќе појачала во едно и излезниот сигнал да се спои во еден за да се добија јако појачало
ова ве прашувам со цел да добијам излез на појачалото од 100 тина вати кажете ми дали е изводливо?
-
И мене ова ме интересираше, на пример ако имам два исти трансформатори 220 на 12 од 15 W дали ако излезите се спојат ќе се добие 30 W?
-
Може да се користат повеќе трансформатори но мора да бидат исти: ист тип, напон и моќ. Доколку се различни и се поврзат да работат заедно едниот секогаш ќе грее повеќе од другиот и има шанса да изгори бидејќи посилниот ќе турка поголема струја низ намотките на послабиот а тој и така повеќе работи од другиот и ќе го направи пепел. Значи може да се поврзат (паралелно или сериски) повеќе трансформатори но мора да бидат од ист тип, напон и моќ!!!
-
А што би била разликата ако се поврзат паралелно или сериски?
-
сериски поголем напон, паралелно поголема моќ
-
А може некој како би било тоа сериски? За паралелно, плусот од едниот и плусот од другиот излез заедно и минусот од едниот со минусот од другиот заедно? За сериски како би било?
-
прво нема плус минус наизменично е
а за сериски почеток на еден со крај на друг
-
Се изгубив целосно.. :-[ Мислев на фаза, нула...
-
Како и да е поскапо е две исти трафа отколку едно со дупло поголема снага.
-
А да направам повеќе засилувачи и од сите излезните јачини да ги спојам во една?ке можам?
-
Не е препорачливо од слични причини како при спојување на трансформаторите. Можеби може да се изведи ако се потполно исти засилувачите и користат посебно напојување но не се препорачува. Нема да се погоди импедансата (омажата) и едниот засилувач ќе му пушта струја низ другиот, ќе ја пореметува работата и веројатно изгорат (или оштетат) и двата.
Сосем друга работа е мостно поврзување на два идентични засилувачи (се добива трипати поголема моќ отколку само едниот) но за тоа треба секој од засилувачите да е „обичен“ а не мостен во дизајнот. Скоро сите засилувачи со интегрирани кола (најчесто од серијата TDA) се веќе составени внатрешно од два засилувачи поврзани мостно и неможе да се поврзат два такви да работат во мостна врска.
-
Сакам да кажам еден звучник да го појачуваат повеќе засилувачи.можам?
-
^^^ па што звучник ке е тоа бе??? ке си направиш еден засилувач и ке шибаш...а може и два исти засилувачи во brigde мод ке ги поврзеш и ке тераш....ама па чекај од поискусниве да ти каже некој...ама па се надевам дека ке го потврди ова што јас го пишувам...
-
Хахахах абе убо си кажа ама не си баш во тек со настаните кај ке најдам јас толкав трафо за едно јако појачало???
-
значи...твоите трансформатори+винклер+некој денар=неколку трансформатори кои можеш паралелно/сериски да ги врзеш за да ти ја дадат моќноста што сакаш....
-
A kade moze da se najde nekoja sema i info kolku debela zica za vlez a kolku za izlez za da mozam sam da namotam trafo?Da najdam E i I limovi ili torusno jadro i da namotam!
-
^^^^ here you go....
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=573.0
а за лимови....ако дознаеш нешто...кажи...молим те.. ;D
-
значи...твоите трансформатори+винклер+некој денар=неколку трансформатори кои можеш паралелно/сериски да ги врзеш за да ти ја дадат моќноста што сакаш....
паралелно не може додека сериски може да му се собере напонот од 2 те трафа
-
Незнам дали се разбравме (ама изгледа слабо):D Јас сакам во моментов излезите до повеке засилувачи да ги соединам во еден а влезниот сигнал кај сите да биде истиот значи пример од засилувач од TDA2003 (излез 10w) и од засилувач од TDA2005 (излез 20w) излезите да се соединат во еден (30w) и да одат на еден звучник . Дали е ова изводливо? (Овие интегралци беа само за пример)
-
Мислам не можиш така на еден звучник. Овие засилувачи се активни и не можеш еднаш засилен сигнал да го засилуваш повторно бидејќи не ти дозволува наредниот засилувач толкав влезен сигнал... Поправете ме ако грешам.
-
можеш да поврзеш,од TDA 2005 максимум можеш да извадиш 20W и тоа во мостна врска,јас колку што знам неможеш да поврзеш 2 различни засилувачи на еден звучник.и да се исти пак ке мора да се мостно поврзани за да работи добро.