Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: antonio@arsenal on 24.02.2010, Wednesday, 22:07:14
-
Луѓе имам alcatel 541 и многу ме разочара звукот од слушалките пошто секој ден патувам сакам да се занимавам со тоа што ке си слушам музика од мобилниот да преминеме на главното ... значи звукот кој излегува од слушалките е многу мал јас сакам да направам некој засилувач на звук којшто ке биде сместен на кабелот од слушалките а ке биде напојуван преку некое мало батеривче пример: 0.5 , 1,5 , 3 итн ако има некој некоја таква идеја како да се направи ова нека пиши.
Само незнам дали ке бидат доволно јаки слушалките да можат да ја крепат јачината којашто ке излегува од појачалото.
-
Имаше такво појачало на форумот што го направил Борче, многу е едноставно и е со TDA. Ако го најдам ке пишам линк.
-
ај те молам побарај
-
ги најдов тие посложените и посилни кои не смееш да ги пушташ до крај
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=23.0]http://elektronika-mk.net/index.php?topic=23.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=185.0]http://elektronika-mk.net/index.php?topic=185.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=165.0]http://elektronika-mk.net/index.php?topic=165.0
Барам, ако го најдам баш тој ке ти пратам линк........ и овие се добри и не се за фрлање
-
ok
-
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=185.0]http://elektronika-mk.net/index.php?topic=185.0
Ова ти е идеално, на 32 оми ќе даде 0.1W што за слушалките ќе биде таман да не ги изгори а доволно гласно да неможеш да издржиш :) И лесно се прави а LM386 има секаде. Ќе го работиш со 9V батерија, влезниот потенциометар ти е за гласност нормално.
-
Ако те мрзи да лемиш и купуваш делови овој засилувач може релативно добро да работи (со мала загуба на јачина) и без кондензаторите од 10uF/25V, без отпотниците два, без кондензаторот од 47nF, едино треба да стои кондензаторот од 100nF и кондензаторот од 220uF/25V
-
е тоа појачало ти е баш како што бараш
-
Ова ти е идеално, на 32 оми ќе даде 0.1W што за слушалките ќе биде таман да не ги изгори а доволно гласно да неможеш да издржиш :) И лесно се прави а LM386 има секаде. Ќе го работиш со 9V батерија, влезниот потенциометар ти е за гласност нормално.
И јас се слагам дека одлично појачало може да се изработи со ЛМ386...Чак што више може да се стави и некој посаглам операционен (некој ОПА) и да се добие многу во квалитет....но тоа доколку се изработува некој хи-фи засилувач за хи-фи слушалки...За мобилен ова е и повеке од одлично...
-
ааа која можи да биди најминијатурната батерија којашто ке го напојува ова појачалце (мислам во големина а не во јачина )пошто не би било добро да е склопот голем за да не го собира во чантата:D
-
Еве ти детален опис на тоа што сакаш да го изработиш...
Се е напишано само треба да се прочита ;D
http://www.jasonevart.com/amp/]http://www.jasonevart.com/amp/
-
кодирајте линкови
не зафркавајте
-
се искодирав :D
-
OHai SaleSk ;)
@Devil, Sorry за off, би можел да ми кажеш зошто треба да се „кодираат“ линковите ?
Колку што се сеќавам, имаше еден плагин за СМФ форумот, линковите постирани во постови, да ги означува со друга боја, зошто ја тупеме и не го инсталирате тој плагин само ?
-
за да не се рекламираат страни
а и некој ако измеша се во еден текст нема да може никој да се снајде, посредено изгледа
за плагинг от , моментлно нема да може да се стави
друго линкови од нашиот форум и од страни кај што има видеа не мора да се кодираат
има плагинг кој видеата ги отвора па ако се кодираат не ќе може да и гледате
-
Човекот праша за батерија минијатурна. Има батерии 12V се викаат (големина) А23 (некаде се водат и како 23А), не се многу скапи меѓутоа очекувај да ти трае релативно кратко :)
(http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:7W6PcInAZHeOqM:http://www.m-99.co.uk/Watch_Batteries/LRV08/lrv08.jpg)
-
Ги купив сите елементи само немам уште хидриген дома па треба да одам да купувам па сакам да ве прашам дали има некој друг начин да ја направам плочката со некој друг раствор ?
-
Има
ќе си купиш фери хлорид кој ќе те фати многу поскапо отколку киселина и хидроген, а друго е што нема да најдеш кај нас
хидроген 1 литро е прилично ефтин (150-200 денари) и е 36%, јас ваков користам и сега за сега супер е
-
Може да се користи и 12% хидроген, го има во секоја аптека (само гледај да е обичен, а не млечен), помешај 1 дел ваков хидроген со 2 - 2,5 дела солна киселина и за неколку минути имаш готова плочка.
-
Ако сепак не успееш да направиш плочка на овој начин може да го направиш засилувачот и на универзална плочка со дупки.
-
Не бе ке си купам хидроген.
-
Плочката ја направив и сега незнам која жица е од слушалките која од микрофонот има една жица која не е обложена и мислам дека тоа е маса и има уште три други една црвена една сина и една зелена е сега која да ја врзам незнам како влезен и излезен сигнал помагајте
-
Голата жица е маса да, а која е сигналот... Поврзи звучниче помеѓу таа и некоја друга додека мобилниот ти свири „до даска“ и на која жица ќе свири таа е таа. Рачунај дека некои мобилни се стерео така да ке свири на две жици: лев и десен канал, ти го користиш кој сакаш.
-
УУУ брате да знајш шо мапрајв сега нејки да ги покажи слушалките мобилниот ги врзав пак жиците пак како што беа и ете изгледа заебав нешто :S:S:S
-
Некои мобилни мора да „осетат“ отпор од 32 (33) оми за да покажат дека има слушалки закачени. Ако имаш моторола или самсунг тие се тие :) Ако евентуално не сака ни така, мора да ги вратиш слушалките во првобитната положба и да „извадиш“ сигнал директно од слушалката и таа ќе свири ама нема врска.
-
;D
Е па понекогаш и тоа се случува...Електрониката бара жртви...Мене кога ке направеф некоја глупост, мајсторите ми викаа дека ке си платам школарина...И дека нормално така се учи ако не прашаш и ако не си сигурен за она што треба да го направиш...
Обично при вакви зафати, односно кога се сечат некој конектори и слично треба да се сечат во твојот случај што е можно поблиску до звучничињата на слушалчињата со цел да знаеш барем две од жиците, а третата која ке остане ти е микрофонот нели ;)
-
Абе брату јас сум зафркнат, одма мааалце ги засеков каблињата од слушалките кои се после микрофонот и видов дека црвената и зелената се тие кои што даваат сигнал до увото помагајте нејки да работи а и да ви кажам ги заплеткав некако жиците пред малку и ги покажа слушалките како вклучени ама за кратко оти јас само ги доприв ама незнам што со што иначе имам Alcatel 145(Фушарија)
-
Добро види вака сега од црвената и зелената ке земеш за засилувачот сигнал и не пресекувај ништо туку само одголи ги и поврзи (земи) од нив, тие најверојатно се изолирани со лак треба да го изгориш со запалка лакот за да можеш да поврзеш жици од нив. И ова што викаш ги покажа слушалките еднаш а сега пак не најверојатно ќе треба да земеш нови слушалки :)
-
Ги изгорив жичките со запалка и сега да земам од двете (црвената и зелената) или пак само од една од нив?
-
Од двете. Значи едната (на пример зелената) ти оди на минус на засилувачот (маса) а другата (црвената) ти оди на влез на засилувачот.
-
Ама онаа неизолираната не е минус ?
-
Колку жици има во кабелчето ако се четири една е за микрофон две се за звучничињата и една е маса
-
А да не си играме расипан телефон да ја сликаше на една или две слики целата зафрканција :)
-
Абе јас го сликав само кабелот од мобилниот не можам да го најдам којзнај кај ми е зафрлен како што кажавте во постот погоре има четири жици едната не е изолирана друга е црвена па зелена па сина црвената и зелената се сигнал на слишалките дефинитивно пошто ги засеков малце каблињата е сега е проблемот што не ми ги чита слушалките мобилниот а јас ги вратив жиците како што беа кога го секов кабелот црвена со црвена, сина со сина, итн. и не сака да ги чита слушалите
-
вака ништо не може да те разбереме ваков кабел онаква жица, џабе. Сликни го комплет и закачи слика па ке видиме кое што е.
-
Абе не можам да ги префрлам сликите од моб на компјутер оти неамм USB кабел (имам ама незнам кај ми е)
-
Од двете. Значи едната (на пример зелената) ти оди на минус на засилувачот (маса) а другата (црвената) ти оди на влез на засилувачот.
Не...Ова е погрешно бидејќи Боро не те разбрал...
Значи вака...Таа неизолираната е маса...Црвената ти е + од едниот звучник, а зелената ти е + од другиот звучник...Плавата ти е микрофон и таа не ти треба...
Врската ке ти биде: + (црвена) и неизолираната - за едниот влез, а за другиот влез на појачалото + (зелената) и неизолираната -....таа неизолираната ти е заеднички минус или маса како што ти ја викаш.
Плавата што ти е за микрофон заборавија...
И ако повторно не ти ги покажува слушалките на телефонот, постои варијанта да си направил некој спој претходно со жиците и да се го расипал телефонот...Но пред да се донесе таков заклучок направи го ова горе напишаното, и спојувањето ке го направиш на исклучен конектор од телефонот...Потоа исклучи го телефонот, извади ја батеријата, врати ја батеријата, вклучи го телефонот и пробај да го вклучиш конекторот за слушалки...Па ке видиш дали ке или нема да работи.
Доколку повторно не работи, ке мораш да провериш со исправни слушалки дали ке се појави на дисплејот ознаката за нив...Во спротивно нешто си заебал :)))
Поздрав
-
Направив се според упатствата и ништонесака да ги појави а слушалките(звучничињата) се во ред ги ставив на + и - на бананката од компјутерот и свират само мора да е насредното до бананата и плавата жица инаку не свири (бананата има три дела) кажвајте чаре