Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: DRAMAN on 27.01.2010, Wednesday, 00:05:11

Title: Проблем со Vivax HT-500
Post by: DRAMAN on 27.01.2010, Wednesday, 00:05:11
Значи вака, го купив комплетот звучници каде што само сабвуферот е активен- има свое појачало и контроли. Имам A/V ресивер Pioneer VSX-417 кој има излези за сите звучници освен за сабвуферот- за него има еден излез преку предзасилувач ( само еден пин). Имам DVD (кинез) кое е поврзано со ресиверот со оптички кабел. Телевизорот е Sony Wega кој со скарт е поврзан со ресиверот.
Сега проблемот- кога сабвуферот е вклучен на оваа конфигурација се слуша звук сличен на брум. кога ке ги ислучам каблите од телевизорот тогаш се е ОК. Или пак кога ќе го исклучам сабвуферот а телевизорот е вклучен на ресиверот повторно е ОК.
Претпоставувам дека е нешто околу масата ама баш на ми е јасно.
(инаку сабвуферот има два пина за влез L и R и два high input влезови- а и на нив се однесува исто)
Извинете за опширноста и молам помагајте.
Title: Одг: Проблем со Vivax HT-500
Post by: SaleSk on 27.01.2010, Wednesday, 00:25:29
Се е убаво објаснето, ништо не е преопширно...Уште едно прашање: Дали сите овие уреди ти се поврзани на еден продолжен кабел? Односно на ист штекер? Ако не ти се, пробај поврзи ги. Исто така битно е какви ти се конекциите помеќу елементите? Мислам на скартот и пинот колку се квалитетни...

Друго прашање...Кога слушаш музика дали се јавува истиот брум (радио)? Или само кога слушаш преку ДВД-то, односно ТВ?
Title: Одг: Проблем со Vivax HT-500
Post by: BorceBT on 27.01.2010, Wednesday, 01:40:32
Добро ти советува Сале, пробај сите да се на ист штеќер (продолжен кабел) и пробај врти ги утикачите обратно на телевизорот да видиш дали тоа менува. Ако не успева ама баш ништо тогаш пробај поврзи една жица директно од масата (металот) на пиновите на сабвуферот до масата (металот) на влезот за антена на телевизорот и види дали се намалува или го снемува брумот така.
Title: Проблем со Vivax HT-500
Post by: DRAMAN on 27.01.2010, Wednesday, 16:37:12
Секоја чест на сугестиите- успеав да го лоцирам но не и да го отстранам проблемот. Значи до кабелската ТВ е дефинитивно зошто со конфигурацијата која е наведена погоре, кога ке ја исклучам кабелската од ТВ престанува брумот. Инаку брум има на се без разлика кој извор го слушам- дури има и кога сабвуферот е исклучен од струја а само пинот за влез е вклучен во ресиверот. Пробав да ја поврзам масата од антената со масата од пинот за сигнал но ништо не се случува. Уредите се поврзани на иста фаза и нула од инсталацијата, е сега сигналните кабли ги правев сам меѓутоа се со квалитетен кабел и конектори- 100% сум сигурен во нив.
Title: Одг: Проблем со Vivax HT-500
Post by: SaleSk on 27.01.2010, Wednesday, 19:46:31
Следен чекор...Пробај поврзи го кабелот од кабловска преку сплитер...можно е брумот да е од прејак сигнал, односно доаѓа до премодулација, па со сплитерот би требало да се намали малку, или пак евентуално ако имаш некој филтер со кој би можел малку да го намалиш сигналот....мора да се експериментира за жал.
Title: Одг: Проблем со Vivax HT-500
Post by: BorceBT on 28.01.2010, Thursday, 02:25:57
Ако ништо друго не успее како последна работа што може да ја пробаш е да ја поврзеш масата на антената со заземјувањето од продолжниот кабел и пази.

Друга работа: Во продавница за музички инструменти (Артист на пример) има уред (мислам дека беше околу 1000+ ден. ама не сум сигурен) кој е наменет за поврзување на уреди кои создаваат брум, баш како твојот проблем, значи само телевизорот да оди преку тој уред за да го нема брумот. Точни карактеристики и конектори на уредот не видов пошто не ми требаше :)
Title: Одг: Проблем со Vivax HT-500
Post by: DRAMAN on 01.02.2010, Monday, 21:38:50
Конечно проблемот е решен!!! Го употребив вториот филтер со кондензатори и функционира беспрекорно.
Благодарам на сите за помошта и сугестиите.


Code: [Select]
http://www.epanorama.net/circuits/antenna_isolator.html