Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: Tarabuka on 08.11.2009, Sunday, 14:37:52
-
имам едно старо појачало, и имам проблем со потенциометрите, кога попуштам глас грчи, или па некоач се случа само на едниот звучник, па трба да го мрдам потенциометарот за да добијам рамномерен звук на двата звучника, дали е ова од тоа што има прашина на потенциометрите (иначе потенциометриве се лизгачки) или нешто друго?

Или се полни со прашина или е остетен графитот пробај да ги испрскаш со контакт спреј или WD одвијац за штрафови ако не престане да шушка тогаш се за менување.
-
ја пробував да ги исчистам со ракија, и се беше добро, ама после 5-6 месеца пак исто е, и ми кажаа да пробам со некаков спреј за чистење, ама нзнам каков е и кај можам да го набавам
-
Има PRF контакт спрејови има сув и мрсен спреј тие со поскапи а можеш и со WD40 одвијач за штрафови тој е поевтин ама не е толку добар како PRF спрејот
-
а дали ова можам даго најдам во продавница за аудио опрема или не, пошто кај мене во Тетово, продавница за електорнска опрема и елементи нема
-
WD40 можеш да најдеш во продавница за авто делови а PRF спрејот го има во продавници за електронски компоненти го немам сретнато во продавница за аудио опрема
-
мој предлог е да ги замениш со нови, не оти овие ако ги исчистиш нема да бркаат работа,
ако ги замениш нема на брзо да мора да ги чистиш :)
PRF спреј види дали има кај некој сервисер побарај му
-
WD40 можеш да најдеш во продавница за авто делови а PRF спрејот го има во продавници за електронски компоненти го немам сретнато во продавница за аудио опрема
а да не знаете по која цена се движат
-
WD40 можеш да најдеш во продавница за авто делови а PRF спрејот го има во продавници за електронски компоненти го немам сретнато во продавница за аудио опрема
а да не знаете по која цена се движат
Околу 100 до 150ден
-
isprskaj gi potenciometrite so kontakt sprej i ke nema gajle:)
-
мој предлог е да ги замениш со нови, не оти овие ако ги исчистиш нема да бркаат работа,
ако ги замениш нема на брзо да мора да ги чистиш :)
PRF спреј види дали има кај некој сервисер побарај му
поефтино ке го фати да си ги смени потенциометрите одколку спрејот а и поефикасно ке му биде а можно е и да се оштетени па пак ништо да не направи
-
nie gi cistevme so benzin
-
Сакам да упатам неколку совети за и околу проблем од ваков тип...Имено спрејот WD40 е само поголем штетник одколку што помага...Како прво не е наменет за подмачкување на осетливи електронски компоненти како што во случајов претставува потенциометарот на кој има нанесено слој од графит. Тој спреј или популарно наречен одвијач има своја намена а таа е да ги нагризе сите оксидирани делови, односно зарѓани популарно кажано и да се овозможи одштрафување на штрафот...Е сега само претпоставете што таа хемикалија прави на рѓата...и што евентуално би направила на потенциометарот...
За да проблемот биде решен, најдобро е да се замени потенциометарот со нов. Но доколку се нема таков, секој оној кој е вичен моѓе да заврши работа со чистење на графитниот слој на следниов начин: Најпрво се отвара потенциометарот многу внимателно. Потоа со помош на 70% алкохол внимателно се чисти графитниот слој, а потоа и контактот...Потенциометарот се затвара и е спремен за употреба...
Порано користев разни спрееви, но сватив дека тие само во првиот момент помагаат, а понатаму повеќе одмагаат...Заради тоа што се масни, придонесуваат поголеми прљавштини да се залепат односно да навлезат во потенциометарот...Единствено ги користам кога треба да подмачкам нешто, или пак користам сув контакт спреј.
Многу често помага кај потенциометрите за глас развртување на суво и на исклучено...така најлесно може да се продолжи животниот век без никакво отварање и чепкање на потенциометарот ;)
-
Најдобро со нитро разрегивач,тоа брзо испарува а е и ефикасно. ;) :)
-
Поради овој проблем почнав со проектот во засилувачи (5.1 со TDA2030) кој го правам со предзасилувач и засилувач и линиски излез во едно и ставам дигитална контрола на гласот со PGA2310 и OPA2134/OPA2132, исто така ќе си ставам и Optical Rotary Encoder место потенциометар за мастер гласот.
-
WD40 не е добро, го нагризува графитот, подобро ти е со контакт спреј... кошта повеќе, но се исплати. Јас користам контакт спреј за потенциометрите на гитарата
-
Поради овој проблем почнав со проектот во засилувачи (5.1 со TDA2030) кој го правам со предзасилувач и засилувач и линиски излез во едно и ставам дигитална контрола на гласот со PGA2310 и OPA2134/OPA2132, исто така ќе си ставам и Optical Rotary Encoder место потенциометар за мастер гласот.
Ова со екнодерот ти е многу добро решение...Но и тоа често знае да се запрља...И многу често знае да прави проблем..дали евентуално користиш како идеја тркалце од маус? ;D таму имаш готов уред за ич пари и можеш многу брзо да го имплементираш ;D

би можел ли да отвориш тема и да кажиш како мислис со маус да го изведеш ова ?
-
Ке отворам маус и ке го сликам делот на кој мислам...Нема проблем.