Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: kokta on 18.04.2010, Sunday, 22:05:20
-
По долго неуспешно барање на електрична шема за Matrix Dot Led VU Metar,би ги замолил членовите на форумов да ми помогнат ако можат да ми дадат таква шема доколку имаат или најдат!
Еве како изгледа и како работи
PC Gaming Case Mod VU Meter LED Spectrum Analyzer (http://www.youtube.com/watch?v=1pg9fMiVeW0#)
Фала однапред!
-
Пишувај кирилица
да не почнуваме од почеток :D
( некои знаат на што мислам некои не )
-
kokta дали сакаш да преведам постот од латиница во кирилица?
-
Мислев дека знаете латиница али ок!
-
kokta види го мојот потпис а после види го потписот на Devil. Мислам дека потписите ни се во ред.
-
Вакви видеа имам погледнато многу и јас го барам истото, но досега не сум нашол нешто валидно за изградба.
Јас имав намера да ставам матрица од 32x16 со голем избор на фрекфренции од опсег 20Hz-20kHz и место да се користи аналогна електроника да се искористи микроконтролер со директна сериска или USB комуникација со компјутерот за да може колото да биде независно од промената на гласот, со што се добива чиста репрезентација на песната која е пуштена од компјутер.
Ова е сеуште во идејна фаза немам никаков план. Понатаму сигурно ќе има, ако во меѓувреме не се најде некој да постави нешто слично.
-
Да пишуваш македонски со латиница букви е исто како да пишуваш со гомна по ѕид,
се чита ама не е убаво!
Девил дали ти текнува дека во 3 одделение учевме латиница и дека пишувавме на македонски јазик со латинични букви!Незнам што е проблемот?
А и ова не ти чини (како да пишуваш со гомна по ѕид)!
-
извини ама не сакам да се карам бидејќи пред цели 10 минути еден член јаде казна на истото
едит си сменав потпис сега е подобро ;D
-
Не се карам а немам ни намера,само ти кажувам!
И смени си го потписот зошто тоа е навреда за македонскиот јазик,македонскиот јазик со било кое писмо да се пишува ке биде и ке остане македонски јазик а не (македонски да се пишува со латиница е како со гомна по ѕид)!
edit ne e dobro!
-
Ете сменав да не ви смета ама ај
друго за проектов тебе ти треба малку познавање од микроконтролери
пошто малку тешко е за да се изведе поинаку :D
мислам дека по интернет имаше нешто со AVR, ако знаеш со ним да работиш може да си направиш нешто
инаку има еден проект на борче за аудио осцилоскоп, е сега нема да е тоа ти што бараш ама може па да те доведе на некој идеа
барај по форумов ќе го најдеш
-
Завршив средно електротехничар,а сеа студирам на електро и микроконтролерите и нивно програмирање го владеам.Само шема ми треба!
-
Аудио спектрален анализатор со PIC со LED матрица ќе има за некој месец јас дизајнирам таква работа и нема на интернет никаде, не барајте :) Има еден со AVR но ниту имам AVR ниту би учел наново AVR асемблер :)
-
Ако најде некој шема за со Arduino да се изведи нека пастира. Многу интересна работа е...