Сигурно сте сменале еден куп лемила затоа што прегорувале и прегорувале. Што е проблемот? Кинезите сакаат да ви прегоруваат лемилата за само да купувати и купувате. Освен ако не сте купиле многу квалитетно лемило и лемилата од средна класа знаат да прегорат после година или две работа. Веројатноста дека ќе направите „вечно“ лемило е многу мала но со следнава модификација ќе направите вашето лемило (кинеско или од средна класа како Solomon на пример) да трае барем 5 пати подолго отколку што би работело без оваа модификација.
Значи многу е едноставно: ја прекинувате едната жица од кабелот за напојување и вметнувате (значи сериски) диода 1N5408 за низ неа да тече струјата што влегува во лемилото. Вака:
Со оваа модификација се намалува моќта на лемилото за околу 30% но доколку на пример сте купиле посилно лемило (40-60W) ќе имате лемило од 30-40W кое ќе биде 5 пати потрајно од оригиналот. Дефинитивно се исплати.
Важно: Не ја применувајте оваа модификација на сервисните „пиштол“ лемила!!!