Ајде пофалете се дали користите нешто вакво при работа
не мислам на оние наочари за секојдневна употреба (доколку носи некој) него баш за оние кој се користат во електрониката.
Јас имам некоја глупа лупа од онаа помошната рака што иде, имам наочари на кој има по две леќи по око кој се на лизгач и по потреба се движат напред назад за оптимално гледање, исто имам и дигитален рачен микроскоп со 3,5" дисплеј (мислам дека толку беше) ваков како на сликата
ајде кажете што имате вие, дали користите некои вакви помагала
не мора да се само лупи наочари или микроскопи