Македонски форум за електроника
Останато => Алат => Topic started by: stru4nak on 21.12.2012, Friday, 00:04:55
-
Дали знаете некаде каде има ваков држач за дупчалка мал за ППК плочки единствено во конрад имам видено али се премногу "ефтини". Иначе имам Raider мини дупчалка како на сликата за него ми треба држач.
http://www.conrad.mk/artikel.php?ks=824019
(http://www.raider.bg/data/product/663/2_big.jpg)
(http://i.ebayimg.com/t/DREMEL-212-MOTO-TOOL-WORKSTATION-DRILL-PRESS-STAND-/00/s/MTYwMFgxMDYy/$T2eC16dHJF0E9nmFS0%28hBQzrPNohqw~~60_57.JPG)
-
Имаш оригинал Dremel во Меркур, ама и таму не беа баш џабе :S. Не знам точно колоку беа, ама далеку од евтини беа :S.
-
Во Конрад ја претерале малку 8.000 денари дупчалката ми е земена 2000 денари :)
-
Во еуротулс имам видено, околу 2000.ден беа
-
Во еуротоолс како што видов не беа само држач, заедно со бормашина 4500~5000 денари ако не се лажам.
-
Во еуротоолс кога гледав имаше 3 цени една за држачот една за бормашината и една за комплет.
Така ми кажа продавачот
-
Во Конрад ја претерале малку 8.000 денари дупчалката ми е земена 2000 денари :)
Знам, ама каде и да имам видено, секогаш столбните држачи се поскапи од самите гравирки (дупчалки). Еве, јас мојата Dremel 300 ја земав 5000 денари, а столбниот држач... како што реков, не ми текнува која цена беше, ама сигурно повеќе од дупло чинеше :S.
-
Како ти се погоди Дремелот ГигаВат?
Сакав и јас да земам, ама па завршив работа со друга, нормална...И пак некако ми се врти малата дремел...Многу е практична за ситни работи...
Кои карактеристики ги има?
Поздрав
-
Во еуротоолс кога гледав имаше 3 цени една за држачот една за бормашината и една за комплет.
Така ми кажа продавачот
Појдов во Прилеп во Euro Tools ништо ни комплет ни држач ни ништо :)
-
Како ти се погоди Дремелот ГигаВат?
Сакав и јас да земам, ама па завршив работа со друга, нормална...И пак некако ми се врти малата дремел...Многу е практична за ситни работи...
Кои карактеристики ги има?
Поздрав
Искрен да бидам, очекував повеќе :S. Деловите се квалитетни, но читав на интернет (а и самиот се уверив) дека ни Dremel не се тоа што биле :S. Не се како останатите гравирки, подобри се, ама и на нив им е паднат квалитетот :S.
Најголем проблем беше нецентрираноста на дел од додатоците и на футерчињата. Прво мислев дека е ова нормално, ама читајќи на интернет, излезе дека цела 300 серија го имале тој проблем :S. Е сега, као демек, 4000 серијата го немале тој проблем, помоќни биле и постабилни. Е сега, дали е тоа последица на поголемиот и помоќен мотор, не знам, но верувам дека е. Поголем мотор обично значи помал број на вртежи, а со тоа се постигнува поголема стабилност. Максималниот број на вртежи на Dremel 300-ката јас што ја имам е 30.000 вртежи, што не е баш малку, така да, кога е поставена на максимум вртежи и ако има поставено некој додаток на врвот, дури и да е тоа само футерче, знае да бруи (осцилира) :S.
Да бидам искрен, самата машина, без додатоците, на пример, без футерчиња и бургиичка или нешто слично поставено на неа, одлично работи, не осцилира, не бруи. Мислам дека проблемот е пред се во центрираноста на додатоците, мислам дека не се обрнува доволно внимание на тоа веќе :S. А 4000-ката можеби подобро работи бидејќи е помоќна, па подобро се „избалансирува“ оваа неисцентрираност со вкупната тежина на моторот (моторот е потежок, па не дозволува баш така лесно да го „замае“ некоја неисцентрираност на додатоците, а моторот кај 300-ката е помал, па кај него е поизразено тоа :S).
Пак, искрен да бидам, и покрај сите маани кои и ги имам најдено, сепак, не би ја менувал за ништо ;D. Освен тоа, дел од тие неисцентрираности се средуваат по неколку вадења и ставања на деловите и футерчињата (ќе погодиш некоја точка во која некако се е избалансирано ;D), така да, не ми пречи ;).
Околу спецификациите. Моќноста на моторот е 125W и работи на 230V наизменичен напон (нема трансформатор), прилично моќен е, но сепак, може да се случи да заглави некаде при работа, особено ако го користиш како мене, за се и сешто ;D. По правило, не треба гравирката да се користи за дел од работите за кои јас ја користам, ама сега за сега се има покажано супер, така да, уште ќе си ја гњавам ;D. Е сега, ако заглави некаде, гледај веднаш да ја извадиш од таа позиција бидејќи можно е да изгори моторот :S. Не е честа оваа ситуација, ама ми се има случено еднаш или два пати ;D. Регулацијата на бројот на вртежи почнува со 10.000, а завршува со 30.000. Регулацијата не е линеарна (со потенциометар), туку е со прекинувач (преклопник), што е една од работите кои сакам да ги искорегирам кај оваа гравирка, сакам да и ставам линеарна регулација, но да почнува од 1000 или 2000 вртежи, па нагоре, бидејќи некогаш ми треба да има многу помал број на вртежи, а минимумот е 10.000 :S. Но, тоа подоцна, чекам да и помине гаранцијата ;D.
-
Мислам но не сум сигурен дека држач имам видено во БТ електроника и беше околу 700денари
-
@GigaWat
Ти благодарам за исцрпниот одговор...навистина одлични информации..
Посебно оној дел за дебалансот...и јас сум сигурен дека не се добро избалансирани додатоците, па се јавува тоа бацање :)
Понекогаш пречи, да, но како што рече може да се живее...
И уште една работа со која можам да се сложам со тебе е начинот на регулација..
Стварно би било многу подобро регулацијата да е со потенциометар...
-
Посебно оној дел за дебалансот...и јас сум сигурен дека не се добро избалансирани додатоците, па се јавува тоа бацање :)
Понекогаш пречи, да, но како што рече може да се живее...
Да, баш вчера фатив да го испитувам Dremel-от, без додатоци, супер си работи. На крајот излезе дека малата небалансираност е поради додатоците ;). А може и само тој додаток кој јас го користам (оној големиот футер која фаќа се од 0.5 до 4mm) да ми се погодил некој малку „бош“ ;D. Кој знае. Имам еден од оние малечкине футери, ама па чаурчиња немам за мали бургиички (и тоа треба да си купам) и немам тестирано дали со него така осцилира. Треба и тоа да истестирам ;).
Како и да е, како што рече, може да се живее и со тоа ;). На крајот на краиштата, може да си нарачаш кај некого да ти направи футерче кое ќе биде рачно балансирано, па нема така да осцилира ;).
И уште една работа со која можам да се сложам со тебе е начинот на регулација..
Стварно би било многу подобро регулацијата да е со потенциометар...
Нели? Мене не ми е јасно како ова не им текнало на дечките во Dremel ;D. Можеби не сакаат да стават потенциометар поради ризикот за влегување на прашина во него, ама и ова лесно се решава, има потенциметри кои се скоро целосно оклопени ;). Не би ми пречело да дадам уште некое евро плус, но би сакал да имам линеарна регулација со потенциметар. И по можност, да почнува од 2000 или 3000 вртежи па нагоре, а не 10.000 :S.
Работам и на ова, ако има нешто, ќе пишам ;).
ПС: Се извинувам до stru4nak што му ја украдовме малку темата ;).
-
Конечно најдов држач од EuroTools 1200денари (http://imageshack.us/a/img32/5676/dsc01554m.jpg)
Одговара на бормашината.
(http://imageshack.us/a/img716/7064/dsc01555gy.jpg)
Ама има една мана не ми одговара на бушилицата (http://imageshack.us/a/img89/8831/dsc01556dph.jpg)
Ако има идеа како да го изведам ова нека пиши јас мислам со стеги како на сликава или ќе го користам продолжетокот за бушилицата тој е со помал дијаметар.
(http://i.ebayimg.com/t/2-x-Aluminium-Rubber-Lined-Cushioned-P-Clamp-ID-50-8mm-2-AN-32-billet-filter-/00/s/NTMzWDgwMA==/$T2eC16F,!zUE9s38-N%29gBQSHk,,ssw~~60_3.JPG)
-
не одговара затоа што тоа постоље е за бормашина не за дремел
-
Е па знам де затоа на местото од постојљето ќе ставам стега па ако има некоја друга варианта кажете.
-
не одговара затоа што тоа постоље е за бормашина не за дремел
Во право е, не знам колкава прецизност ќе добиеш дури и да поставиш стеги, можно е да не е убаво исцентриран. Затоа најдобро е оргинал да се купи... или ако не повеќе, барем нешто адекватно. Еве, прати како се монтира Dremel (не знам кој модел е) на Workstation 220. Некаде околу 3:40 почнува со монтажата на Dremel-от на Workstation 220.
Dremel 220 Workstation (http://www.youtube.com/watch?v=JyoHfz9pu3Q#)
Значи, се затегнува Dremel-от со помош на мутер на дното од Workstation-от. Тоа е најдобар начин, со што е обезбедена исцентрираноста на гравирката.
Можно е да има адаптери за Dremel или за некои други гравирки кои имаат ист shaft како и Dremel, за да можеш да врзеш гравирка за држач за дупчалка. Мислам на нешто вакво.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/dr20-41744-zoom.jpg)
Може да нарачаш кај нас некој да ти изработи нешто вакво ;). Не е претешко за изработка, а може да биде изработено и од некоја тврда пластика, не мора да е од метал (иако, пожелно би било да е метално делчето ;)).
-
Он ќе направи прстен ама јас кога пробав ова да го адаптирам затоа што го имам дома се соочив со 2 проблема:
1. Местото каде што треба да се стегне дојде точно на отворите за вентилација
2. Ова постоље за бормашина е страшно непрецизно во однос на тоа што е наменето за дремел, бидејќи ова е со најпрост лост направено да притиска и толеранциите се големи. Додека кај ова за дремелов претпоставувам дека има запчест пренос внатре и со тоа нема никакво мрдање(односно луфта)
-
1. Местото каде што треба да се стегне дојде точно на отворите за вентилација
Јас колку што гледам од долната слика, најверојатно се вади црниот дел блиску до ротирачкиот дел од гравирката, а токму таму треба да се наврти додатокот кој го имам спомнато во претходниот post. Колку што гледам, нема никаков проблем со отворите за вентилација ???.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/product_782.jpg)
-
Да црниот се дел се вади сега уште да најдам или да направам вакво со навртка.
-
1. Местото каде што треба да се стегне дојде точно на отворите за вентилација
Јас колку што гледам од долната слика, најверојатно се вади црниот дел блиску до ротирачкиот дел од гравирката, а токму таму треба да се наврти додатокот кој го имам спомнато во претходниот post. Колку што гледам, нема никаков проблем со отворите за вентилација ???.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/product_782.jpg)
Да така ќе нема проблем со отворите кај мене држачот е малце поразличен и неможеше тамо да се стегне..
-
Да црниот се дел се вади сега уште да најдам или да направам вакво со навртка.
Да најдеш... не верувам дека ќе најдеш некое место на кое се продава такво нешто :S. Ќе мораш сам да си правиш.
-
Налетав на ова барајќи држач, па ме интересира да не има некој искуство со држачот?
Drill stand review: Dremel 220-01 vs. Proxxon Micromot MB 140/S (http://www.youtube.com/watch?v=1JyTf1tJXXo#ws)
-
Па изгледа подобра од онаа на Dremel-от, ама па не знам каде ќе може кај нас да ја најдеш гравирката Proxxon FBS 240/E... а и држачот ???.