Македонски форум за електроника
Останато => Алат => Topic started by: JOCO on 27.06.2011, Monday, 22:00:11
-
Здраво дечки,еве по подолго време пак ви пишувам.Не бев многу активен на форумот поради презафатеност со работата,па еве едно прашање од мене.Пред некое време правевме муабет со брат ми за купување на мини дупчалка зошто ни требаше и за други работи не само за дупчење плочки,и тој без да ми каже нарачал ја од ebay oваа дупчалка:
http://cgi.ebay.com/ws/eBayISAPI.dll?ViewItem&item=270760608006&ssPageName=STRK:MEWNX:IT#ht_2316wt_902
Значи моето прашање е како да ја приклучам со извор на напон:дали да ја приклучам на адаптер или да направам некој регулатор на 12 волти,и колку струја би повлекла(случајно да не прегори).На нејзе има две увциња за проводниците за напојување но нема означено + и - и тука да не направам грешка.Ви благодарам однапред и ги очекувам вашите мислења.позз.
Еве и некоја слика (http://pic.mk/images/2706201102.jpg)
(http://pic.mk/images/2706201103.jpg)
(http://pic.mk/images/2706201309204897.jpg)
(http://pic.mk/images/2706201309204897.jpg)
-
Штом има означено + и - дефинитивно работи на еднонасочн напон. За да дознаеш колку струја може да „повлече“ дупчалката, врзи ја на компјутерсо напојување и со амперметар врзан во серија со изводот + од напојувањето (црна е минус, маса, жолта е плус 12V кај компјутерско напојување) пушти ја во работа дучлаката и види колку струја ќе повлече дупчалката, па пиши, па ќе најдеме некое решение за напојување за неа ;).
-
Дупчалка може да направиш од било кој мотор на 12 В,само да е доволно јак да не закочува и грее при работата.Ако приметич да грее одмарај го малку повеке помеѓу две бушења.Од некое изкуство,убаво е да најдете некој пренос и да го поставите на осовината на моторот.Тоа е најчесто пренос со два запчаници (нека бидат месунгени ,по можност!) а ако имате некој човек дури може и да се изработат на дребунг.
-
да батка само проблем е футерот... за моторче ќе се најде, а преносот и не е пресуден. Инаку за прашањето од јоцо, ако го тераш на компјутрско напајање, или на адаптер од оние од пазар, 1А 12В нема потреба од регулација, секако не е на одмет 2-3амперски осигурач со ознака Т (спорогореќи), би трребало да е доволен, сапак ако гори стави 5 амперски, а ако користиш неское саглам трфо, 60-70 + вати 9или повеќе волти подобро е да напоравиш регулатор. додавање на прекидач од оние што се враќаат сами, т.е. тастер мисалам се викаше ќе го направи доста позгодно за користење. Јас имам додадено оние педалине од машина за шиење, работи добро, само треба да се извади за секој случај, секако нема да брка некоај работа во случајов.
-
се менва бургивче напред во случај од кршење? и колку пари во наши си ја платил?
-
Проблем е тоа што нема означено + и - на лемните увца и тоа ме буни(дали во сличај на погрешно поврзување би дошло до прегорување на моторчето)?Околу цената таа е 7$ или околу 300 денари и да може да се менуваат бургии.
-
Проблем е тоа што нема означено + и - на лемните увца и тоа ме буни(дали во сличај на погрешно поврзување би дошло до прегорување на моторчето)?
Нема да ти направи никаков проблем,само треба да наместиш да буши,треба да пробаш како ќе буши(ако ја поврзеш обратно со напојувањето нема да буши).Само тоа треба да внимаваш,но нема да ти направи никаков проблем.Потребно е правилно поврзување,нема да ти прегоре ако го поврзеш обратно.
-
Јоцо, зошто си избрзал?
Толкава мала дупчалка си ја платил толку!!
Па во Македонија има продавници ќе најдеше, да не порачваш од странство и да бараш напојување на неа. Во алфа (не сваќајте како реклама,само да му кажам на чоекот :)) има јака дупчалка,работи на 12В и има можност за менвање на бургите.
Да кажеше порано, ќе те посоветувавме.
Но, веќе ко си купил да ти кажам дека ако имаш нинтендо од на времињата, тие работат на адаптер од 12В 0,5А. Тој ќе ти биди тамам за дупчалката твоја. ;D
-
JOCO јас мислам дека би требало да направиш некое регулирано напојување на кое ќе се менува напонот. Ова е пресудно оти со менување на напонот се менува и брзината на дупчалката и на пример ако имаш само 12 волти многу тешко ќе биде да забушиш на точното место зошто многу брзо ќе врти дупчалката и лесно може да ја скршиш бургијата.
Не ти треба ништо комплицирано, едно напојување со LM317 ти е идеално, не верувам дека дупчалката ќе влече повеќе од 1-1,5 А според големината на моторот, а и LM317 има заштита од прегревање и краток спој.
-
eпа затоа реков ртастер да клајт поедноставно е. инаку овде се по 500-600 денари и тешко да се најде саглам футер. електромотор и да прегори ќе се најде о фен играчка или од овие за електроделови
-
абе и јас имам едно вакво слично е или исто е нз. ама така ми стои дај кажете кај може да се најди вакво наставаче за електромоторчето за шпиралче :)
-
eпа тоа е вечито прашање, инаку тоа се вика футер.
-
не требаше да го земваш избрза јас си зедов пиштолче на батерија 14в инко и мирна ми е глата
-
Ако можеш сликај го тоа пиштолче што го имаш, и пиши колку си го купил и од каде :)
-
Ако некој знае каде може да се купи футерче за дупчалка молам и јас за одговор, да си направам една стварно моќна дупцалка, ова се моите дупчалки
(http://img97.imageshack.us/img97/533/258e.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/97/258e.jpg/)
Uploaded with ImageShack.us (http://imageshack.us)
(http://img11.imageshack.us/img11/5418/257a.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/11/257a.jpg/)
Uploaded with ImageShack.us (http://imageshack.us)
, оваа црната е добра али многу лесно се искривува осовината, купена 650 денари, оваа жолтата има лагерче напред до футерот и нема искривување на осовината, има и регулација на вртежите, купена 1500 денари, али вреди секоја пара.
-
оваа црната е добра али многу лесно се искривува осовината, купена 650 денари, оваа жолтата има лагерче напред до футерот и нема искривување на осовината, има и регулација на вртежите, купена 1500 денари, али вреди секоја пара.
Ако може да знаеме од каде е купена за 1500 денари?
-
некој спомна напојувањето од дупчалката да е со променлив напон, не би ви препорачал такво нешто, пошто ќе имате проблем со снагата ќе, му ја намалите моќноста само, направете нешто со PWM регулација за DC мотори покорисно ќе ви биди, имате целосна снага а помал број на вртежи :)
-
оваа црната е добра али многу лесно се искривува осовината, купена 650 денари, оваа жолтата има лагерче напред до футерот и нема искривување на осовината, има и регулација на вртежите, купена 1500 денари, али вреди секоја пара.
Ако може да знаеме од каде е купена за 1500 денари?
И двете дупчалки ми се купени од поранешен Авто пазар.

и јас имам таква како таа твојата жолтата, ама мојава работи на 220V ја земав 1200 денари и стварно вреди за секој денар даден за нејзе....
-
денес и јас на бувлјак видов иста таква,само оваа беше црна.1000 ми ја даваше
-
А знае ли некој каде можам да најдам такво футерче, што е ставено на моторчето, тоа малечкото само за до 2мм бургија што?
-
А знае ли некој каде можам да најдам такво футерче, што е ставено на моторчето, тоа малечкото само за до 2мм бургија што?
Еееееее, и јас тоа барам ;).
-
Има од странство да се порача, ама цела со моторчето, доаѓа некаде околу 500 денари. Не е многу скапа, ама од кај да знам што моторче имаат ставено. Може да е некое ептен слабо.
-
Има од странство да се порача, ама цела со моторчето, доаѓа некаде околу 500 денари. Не е многу скапа, ама од кај да знам што моторче имаат ставено. Може да е некое ептен слабо.
Јас си имам солидно моторче, ама немам футерче за него :S. И јас барам долго време вакво футерче :S.
Ако некој сака да порачува од странство, нека ме исконтактира преку PM, и за 500 денари ми се исплати да го земам бидејќи кај нас нема никакво :S.
-
нема во hubo ?
-
Има во Hubo оригинал бушилици на Dremel, ама се скапи... :P
-
Има во Hubo оригинал бушилици на Dremel, ама се скапи... :P
Кажи која цена се па ќе видиме дали се скапи ;D.
-
Дремел, алатки, куферче итн., се заедно околку 5-6000ден.
-
Дремел, алатки, куферче итн., се заедно околку 5-6000ден.
уау....ама тоа алатките се у пм...колку многу ги има....а и куферчето на алатките повеќе го плаќаш :)
-
Дремел, алатки, куферче итн., се заедно околку 5-6000ден.
Аууууу... стварно скапи се ;D. Па за тие пари супер бормашина ќе си купам ;D.
-
Јас имам земено една пазарска 130вати со сајла доаѓа комплет. има регулација на вртежи ама е малце тапа регулацијата дека е на AC струја. Иначе ја земав од зелен пазар и чинеше 1500денари, за електроника ептен би бркала работа јас ја користам за полирање грани на кола и врши работа за тие пари е ок. Дали можеби знаете каде можам да купам само такво куферче со додатоци? Поточно ми требаат месингани четки
-
Јас имам земено една пазарска 130вати со сајла доаѓа комплет. има регулација на вртежи ама е малце тапа регулацијата дека е на AC струја. Иначе ја земав од зелен пазар и чинеше 1500денари, за електроника ептен би бркала работа јас ја користам за полирање грани на кола и врши работа за тие пари е ок.
А да пишеше од која тезга, каде и кога е земена (случајно веќе да не не ја има за продажба) и како каков тип на бушилица да ја бараме, дали како „бушилица за шмирглање на полир на коли“ или нешто слично, или како... ???.
-
nikola_bb, додатоци за мини дупчалки има секакви во Euro Tools продавниците, јас ги гледав пред некој ден во продавницата што е на Бит пазар...
-
Јас имам земено една пазарска 130вати со сајла доаѓа комплет. има регулација на вртежи ама е малце тапа регулацијата дека е на AC струја. Иначе ја земав од зелен пазар и чинеше 1500денари, за електроника ептен би бркала работа јас ја користам за полирање грани на кола и врши работа за тие пари е ок.
А да пишеше од која тезга, каде и кога е земена (случајно веќе да не не ја има за продажба) и како каков тип на бушилица да ја бараме, дали како „бушилица за шмирглање на полир на коли“ или нешто слично, или како... ???.
Земена е пред 3 месеци на тезгите кај влезот од тој паркингот(кај што има повеќе продавници за санитарија такви работи), а како да ја барате е тоа е приказна за себе секој од нив различно ја вика некој ја вика гравирка некој незнам што едноставно отидов објаснив што ми треба(прво ми извади од маливе обичниве на 12волти) и ја земав појаката. Едино заборавив да кажам дека одма штом ја земете моја препорака одма кабелот за струјата да го смените. Има еден никаков кабел на кој јас ни сијалица не би стаил и ми се случи 2 пати спој да направи со него (бидејќи тоа поврзувањето е одма на влезот од алатот и се витка се праи и некако се истегнал кабелот)
-
Благодарам за информацијата ;). Дефинитивно ќе одам да видам и да разгледам ;).
-
Јас уште кога го немав земено пиштолот на батерија имав напраено нешто вакво, исто така има јак пренос и не заставна.
(http://www.pic.mk/images/imgp1131.jpg)
(http://www.pic.mk/images/imgp1132.jpg)
-
Да не отварам нова тебе, само да прашам каде има да се купи мало футерче за 0,7/1,0 и по која цена?
-
Да не отварам нова тебе, само да прашам каде има да се купи мало футерче за 0,7/1,0 и по која цена?
И јас барам, кај нас никаде нема. Побарај online, јас најдов на неколку сајтови (вклучувајќи и ebay) и не беа прескапи, околу 10-тина долари, можеби малку повеќе од тоа, ама па беа за Dremel, така да, можно е поради тоа да беа малку поскапи ;).
-
денес бев во еуро тулс и гледав некој мини дупчалки...случајно некој да не знае од каде може да се купи вакво нешто?
-
каде можам да најдам футер за мини дупчалка т.е имам еден електромотор целта ми е да истиот го користам ако мини дупчалка
-
Јас си купив само футер имав едно моторче од печатар на 24В му го ставив футерчето и си имам бушалка инаку футерчето фаќа од 0,7 до 3мм ;)
-
од кај си го купил футерот???
-
Кај нас во струмица има еден човек што продава електронски делови дуќанот му се вика електроника бошњаков ама за зал веќе нема на мене ми го даде последното што му стоело многу оддамна ,а среќата се паднала на мене ;D
-
Леле, ама трошаџија бев денес ;D.
Знам дека бургиите не спаѓаат во овој вид на опрема, ама сепак, се користат забушење, така да, решив тука да ги ставам и нив ;).
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC12071.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC12073.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC12074.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC12077.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC12078.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC12079.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC12080.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC12081.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC12082.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC12083.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/SDC12085.jpg)
-
Со здравје да си ги користиш и дремелот и бургиите ;) ;D.
-
Благодарам ;). Сите поубави да си купите ;). А бургиите пред се ги купив поради кутијата ;D. Метални кутии за бургии веќе нема каде да се најдат, така да, решив да си го купам комплетов, па како ќе се кршат, така ќе си ги менувам ;D. Битно кутијата ја имам ;).
-
Со здравје да си ја работиш. Само да ти кажам дека Dremel кај мини дупцалките е како мерцедес во автомобилите. Јас исто имам Dremel веке 20 години и тоа чудо нема никогаш да се расипе
-
И јас би се надоврзал на овој разговор, исто така и јас сум сопственик на Dremel мини дупчалака и сум презадоволен мојата е со батерија и со полнач и веќе 1- години ја користам без никаков проблем.
-
дремелот што пари го зема и од каде ако не е тајна :)
-
Не знам точно бидејќи е земен одамна од Австрија, сега гледам цените им се движат некаде околу 50 евра, па се до 150 евра инаку мојот комплет е ваков како на сликата.
(http://www.arcarm.com/tnt1/001-100/TNT020-Dremel-Mini-Mite/images/dremel-1.jpg)
-
Со здравје да си ја работиш. Само да ти кажам дека Dremel кај мини дупцалките е како мерцедес во автомобилите. Јас исто имам Dremel веке 20 години и тоа чудо нема никогаш да се расипе
Па што мислиш, зошто ја земав ;D. Знам дека се најдобри ;).
И јас би се надоврзал на овој разговор, исто така и јас сум сопственик на Dremel мини дупчалака и сум презадоволен мојата е со батерија и со полнач и веќе 1- години ја користам без никаков проблем.
Да си ги користите и двајцата уште многу долго време ;).
дремелот што пари го зема и од каде ако не е тајна :)
Ја земав 4000 денари од Меркур ;). Скапо, ама па квалитетна е ;).
-
ааах...фала богу и ти да се земеш мини дупчалка не со бормашина за метал бушење да бушиш плочки.... 8)
-
ааах...фала богу и ти да се земеш мини дупчалка не со бормашина за метал бушење да бушиш плочки.... 8)
Ама мора да признаам, ретко кој ми веруваше дека со обична бормашина бушев плочки, хахахахаахахаха ;D ;D ;D. Е тоа е уметност, хахахахахаха ;D ;D ;D.
-
Ама мора да признаам, ретко кој ми веруваше дека со обична бормашина бушев плочки, хахахахаахахаха ;D ;D ;D. Е тоа е уметност, хахахахахаха ;D ;D ;D.
не, тоа е лудост ;D јас едно време бушев плочки со таква бормашина по 2 бургии минимум кршев, после тоа земавме столбна бормашина со нејзе беше подобро не кршев бургии толку многу али ми се дешаваше да скршам некоја бургија после тоа кога земав мини дупчалка при почетокот кршев бургии после одкако се навикнав немам скршено бургија со тоа...
-
Баш така, и јас пред да го земем миникрафтот бушев со обична бормашина, не знам колку бургии имам искршено со неа, сега да не се урочам не памтам кога последен пат ми се скршила бургија ;D.
-
На школо кај нас бушиме со обична бормашина едниот професор има мало моторче за бушење, а додека другиот користи голема бормашина и разликата е огромна.
-
И јас си бушам со бормашина најнормална од големките па до сега немам скршено бургија, а иначе да не знај некој која е најмалата големина на бургија шо има по продавници?
-
Јас во Штип што имам најдено по сите продавници најмала е 1мм
-
И јас си бушам со бормашина најнормална од големките па до сега немам скршено бургија, а иначе да не знај некој која е најмалата големина на бургија шо има по продавници?
ако си од скопје во гац имав најдено 0,8мм бургија...али не ти треба толку тенка бургија засто некогас ке треба пола плочка да ја бушиш одпоново зашто дупчињата се многу мали :-\
-
0.6 во охирд :) а иначе и јас бушам со бормашина од малите и таман си е досега 2 бургии :D
-
Јас 0,8 користам, па прашвав дали има и помали, ете во охрид 0,6 имало, ке видам низ битолата ке побарам треба да има.
-
ама 0,6 ги користат по златариве а во електроника нема да ти треба 0,6 бидејки ништо нема да собира најмалата бургија што може да се користи е 0,8 барем јас така мислам :D
-
Во дупка од 0,8 можиш 3 жички од одпорници да ставиш.
-
Тешко дека и две жички ќе ставиш во 0,8мм дупка, не па три ;) :).
0,8мм ти е некое непишано правило за through hole делови во домашна изведба, иако за некои треба и 1мм па и повеќе, 0,6мм може да се користи само за делови со потенки изводи, ама да знаеш дека бургијата многу лесно се крши.
-
За ова кажувам оти практично го имам пробано, а прашвав за помала бургија оти има некои веќе нацртани шеми коишто откако ке се испечатат ко ке ги бушам со 0,8 ке остани мал дел од бакарот каде што треба да е лемот.