Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: nikola_bb on 28.03.2015, Saturday, 13:38:20
-
Знаејќи дека на форумов има луѓе кои стварно разбираат и знаат што зборат решив да се обратам. Јас понешто знам ама во однос на другиве тука сум прилично гол со знаење. Имено сакам да купам звучничиња и појачало/ресивер за во мојот дом. Разгледував по огласи немам некој голем буџет следниве работи кои ќе ги ставам и ги видов се во мојот буџет.
Звучници:
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1511627
Засилувачи:
1.
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1226256
2.
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=1561034
Ми треба ваше мислење за звучнициве, исто така знам дека е скроз разлика во технологија и години меѓу засилувачиве а и моќноста нивна но NAD-от ми ги помати сметките бидејќи читав дека би страшно добар во однос на другите кога излегол. Така да секој совет и сугестија, а и предлог би бил добредојден.
-
Бидејќи си нов ,научи како се кодираат линкови и прочитај ги Правилата на Форумов! Сега јас ќе го средам тоа а потоа научи се самиот!
Друга работа - кога купуваш половен уред прво види во каква состојба е и слушни го.И најдобриот модел ако е отворан,поправан и сервисиран,е полош од неотвораниот.Никој однапред не може да каже кој каков е ,без да се види и слушне!
-
Искрено , немам многу искуство во купување од реклама5 или пазар3 појачала или звучници, имам купувано делови, а сум продал многу аудио опрема, и секогаш тоа што сум го праќал било 100% исправно и функционално и никогаш не сум имал било каква забелешка околу пратеното. Лошо е што нема feedback од купувачите како на е-bay , amazon и др. Едно пријателче купи Pioneer појачало од реклама5 од човек од Скопје (100 EUR), незнам точно како се викаше човекот , ке прашам за модел, име и број тел. Појачалото беше во очајно стање. После 4 месеци работа , остана дефект. ме повика да го видам (а требаше да го видам веднаш кога го купи) Го отворив , несакав понатаму да го чепкам оти гледам дека веке и плочата се распаѓа. Катастофа. Му стои дома , може да го земам и да отворам тема за поправка.
Еве го купеното појачало од реклама5 , за ова се работи.
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=785331
-
а да почекаш малце, се наоѓаат по некогаш некои ефтини појачала за помалку од 50 евра во многу добра состојба, само треба да го погодиш. ;)
-
Па ако имаш *кеш* не брзај во секој случај,барај,гледај и слушај ! Има на пазарот дури и премногу опрема. 8)
-
Секако прво да го слушнеш и нормално види си дали е сервисиран плочката каква е.Убаво пиша претходно не брзај ;) ;D
-
Пред да купиш било каква аудио опрема , размисли за ова:
- дали сакаш квалитетно послабо стерео со квалитетен звук или појак а просечен , односно дали ке ја користиш опремата за уживање во слушање музика или за ,,pокање'' на роденден , слава , нова година ...
- дали опремата ке ја користиш само дома или понекогаш ке се носи и на друго место
- дали мислиш да ја имаш одреден период па да ја продадеш или не
- дали опремата треба да се вклопува со останатиот мебел (ентериер)
-
Размислено ми е се ова подолу, не ми треба екстремно гласна музика повеќе би рекол поквалитетен звук, само дома би ми стоела опремата, не би ја продавал а за ликот нормално би требало до некаде да одговара со се друго мада јас сум љубител на изгледов на постарава опрема
-
А да си направиш нешто самиот,нормално ако те бива за електроника,а и ние сме тука ,ќе помогниме ;)
Е сега нема да биди лично како фабричкото но за квалитетот сигурно нема да заостанува
-
Добра поента има Отпор, ако го градиш самиот, ќе си одбереш за таа цена тоа што најмногу ти одговара, а за надворешниот изглед, ако се сака, се може, прв пример е LordZi... ;) Но јас мислам дека штом пишал овде членот, одлучил да купи...
-
KiloVolt, малце да те корегирам. Прв пример е Z31GH. Поздрав. ;)