Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: Bojan on 01.03.2010, Monday, 01:43:15

Title: Пресметка на моќност на засилувач
Post by: Bojan on 01.03.2010, Monday, 01:43:15
Ме интересира како се пресметува максималната моќност на еден засилувач...дали се смета како P=U*I (што не верувам дека е така) или па по нешто друго...???
Title: Одг: Пресметка на моќност на засилувач
Post by: BorceBT on 01.03.2010, Monday, 02:53:39
Максималната моќност на еден засилувач може да се измери вака:

Потребно е:

1. Голем отпорник или греач сечен за да биде 4 или 8 оми (не пробувајте со звучник бидејќи има голема шанса да ви прегори звучникот ако свири континуирано во клипинг на 50Hz додека мерите).
2. Дигитален волтметар (убаво е да е со ознака True RMS, меѓутоа може да се користи и обичен со мала грешка).
3. Извор на синусоидален сигнал 50Hz (сигнал генератор или компјутер со софтвер за генерирање на сигнал).

За точно мерење е потребен осцилоскоп, меѓутоа најголем број од луѓето немаат осцилоскоп. На интернет кружат начини на мерење меѓутоа секогаш се спомнува осцилоскоп. Овде ќе презентирам (свесно) понеточен метод за мерење меѓутоа ќе избегнам употреба на осцилоскоп.

Како се мери:

1. На излезот од засилувачот наместо звучник го поврзуваме отпорникот/греачот.
2. Пуштаме сигнал 50Hz на засилувачот од сигнал генератор или од компјутер и соодветен софтвер.
3. Мериме со дигиталниот волтметар волти на отпорникот/греачот. Инструментот е наместен на AC Volts (200).
4. Ја зголемуваме гласноста додека напонот расте. Кога со зголемување на на гласноста напонот веќе не расте значително тоа е максимумот на засилувачот, ја запишуваме вредноста на напонот и прекинуваме со мерење.

Што правиме потоа:

1. Ја делиме измерената вредност на напонот со 1.41 и резултатот го креваме на квадрат. (бројот кој ќе го добиеме ќе го викаме U1).
2. Ја користиме формулата P=U1/R каде R e отпорот на отпорникот/греачот што го користиме во зависност од тоа што засилувачот очекува, каков звучник (4 или 8 оми).

Пример:

Пуштаме сигнал од компјутер на некој засилувач на кој на излезот за едниот звучник сме поврзале моќен отпорник или греач од 4 оми бидејќи засилувачот од назад пишува дека работи на 4 оми звучник (или на минимум 4 оми звучник).
Го поврзуваме волтметарот поставен на опсег AC (200V) паралелно на отпорникот/греачот.
Ја зголемуваме гласноста се повеќе и повеќе до ниво да напонот на волтметарот веќе не расте значително (тој можеби ќе расте малку кога одите кон крајот на „гласноста“ но нема да расте значително).
Запишуваме на пример (сме измериле) 33V на отпорникот.

Сега пресметуваме: 33/1.41 = 23.4.....   23.4 на квадрат = 547.5 (ова ни е U1)
Сега ја пресметуваме моќта: P=U1/4.... P=547.5/4 = 136.8W

Значи овој засилувач има околу 137W синусна моќност (RMS).

Се надевам дека е јасно.

---------------------
P.S. Како го избегнавме осцилоскопот: Имено, го работиме засилувачот во максимален клипинг при што напонот личи на правоаголен сигнал. Ова на дигиталниот волтметар би било во вредност слично како да мерите DC напон. Според тоа значи вие го имате максималниот напон кој може да го даде овој засилувач. Тоа значи дека RMS напонот на сигналот е максималниот напон поделен со корен од 2 (1.41). Со ова добиваме теоретски каде засилувачот влегува во клипинг, значи максималната употреблива моќ пред да изобличи (грчи).
Title: Одг: Пресметка на моќност на засилувач
Post by: Bojan on 01.03.2010, Monday, 03:22:30
а има некој начин за теоретски да се пресмета??? а тоа клипингот поради што се јавува??? и има ли шанси да се избегне некако???
Title: Одг: Пресметка на моќност на засилувач
Post by: BorceBT on 01.03.2010, Monday, 03:32:58
Теоретски и практично се две засебни работи. Зошто: па еве теоретски ако го знаеш напонот на напојување на засилувачот (на пример еве +-30V) значи ти теоретски би имал (30/1.41)^2/4 (за 4 оми звучник) = 113W по канал. Меѓутоа практично кога ќе се „оптерети“ засилувачот напонот на напојување ке падне и нема да биде +-30V туку можеби еве +-25V и ти би имал реално 1/3 помала снага што би ја увидел ако мериш практично.
А тоа со клипингот е кога засилувачот „снемува напон“ за да ја измоделира правилно синусоидата и поради тоа наместо синусоида таа станува отсечена на врвовите и доколку тоа е во поголеми размери (претерано изобличување) се јавува правоаголен сигнал кој реално има 1.41 пати поголема моќ од обичниот синусоидален сигнал. Тоа значи дека ако некој засилувач на пример е 100W а е поврзан на звучник од 100W додека го свириме правилно ништо нема да изгори, но ако претераме и го тераме засилувачот во „клипинг“ тој почнува да вади на излез правоаголни наместо синусоидални сигнали и практично се однесува како 141W засилувач кој многу грчи и звучникот ќе изгори. Значи 100W засилувач во клипинг лесно ќе прегори 100W звучник. Затоа се препорачува за деца и младинци :) звучникот да е барем двојно појак од засилувачот за да немаат шанса да го прегорат, а за аудиофили се препорачува обратното само затоа што тие би знаеле колку е „доста“ на потенциометарот за глас а би имале резервна снага во секој момент.
Title: Одг: Пресметка на моќност на засилувач
Post by: DARK on 01.03.2010, Monday, 20:01:59
ja vo skolo odnesov edno pojacalo i go merevme so osciloskop
i iskoci negde okolu 60w no mislam edka imavme nekoja greska vo resavanjeto na zadacata ne emozno da e  60w bidejki so napojuvanje  +-35 treba da dade 200w a na nego imanapojuvanje+-27 a i puni ogromni 12-eski basovi(crnite zvucnici sto vi gi prezentirav vo drugite temi )  :-\
Title: Одг: Пресметка на моќност на засилувач
Post by: Goce on 01.03.2010, Monday, 21:42:32
На +/- 35 волти ако е оптеретено со 4 омски звучник ке даде околу 80W без изобличувања.