Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: DX-er on 09.11.2009, Monday, 14:11:15

Title: Како се отстранува брумот?
Post by: DX-er on 09.11.2009, Monday, 14:11:15
ме интересриа како се отстранува брумот? Дали е толку тешко како кај ФМ предавателите или е по едноставно?
Title: Одг: како се отстранува брумот?
Post by: Devil on 09.11.2009, Monday, 14:16:18
Брумот може да настане од повеќе нешта, најчесто се случува поради не добро исфилтрирано напојување
може да настане поради погрешни  компоненти, или погрешно поврзано
зависи од повеќе фактори
Title: Одг: како се отстранува брумот?
Post by: BorceBT on 09.11.2009, Monday, 21:41:15
Брумот кај аудио засилувачите може да дојде од неколку места:

1. Изворот на напојување.
1.а - Недобро исфилтрирано напојување (фалат кондензатори).
1.б - Неквалитетен трансформатор (зрачи магнетен флукс и надвор).
1.в - Изворот на напојување (трансформаторот) е преблиску до плочката, каблите, влезот и слично.

2. Изворот на сигнал.
2.а - Изворот на сигнал е со брум.
2.б - Кабелот не е оклопен или поминува покрај кабли за струја или трансформатор/и
2.в - Има прекин во кабелот (откачен е оклопот на некоја страна).

3. Ground Loop (ова ако го преведев ќе беше смешно).
Ова е потешко за решавање, имено се работи за тоа кога двата уреди се заземјени во 2 точки. Значи, влезовите на појачалото и изворот на сигнал се поврзани меѓу себе а двата уреди се уште еднаш заземјени преку заземјувањето (штекерот). Има 2 решенија. Првото решение е уредите да се исклучат од заземјувањето на штекерите а второто е да оди жица паралелно до жицата што носи аудио сигнал (таканаречена средна жица, постојат и такви аудио кабли со средна жица) и таа да се приклучи на шасиите и на двата уреди што е можно поблиску до влезот/излезот на уредите.
Тоа е тоа, сега треба да немате брум во аудиото.
Title: Одг: Како се отстранува брумот?
Post by: DX-er on 09.11.2009, Monday, 21:56:14
фала за одговорот и супер кажано  :)
Title: Одг: Како се отстранува брумот?
Post by: enterprise on 06.12.2009, Sunday, 14:53:07
Добро е објаснето и сега како да го решам моето фиќо да не брчи многу.
Мислам подобро е да не се стартува воопшто.
 ;D
Title: Одг: Како се отстранува брумот?
Post by: BorceBT on 06.12.2009, Sunday, 16:29:52
Ќе го направиш на струја ;)
Title: Одг: Како се отстранува брумот?
Post by: DX-er on 06.12.2009, Sunday, 17:44:58
Тесла Фичо ;D
Title: Одг: Како се отстранува брумот?
Post by: BorceBT on 07.12.2009, Monday, 01:35:57
Хахаха
Title: Одг: Како се отстранува брумот?
Post by: LordZi on 07.12.2009, Monday, 10:49:13
Вие смејте се, ама имаше еден тип од Загреб што стварно направил електрично фиќо и тоа уште во далечните 80-ти години, го имаше опишано во списанието SAM  :) :) :)
Title: Одг: Како се отстранува брумот?
Post by: Devil on 07.12.2009, Monday, 11:15:38
јас имав видено еден со југо, ама погонот му беше на цврсти материјали, на пареа го имаше направено хахаха
ама доста е со офф топици
Title: Одг: Како се отстранува брумот?
Post by: BorceBT on 07.12.2009, Monday, 18:26:06
Се слагам доста оф топик. Јас иначе ја имам читано статијата во SAM svoj majstor списанието за Електро фичо. Мислам дека беше бројот од 81ва или така нешто. Типот беше од Загреб, користеше 5-6 камјонски акумулатори, 2 мотори од виљушкар на секое тркало и некои големи контактори (релеи) кои ги врзуваа акумулаторите редно-паралелно. Проблемот беше се разбира неквалитетна контрола на моторите и камјонските акумулатори би траеле околу 50 полнења што е навистина неисплатливо.