Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: antonio@arsenal on 22.06.2010, Tuesday, 17:49:44

Title: Побудување на миксета
Post by: antonio@arsenal on 22.06.2010, Tuesday, 17:49:44
Значи вака, миксетата ја побудувам со компјутерски сигнал т.е. пуштам музика од компјутер па сакам да слушам на разглас арно ама сигналот кој го дава компјутерот е многу слаб и се слуша слабо на разгласот т.е. слабо побудено е појачалото од миксетата и сега ми треба некое мало појачало да го зголеми сигналот од компјутерот кој ке влегува во миксетата изразено во вати незнам колку треба да биди за да не клипова миксетата затоа барајте нешто посериозно ...однапред благодарам. а и да напоменам дека имам едно интегрално LM386 незнам дали би добил доволно со ова...однапред благодарам  ;)
Title: Одг: Побудување на миксета
Post by: GigaWatt on 22.06.2010, Tuesday, 19:04:08
Си пробрал со Gain потенциометарот на миксетата да го наместиш нивото на сигналот? Уште подобро, можеш да ја сликаш мисксетата или да најдеш слика од net (некоја со поголема резолуција ако може) па да видиме дали може да се подеси тоа со помош на потенциометрите на миксетата без да се прави предзасилувач ;).
Title: Одг: Побудување на миксета
Post by: antonio@arsenal on 22.06.2010, Tuesday, 20:17:33
Миксетата е Behringer pmh1000 ја има на нет на милион слики неможам да постирам слика оти кочи нешто нетот.
Title: Одг: Побудување на миксета
Post by: GigaWatt on 22.06.2010, Tuesday, 21:28:01
ОК, обележи ми на сликава (во Paint, или како сакаш) каде ги врзуваш излезите од компјутерот на миксетата и што подесуваш на неа.

(http://img819.imageshack.us/img819/20/img0f37f0embhrpmh1000to.th.jpg) (http://img819.imageshack.us/img819/20/img0f37f0embhrpmh1000to.jpg)
Title: Одг: Побудување на миксета
Post by: antonio@arsenal on 22.06.2010, Tuesday, 21:40:32
Quote from: Admin
преголема слика

(http://i64.servimg.com/u/f64/12/64/31/28/th/img0f310.jpg) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=142&u=12643128)

Значи вака оние две се спојуваат во едно и завршува со бананче кое го приклучувам на комп. а онаој синиот мастер што ми е заокружен е за регулирање на тонот кој доаѓа од компјутер.
Title: Одг: Побудување на миксета
Post by: Devil on 23.06.2010, Wednesday, 00:05:32
Значи ти ја презакачив сликата внимавај следниот пат да биде во помала големина да не мора да едитирам се наново !!
следна ваква грешка ти е 2 опомена, после само уште една опомена и следи казна !
Title: Одг: Побудување на миксета
Post by: BorceBT on 23.06.2010, Wednesday, 02:47:43
Околу поврзувањето:

Значи компјутерот нема да го приклучуваш на тие влезови бидејќи тие влезови немаат регулација на побудата (Gain, на оваа миксета напишано како Trim - жолтите потенциометри). Ти мораш да купиш или друг кабел што има „банани“ џекови од другата страна па да ги приклучиш во дупките 9/10 или во 11/12 или да купиш конвертори (мислам дека има во продавниците за електроника) од банана на пин (чинч) каков што имаш ти кабел. И после значи ќе појачаш освен со лизгачите долу и со жолтиот потенциометар (Trim) и ќе подесиш да имаш јак сигнал, нема да ти треба предзасилувач.
Title: Одг: Побудување на миксета
Post by: antonio@arsenal on 23.06.2010, Wednesday, 08:04:21
Борче, мислам дека оние влезови што се метални оние микрофонските мислам дека имаат предзасилувачи аа дали можам да го приклучам комп сигнал на некој од другите канали на пример на 3тиот или само на 9-10 ??
Title: Одг: Побудување на миксета
Post by: BorceBT on 23.06.2010, Wednesday, 14:09:56
Можеш на сите што се стерео влезови како на пример 5/6, 7/8, 9/10 или 11/12.