Author Topic: Појачало за токи воки 446MHz  (Read 5462 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Појачало за токи воки 446MHz
« Opened on 19.11.2009, Thursday, 14:37:42 (Edited 19.11.2009, Thursday, 14:39:26) »
Имам токи воки од стандардот PMR-446 кои имаат снага од 100-500mW па сакам да ги појачам со појачало 2 до 5W па ме интересира кој транзистор работи на овие фрекфенции (446MHz) за да можа да се направи појачало?
Транзисторот да е како на пример 2SC1971 а не 2N3553 (мислам на формата)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Појачало за токи воки 446MHz
« Reply #1 on 19.11.2009, Thursday, 21:20:23 »
Многу тешко кај нас во нашите продавници да се најде излезен (power) транзистор за фрекфенции над 175MHz. Иначе може да се користи на пример: BGQ136 (од 200mW на 2W), MRF-630 (25-30W), серијата 2SC19xx и 2SC20xx (Некои од нив работат и на UHF) меѓутоа со формата што ја бараш (TO-220) нема шански бидејќи тоа куќиште има премногу индуктивност за да работи добро на толку висока фрекфенција. Инаку јас искрено се чудев кога првпат видов на пример 2SC1971 дека со такво куќиште направиле транзистор за ВФ (ФМ).
Друга алтернатива ти е да користиш хибрид комплетен како на пример MH720A1 од мицубиши меѓутоа пак тешко дека кај нас го има некој :(
За проба можеш да искористиш 2N4427 за докај 1W ама знам дека тоа ти е слабо.

А сега вистинскиот проблем: прием/предаја.  Треба да се направив систем (склоп) кој кога нема предаја да го вклучи влезното коло на антената (да го поврзи приемникот на антена) а кога има предаја да не го вклучува приемникот бидејќи 100% ќе изгори. Ова некои го прават со диоди (види барај automatic antenna switch) или со микропроцесорски контролирани VF фет транзистори (во токи-воките). Бидејќи тие не издржуваат голема снага неможеш да ги искористиш за со појачало значи треба да направиш и таков склоп плус. Мислам дека се ќе стане пресложено :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Друже фала ти многу за одговорот. Кога спомна за диодите ми текна на нешто. Нели може да се среди проблемот со повратната снага кај ФМ предавателите со ставање на диода измеѓу антената и предавателот?
Ако е можно какви се тие диоди и до која ВФ снага трпат?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Хммм... Тоа со повратната снага не е баш реално напон што се враќа назад па да го блокираме со диода туку се работи за промена во фазите на струите во централниот проводник и оклопот на кабелот и тука електронско решение такво едноставно нема.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.