Сум пробал да поставам позади басот сунгер,ама не од обичниот ,ами од оној црниот,проводниот ,од заштитата за матичните плочи ,дебелина 2 см.Дава интересен ефект.Потоа сум лепел лепенки од тер- хартија(хартија со битумен прелиена ) во два -три слоја,на која се налепува накнадно тервол во размаци,не континуирано.Точно е дека ке се зголеми бас подрачјето,добива колорит,па затоа е потребно прецизно решавање на должината на линијата.Направив еднаш една кутија на која предната плоча можеше да се поместува ,укосува по хоризонталната оска и да се стеснува горниот премин,а долу да се продолжува и отвора (шири) отворот .Ти треба тврд ,не гумиран бас ( јас имав 6,5 инчен Филипсов бас ,премачкан со дрвофикс и најситна песок).За ова пишував мислам. Таа кутија имаше потисок од некаде 102 дб,што е право чудо за толку мал бас.Веќе реков дека нема време да експериментирам,одамна.