Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: predator8345 on 21.11.2012, Wednesday, 21:54:15

Title: 150 LED на 220V
Post by: predator8345 on 21.11.2012, Wednesday, 21:54:15
Малку сум нов и на форумов и во електрониката па ме интересира на кој начин може да се сврзат 150 диоди кои ги имам поставено на панел 30x30 cm директно на 220v.
Title: Одг: 150 LED на 220V
Post by: GigaWatt on 04.12.2012, Tuesday, 03:36:12
Најдобро е да се врзат паралелно неколку серии од LED диодите (на пример, 15 сериски врзани диоди, секоја секција од 15 сериски врзани диоди да се врзат паралелно една на друга, односно, вака ќе имаш 10 секции од по 15 LED диоди во серија). Се разбира, ќе треба да користиш и отпорници со соодветна моќност, а препорачливо е да се стави и целобранов исправувач (грец) и кондензатор за пеглање на напонот.
Title: Одг: 150 LED на 220V
Post by: Maki on 04.12.2012, Tuesday, 20:21:33
на кој начин може да се сврзат 150 диоди кои ги имам поставено на панел 30x30 cm директно на 220v.

Направи две групи од по 75 диоди сите сериски сврзани со еден сериски отпорник 9k1 Ома/5W, па двете групи сврзи ги паралелно.Тоа работи директно на 220 волти преку грец.Отпорникот се рачуна спрема потребната струја и спрема падот на напон на ЛЕД диодата а тоа зависи од бојата на диодата, 9k1 Ома е за црвена и за малце више од 9 mA струја низ диодите.