Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: Devil on 06.01.2012, Friday, 20:44:15
-
Потребна ми е сервисна документација за VIVAX DVD k200
некој пред мене го отворал DVD-то и сега пола е изгибано и со краткоспојници (појма немам зошто) и плус овде онде фали по некој дел, па да видам што е вадено и што правено
двд-то воопшто не се вклучува, поточно се вклучува излегува она за цд ставање но на диплсејот ништо не покажува и не го ни чита цд-то
-
Да не пишува на процесорот ZORAN? :)
Споено мислење: 06.01.2012, Friday, 22:29:02
Јас имам дома VIVAX K210 мислам разликата е само во то што ова моето чита DVX-формати,ако ги има сите напони од напојуванје ,тогаш мени му го модулот(цел)каде што е процесорот ;)
-
сите VIVAX се со zoran модул :)
ова е некој познат процесор ама му имаат исштанцано име некое
дај ти тоа шемите да видам што како да не има некои испитни точки, мене ми рекоа ако се поправа за мали пари ок, ако не не им се исплаќало ми го оставаат мене :)
-
Ах..немам шема јас му купувам цел модул,зависи каде е дефектот,ако е во напојување лесно се снаоѓам,ако е во модулот каде што е процесорот,досега не сум гибал таму ;D ,а иначе во ALFA ги има тие модули да се купат и не се нешто скапи околу 300-400ден. се :)
-
аха ај ќе видам деновиве ќе одам ќе го откорнам цел модул под рака и одам да видам што имаат да понудат
-
VIVAX е всушност хрватска фирма која нарачува модули во Кина и се се склопува успат или во Риека мислам ,на пристаниште :D Тие во Кина нарачуваат на тони модули,па имаат ексклузивно право и на процесорите да си ставаат имиња и презимиња :D :D
-
Не верувам дека ќе најдеш сервисна шема за ова, најдов на Elite Security firmware и dump-ови за овој плеер, ама не верувам дека ќе ти вршат работа :S.
На крајот на краиштата, евтин DVD плеер е, нека оди за делови, нови се околу 1000 денари ;).
-
абе шо е до мене до сега ќе беше 100 пати растурен, ама овие инсистираат да се поправи, најверојатно ќе му купам нов модул и готово
-
абе шо е до мене до сега ќе беше 100 пати растурен, ама овие инсистираат да се поправи, најверојатно ќе му купам нов модул и готово
Не се гњави, најверојатно нов модул ќе кошта повеќе од нов DVD плеер, купи им нов и речи им дека поправката кошта „толку и толку“ и ако ти речат „па тоа е повеќе од нов“, речи им „епа да, нов е ;D“.
Нека не се гњават, нека си купат еден нов NEO од ТехноМаркет или било каде на друго место, 1000 денари се, плус година дена гаранција, а најголемите проблеми со овие DVD плеери се јавуваат во првите година дена, така да, ако истера повеќе од година, им се погодил, нека си го чуваат ;) ;D. Плус новиве имаат и USB и секакви тракатанци, така да, не гледам поента да се поправа овој.
-
ај ќе видам ќе зборувам што како ќе видиме :)