Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: DX-er on 25.11.2011, Friday, 22:40:35

Title: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја (поправен)
Post by: DX-er on 25.11.2011, Friday, 22:40:35
Имам проблем со едно телевизорче марка Neo (модел изгледа нема) и проблемот е што почна сликата да удира на зелено. По некое време се нормализира сликата, па пак почна да преовладува зелена боја па пак се изгуби и еве ја сега пак :D Иначе телевизорчето не е паднато или мрдано па да речиш оти е физички оштетено. Што може да е проблемот према вас?
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: GigaWatt on 25.11.2011, Friday, 22:56:00
Скоро 100% сигурен сум дека се ладни лемови ;). Прелеми се што е сомнително на главната плоча, но и на плочата каде што е RGB топот ;).

Кинеска работа, штедат на калај ::).
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: DX-er on 25.11.2011, Friday, 23:10:42
го извадив РГБ топот и ги искривив жичките малце и проработе со сите бои како што треба.
Како и да е, фала за помошта :)
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: GigaWatt on 26.11.2011, Saturday, 06:51:08
Не е до прекршувањето (барем не јас колку што имам забележано, освен ако не почнале кинезиве да ставаат по две лицни по кабел за RGB ::)), до лемовите на плочата е ;). Прелеми ги лемовите и нема да имаш проблеми ни во иднина ;). Вака можно е (а и многу веројатно) да имаш ;).
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: Steff_Maja on 26.11.2011, Saturday, 22:51:43
А за ваков проблем, отприлика колку би чинела поправката ?
Се работи за Fuego телевизор, но не знам кој модел.
На средината, горната страна ја меша бојата. На пример ако треба да е розова таа е зелена, ако треба да е боја како на лице, таа е сина.
На долната страна е ок, но не е она да е пресечен изгледот од лошо на добро туку онака постепено оди од лошо кон подобро.
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: GigaWatt on 27.11.2011, Sunday, 00:02:28
Магнетизиран ти е екранот, демагнетизирај си го демагнетизатор ;).
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: SaleSk on 27.11.2011, Sunday, 00:08:21
Не му треба демагнетизатор...Секој телевизор си има вграден демагнетизатор...Најдобро е да го исклучи од струја навечер кога ке си легне, и од сабајле да го вклучи...Доколку е исправен демагнетизаторот, сликата ке се очисти...Во спротивно може да има неколку проблеми...Прво да има некој уред во близина кој му го магнетизира екранот (звучник, трафо, полнач за мобилен со трафо, адаптер, итн) или пак да не е исправен демагнетизаторот односно PTC отпорникот во колото за демагнетизација...
Доколку е ова второво поправката не би требала да чини повеќе од 800 денари во зависност од телевизорот.
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: Steff_Maja on 27.11.2011, Sunday, 00:28:26
Најверојатно е тоа второто бидејќи околу него нема ништо освен Boom TV и тоа адаптерот а на поодалечено место.
За гасење од струја е правено така, ама никаков ефект. Најверојатно е неисправен тој демагнетизер.
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: GigaWatt on 27.11.2011, Sunday, 06:29:58
Епа за да не мора да го поправаш и да го носиш по мајстори, ќе ти кажам една финта што успева во 80% од случаите ;). Ако имаш фен од оние „бучните“ ;D (новите, кои имаат мотор со четкици а не синхрон мотор, без четкици), епа со него помини веднаш до екранот на телевизорот и поминувај на местата кои се проблематични ;). По 7 или 8 пати поминување на едно исто место би требало да се сред проблемот. Значи не дуваш накај екранот, туку со задниот дел или со страничниот дел од фенот поминуваш во близина на екранот ;), може и да го „залепиш“ фенот за екранот, само пази да не го стискаш за екранот ;).
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: batka on 27.11.2011, Sunday, 11:33:30
Место фен може и со пиштол лемилица.А има и друга финта - отвори го телевизорот и околу екранот ке видиш еден сноп жица бандажиран со обично црна трака изолирбан или сл. гледај каде се спојува на некоја плочка или на шасијата.Само извади го утикачот и преврти ги контактите!! Можеш и ПТЦ отпорникот да го провериш : одлеми го (со две или 3 нозе е !) и ако тропа внатре нешто сигурно е * отиден*.Смени го ПТЦ-то и ке проработи демагнетизацијата.Можеби звучник или некој друг уред има во близина на ТВ??
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: Steff_Maja on 27.11.2011, Sunday, 12:45:14
Околу него има само BoomTV како што кажав и DVD Player кои се едно врз друго со Boom, а се на 30 cm над телевизорот. Ќе кажам на пријателот ако најде таков фен и да провери со таа финта.
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: filipmkd on 27.11.2011, Sunday, 15:59:12
Отвори го телевизорот и смени го PTC отпорникот ништо комплицирано
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: DX-er on 27.11.2011, Sunday, 23:03:18
Пак со проблемот со телевизорчето,
Телевизорот покажува зелена боја, ги покажува и другите бои ама повеке удира на зелена. Кога бојата ке ја намалам на минимум не покажува црно бело туку зелено бело.

Е сега ова е важно: кога ке го исклучам телевизорот од штекер и повторно уклучам се оправува со боите и покажува нормално а по само 2 минути пак се расипуваат и преовладува зелената боја.
Се случува во тек на работењето, од ништо да се поправат боите а потоа да се расипат. Не ми се верува дека е ладен лем бидејки на удирање не реагира туку треба да го исклучиам од штекер, да помине некој 15 минути а потоа пак да го уклучам. Дали тоа значи дека за 15 минути мирување се твоши некоја струја во некој кондензатор и по уклучувањето 2 минути е добро а потоа пак се расипува.
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: GigaWatt on 27.11.2011, Sunday, 23:23:38
Ти реков, ладни лемови се во прашање, тоа што ти си го решил проблемот, само привремено било. Мораш да прелемиш се што е сомнително барем на плочката за топовите (таа малата кај катодната цевка), а би ти препорачал истото да го направиш и на главната плоча.

ПС: Ако не е лоаден лем во прашање, сигурно ќе дознаеш само со прелемување на се што е сомнително, друг начин нема (односно има, ама потребен е осцилоскоп).
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: DX-er on 27.11.2011, Sunday, 23:32:53
Tи викам не реагира на удирање, туку "сам од себе". Мислам дека е некој кондензатор пресушен, што викаш за тоа?
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: GigaWatt on 27.11.2011, Sunday, 23:35:35
Tи викам не реагира на удирање, туку "сам од себе". Мислам дека е некој кондензатор пресушен, што викаш за тоа?

Не негирам дека и тоа може да е проблем, ама прво би го елиминирал проблемот со ладни лемови. Пази, не секогаш се случува уреди со ладни лемови да реагираат на удар, особено не во секции каде нема висок напон (како во секцијата со топовите).
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: DX-er on 27.11.2011, Sunday, 23:44:02
во ред, тогаш ке ја проверам цела плоча па ако има чаре ке пишам дополнително.
Иначе по колку минути од гасењето на телевизорот смее да се чепка но без да има опасност од високиот напон?
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: GigaWatt on 27.11.2011, Sunday, 23:49:44
во ред, тогаш ке ја проверам цела плоча па ако има чаре ке пишам дополнително.
Иначе по колку минути од гасењето на телевизорот смее да се чепка но без да има опасност од високиот напон?

Само испразни го тој големиот кондензатор во напојувачката секија (од 220uF до 470uF/400V би требал да биде) со моќен отпорник од 10ohm-и (или некоја друга вредност до 100ohm-и). Ако немаш таков, краткоспои ги неговите пинови со жичка (само не ја допирај жичката со голи раце ;D).
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: ivica.s on 28.11.2011, Monday, 15:18:06
Dx-ер, колку е стар телевизорот?

Ако е постар, на пр. 7 - 8 год, ова може и да е од старост на самиот екран. На плочката кај топот побарај треба да има барем три тример отпорници со кои се штелува “јачината“ на секоја од основните три бои.

Треба да ги појачаш црвената и сината боја за сликата да изгледа нормално. Најдобро да најдеш шема за да видиш кои тримери треба да ги прештелуваш. 
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: GigaWatt on 28.11.2011, Monday, 19:27:37
Ако е постар, на пр. 7 - 8 год, ова може и да е од старост на самиот екран. На плочката кај топот побарај треба да има барем три тример отпорници со кои се штелува “јачината“ на секоја од основните три бои.

А, друже, ова порано го имаше, кај новите нема вакви работи :S. За се е одговорен микропроцесорот :S.
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: DX-er on 28.11.2011, Monday, 19:51:28
Dx-ер, колку е стар телевизорот?

Ако е постар, на пр. 7 - 8 год, ова може и да е од старост на самиот екран. На плочката кај топот побарај треба да има барем три тример отпорници со кои се штелува “јачината“ на секоја од основните три бои.

Треба да ги појачаш црвената и сината боја за сликата да изгледа нормално. Најдобро да најдеш шема за да видиш кои тримери треба да ги прештелуваш. 

Од 2005та година е. Иначе внатре има само 3 интегралци и тоа, едниот е се во едно (процесорот), другиот е EERPROM-от а третиот е аудио појачалото.
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: SaleSk on 28.11.2011, Monday, 22:02:08
Во моментов незнам каква е изведбата на РГБ-то...Дали е со транзистори или е со интегралче...Ако е со транзистори, ондак смени ги транзисторите и тоа од црвена стави ги на зелена. Ако после почне да преовладува црвена, ете ти го проблемот...Друго што може да зеза е блокче...И нив можеш едно по едно со замена да ги смениш и да ги рповериш...Ако е со некое интегралче чизведено РГБ-то, во тој случај смени го интегралчето...Доколку повторно го имаш истиот проблем, може да не ти чини екранот...
Наједноставно можда  и најпрво за да се увериш во ова, односно да го елиминираш можниот дефект со екран е да го одлемиш зелениот топ, и да го оставиш неколку дена да ти работи само со црвено плава комбинација...Ако со одлемен зелен топ, повторно ти се добие зелена боја, екранот ти е за во канта...И залудно ке си го губиш времето...
Во спротивно, имаш дефект...Нормално треба да се проверат и лемовите на основната плоча кадешто се наоѓа процесорот и водовите до РГБ плочката.
Со среќа  ;)
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: ivica.s on 28.11.2011, Monday, 23:02:20
Ако е постар, на пр. 7 - 8 год, ова може и да е од старост на самиот екран. На плочката кај топот побарај треба да има барем три тример отпорници со кои се штелува “јачината“ на секоја од основните три бои.

А, друже, ова порано го имаше, кај новите нема вакви работи :S. За се е одговорен микропроцесорот :S.

Абе нели е супер прогресот и напредокот на технологијата, за еден тример цел телевизор да го фрлиш.  >:( >:( >:(
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: GigaWatt on 28.11.2011, Monday, 23:09:58
Абе нели е супер прогресот и напредокот на техлогијата, за еден тример цел телевизор да го фрлиш.  >:( >:( >:(

Ехееееее, да беше само за тоа, дел TV ти е всушност во микропроцесорот. Ако тој се зезне, дури и да најдеш таков ист (што нема да најдеш, освен ако немаш некој друг таков ист TV на располагање расипан, но со друг проблем), најверојатно софтверот во него нема да договара за овој TV или конфигурационите регистри нема да оговараат, па треба да ги штелуваш (тоа се всушност потенцимоетрите во TV-то), па сервисно мени, па за некои модели се влегува само со посебно далечинско... зезанции еден куп :S. Поедноставни се за сервисирање, ама само ако е некој мал проблем, за се останато сервисирањето е многу скапо и најчесто не се исплати :S.
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: DX-er on 29.11.2011, Tuesday, 00:10:13
Фала за советите, ке пробам па ке пишам понатака што сум направил. Во случај да е екранот а тој е 90% од телевизорот не би се исплатело да се купи друг екран па ке морам да го расходовам за делови а и онака сите сегашни аналогни ТВ предаватели ке бидат изгаснати во средина на 2013та год. и ке одат во историјата. Уствари кабелските и понатака ке емитуваат и аналогно :)
Title: Одг: Проблем со ТВ нео. доминира зелена боја
Post by: DX-er on 08.12.2011, Thursday, 12:50:51
Голема благодарност до Сале за стручниот советот според кој направив мала интервенција со замена на транзисторите од RGB топот па сега телевизорот повторно работи беспрекорно. Изгледа еден транзистор при промена на температурата почнува да менува од своите карактеристики па затоа доваѓаше до преовладување на зелената боја. Благодарност и до ГигаВат, Ивица, Батка за заложбата да ми помогнат. Поздрав и секое добро :)