Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: Otpor on 02.12.2014, Tuesday, 15:12:16
-
Купувам 2 тороидни трансформатори , 2 * 28 V, 300 VA минимум поединечно.Мора идентични
Чекам реални понуди...
-
Нарачај да ти направи винклер, иако нема да е воошто евтино. За активни звучки?
-
Кој винклер кај нас мота тороиди ?? Кај мене мислам дека не знаат и шо ет тоа...Пиши ако некој знаеш и шо навистина го бива,да не порачувам од Србија....
Не,за алефи ;)
-
Чичко Отпор, кај нас има винклер таму кај градската библиотека .. Али незнам дали мота тороиди .. Киловолт може да ти помогни повеќе, бидејќи тој таму има порачувано трафоа ..
-
А бе оти чичко море ?? ;) ;D Го знам кој е ,фала за инфото,ќе го посетам уште утре
-
Хаха, па постар сте од мене .. :) [извинете за офф]
-
Мора исклучиво тороиди?
-
Чичко Отпор, кај нас има винклер таму кај градската библиотека .. Али незнам дали мота тороиди .. Киловолт може да ти помогни повеќе, бидејќи тој таму има порачувано трафоа ..
Да не дојде до забуна, немам порачувано трафоа од таму, туку за Теслиното трафо земав жица за секундар 0,25mm, и за примар 1,70mm...
Кога барав јас трафо да ми мотаат, појдов прво кај него...(Кај тој кај Градска библиотека) Тој ми рече не премотувам трафоа само мотори... Не се мачи за џабе, не мота тој, туку појди види во новите згради кај мостот Табана, прашај во дуќанчињата долу во зградите каде има винклер тука, би требало да те насочат точно... ;)
Мислам сервисот се викаше "Електрон" воедно премотуваат мотори и трафоа. Мене ми имаат премотано EI трафо, за торусен незнам дали ќе ти се нафатат а и ако ти се нафатат нема за ефтино да ти го намотаат... :-\
Отпор, се надевам дека ќе го прочиташ ова побрзо и нема да се мачиш да одиш до таму за џабе... ;)
-
Сервисот се вика Андро.после мостот табана,т.е.пред новиот кружен тек од десно.
-
Дечки, фала на одговорите...го знам него,стара приказна...поздрав до сите
Споено мислење: 02.12.2014, Tuesday, 21:31:03
Мора исклучиво тороиди?
Ако биди, да биди..! Го правам за мене ,со мерак
-
Сервисот се вика Андро.после мостот табана,т.е.пред новиот кружен тек од десно.
Да, така мислам се викаше, инаку еве поточно...
https://www.google.com/maps/dir/41.346929,21.5607285/41.3462114,21.5613189/@41.3460988,21.5613336,71m/data=!3m1!1e3!4m2!4m1!3e2
-
Ете сум згрешил .. Се надевам би ти помогнало ова ..
-
Има во Ск, мајстор Драги се вика, има винклерски сервис во Автокоманда. Од него стално зимам жица и главна работа му е премотување мотори и правење трафа Е-тип. Си кажуваш што напон ти треба и колку вати, ти кажува цена и тоа е тоа. Ако треба број пиши ми пп
-
Во Логин има тороидни трансформатори 500w
http://www.loging.mk/2042/BrowseProducts
-
Можеш да земеш тороиден трансформатор од лигинг со поголем напон од бараниот, и да го премоташ на помал напон.
-
Доколку најдеш јадра готови, имам човек што ќе ти ги премота од Охрид. Јас веќе 8 години со него работам, иначе многу години пријател на татко ми и со тоа работи.
Тој јадра не произведува/нема, ако имаш готови тој ги намотува :D
-
Можеш да земеш тороиден трансформатор од лигинг со поголем напон од бараниот, и да го премоташ на помал напон.
Најверојатно така и ќе биди.Тро се скапи (тро повеќе ;) али тоа е тоа...Во Ниш ги има доста поевтини..но пат,малтретирања...
Споено мислење: 03.12.2014, Wednesday, 13:05:18
Можеш да земеш тороиден трансформатор од лигинг со поголем напон од бараниот, и да го премоташ на помал напон.
Е дури тогаш ќе ме кошта ѓаол и пол :o (локален сленг ;) )