Аналогна електроника > Озвучување

Скретници

(1/12) > >>

antonio@arsenal:
Дали некој знае некоја шема за изработка на некои добри скретници за звучници за жива свирка (двоситемски бас 12ка и хорна)јачината која што треба да ја искрепат звучниците е 200вати.

Devil:
за да направиш добра свртница ( не скретница ) треба да ги знаеш димензиите на кутиите
исто така треба да се запазат некој други карактеристики ( нека ти каже некој друг што како незнам точно ) за да може да добиеш квалитетен звук

SaleSk:

--- Quote from: Devil on 14.04.2010, Wednesday, 18:15:57 ---за да направиш добра свртница ( не скретница ) треба да ги знаеш димензиите на кутиите
исто така треба да се запазат некој други карактеристики ( нека ти каже некој друг што како незнам точно ) за да може да добиеш квалитетен звук


--- End quote ---

Димензиите на кутијата немаат апсолутно никаква врска со изработката на пасивен филтер (не свртница) а популарно наречена "скретница" во понатамошниот текст.
За изработка на скретницата ти се потребни параметрите од самите звучници, односно фреквентната карактеристика (опсегот)... Филтерот се изработува според таа фреквентна карактеристика, тоест во тој опсег...На пример доколку не се исфилтрираат ниските тонови, можат да ја оштетат намотката на самиот високотонец...
За наједноставна школска изведба односно најпроста скретница за бас се користи како филтер калем, за среднотонец комбинација од калем и биполарен кондензатор од прилика околу десетина микрофаради, и биполарен кондензатор со вредност од 4,7 или пак 3,3 или пак 2,2 микрофаради за високотонецот, во зависност колку сакаш да ги "одсечеш" високите тонови...
Ова е таканаречена пасивна скретница или пасивен филтер, бидејќи користи пасивни елементи во колото. Постојат и активни скретници кои покрај пасивните содржат и активни елементи, но и нивната изведба е доста покомплицирана и е со конкретна намена...

Е сега на прашањето за квалитетен звук, малку е попроблематично да ти се одговори...За да можеш да добиеш квалитетен звук во права смисла на зборот ти треба еден куп опрема (осцилоскопи, тонгенератори,калеми, отпорници и кондензатори со променливи вредности, доста експерименти и многу знаење) или пак да направиш според некакво искуство и параметри кој ке ги имаш од самиот драјвер односно од звучникот...
Или наједноставно да си купиш некоја готова скретница и да ја вградиш, па доколку не си најзадоволен од понудениот звук да експериментираш со замена на некој делови
 ;D

GigaWatt:
Малку е тешко да се одреди типот на пасивниот филтер и горната гранична фреквенција на бас-среднотонецот (претпоставувам дека е бас-среднотонец а не само бас) и високотонецот (хорната) без познавање на АФК (Амплитудно-Фреквенциска Карактеристика) на звучниците. Повеќето реномирани производители на звучници ги даваат заедно со нивните звучници и овие спецификации (ако не се секогаш реални, туку се малку „нашминкани“). Ако не можеш да ги набавиш од некаде, можеш сам да ги измериш, но малку потешко ќе биде тоа.

Како некое „златно правило“ важи дека горната гранична фреквенција на бас-среднотонцецот треба да биде некаде меѓу 3KHz и 5KHz, а пасивниот филтер најчесто се бира да биде од прв ред (6dB/oct.). За високотонецот долната гренична фреквенција треба да биде иста или приближно иста со горната гранична фреквенција на бас-среднотонецот, но не пониска од неа за да не се преклопуваат опсезите на бас-среднотонецот и високотонецот. Типот на пасивниот филтер за високотонецот, во довосистемска конфигурација како оваа, најчесто се бира да е од втор ред (12dB/oct.)

antonio@arsenal:
Еееее Baze ми треба тој ми рече дека ке ја истераме работата до крај ама одамна не е прилкучен на форумов.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version