Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Приемници => Topic started by: BorceBT on 17.02.2010, Wednesday, 10:22:00

Title: АМ приемник без осцилаторно коло
Post by: BorceBT on 17.02.2010, Wednesday, 10:22:00
Сигурно ве мрзи да мотате калеми а поготово е проблем ако немате феритно јадро или променлив кондензатор. Има решение, и тоа тип на радио кој долго време не беше актуелен заради актуленоста на суперхетеродинските приемници (со 2 осцилаторни кола, мешачи и други работи). Се работи за радио од типот „синхродин“ (synchrodyne) кој воопшто нема калеми. Начинот на функционирање е тој што всушност радиото е осцилатор кој е наместен за малку да не осцилира. Кога фрекфенцијата на посакуваните осцилации е наместена на фрекфенцијата на некоја радио станица тогаш напонот (микроволти) што доаѓа на антената е доволен да го побуди да проосцилира радиото и тоа во ритамот на музиката што значи дека радиото само станува „предавател“ кој сам себе се „фаќа“, демодулира и се слуша аудиото. Интересен концепт.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=569.0;attach=150)

Стерео потенциометарот се користи на барање на станици, влезниот потенциометар (на антената) се користи за регулација за случајно станицата да е премногу јака па да ја фаќа само неа и никоја друга, десниот потенциометар е за гласност, диодите најдобро да се германиумски AA113 но ако немате и 1N4148 ќе работи иако со малку помала гласност на аудио излезот. TUN e на пример BC547.
Title: Одг: АМ приемник без осцилаторно коло
Post by: DX-er on 17.02.2010, Wednesday, 14:52:56
Ова е стварно супер, само што не те сватив, радиото е како предавател кој сам себе се фаќа, во тој случај интерференцијата нели е проблем  ???
Title: Одг: АМ приемник без осцилаторно коло
Post by: BorceBT on 17.02.2010, Wednesday, 15:02:12
Радиото едноставно е осцилатор (сличен како осцилатор кога се прави предавател) но тој осцилатор осцилира во ритамот на влезниот сигнал од антената. Значи добиваме моќни осцилации со многу микро влезен сигнал и тие моќни осцилации лесно ги демодулираме и ги слушаме. Кога праша за интерференција, да ќе има и овој приемник веројатно ќе мора да се оклопи во лимена кутија или кутија направена од плочка а само жиците за антена, напојување и аудио да излегуваат надвор (нормално потенциометрите ќе бидат монтирани на кутијата).