Author Topic: Електрични светилки  (Read 9993 times)

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Електрични светилки
« Opened on 25.01.2010, Monday, 19:43:48 (Edited 25.01.2010, Monday, 19:49:15) »
Тука би сакал да отворам една дискусија околу тоа кој тип на светилки го користите за осветлување на домот како и тоа ако може да видиме кои се нај економични а кои даваат нај добра светлина  ;)

Post Merge: 25.01.2010, Monday, 19:49:15
Јас дома користам комбинирано осветлување флуересцентло и класично (со волфрамови светилки) мое лично мислење е дека флуересцентните светилки даваат подобра слетлина по трајни се и се по економични плус со додавање на кондензатор трошокот за струја се намалува на пола. Додека со новите економични светилки немам баш нај добро искуство многу се нежни и не се многу трајни а и се многу скапи

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Електрични светилки
« Reply #1 on 25.01.2010, Monday, 20:06:01 (Edited 25.01.2010, Monday, 20:17:54) »
Според мене најдобри се светилките од лед диоди, некако нај убав сјај имаат, не трошат многу, трајни се, не се расипуваат ако ти паднат на земја :D,не греат и така ....
За разлика оние економичните со стартер што се незнам некако ако е ладно времето и да е надвор имам заприметено дека не свети бело туку жолто  :-\, друго не се баш нај ефтини и не се многу квалитетни во рок од година сменав 3, е рачунајте на ним даваат  гаранција дека траеле по година ама ништо
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Електрични светилки
« Reply #2 on 25.01.2010, Monday, 20:08:06 »
Сложена тема но ќе се обидам да дадам некои мои заклучоци:

Многу ќе речат дека обичните (жарни) светилки се залудно трошење на енергија. Јас би рекол да, но зависи каде се употребуваат. Еве замислете имам подрум во кој влегувам два-три пати месечно по 10 минути. Дали се исплати да ставам штедлива (скапа) светилка? Тотално не. Цената и трајноста на жарната светилка на тоа место 100% одговара на намената. Потрошувачката не е ни битна.

Некаде на друго место (на пример во автомобилите) ефикасноста не е битна. Светилките во возилото и така трошат само 1% од енергијата што ја произведува моторот. Дали има резон да се става штедлива светилка таму? Не. Но во возилата има друг проблем а тоа е кратковечноста на жарните светилки. Значи иднината на осветлувањето во автомобилите е LED осветлување кое е долговечно. Повторно и овде потрошувачката не е битна.

Меѓутоа, има места каде што потрошувачката и долговечноста е многу битна како на пример во места каде што барем пола од времето свети светилката: Во дневната соба, кујната, ходниците на зградите, светло пред куќата, фабриките, улично осветлување. Да се осврнеме на тоа кои видови на такви светла се најефикасни а најдоби. Најефикасна сијалица измислена досега не е LED како што многумина (продавачи) на светилки ќе ве излажат. Најефикасна сијалица е натриумовата сијалица. Меѓутоа, бојата на оваа сијалица е жолто-розева (можете да ја видите на уличното осветлување) и освен таму неможе да ја употребуваме дома. Живините светилки се исто така скоро исто толку ефикасни како LED и можат да се најдат во уличното осветлување и во фабричките хали.

Алтернатива на обичната светилка за во дневна соба се значи неонско светло, CFL (штедни светилки кои во суштина пак се неонки виткани) и LED осветлување.

Околу енергетската искористливост на енергијата на светилките за дома LED осветлувањето е најефикасно, потоа доаѓа неонското осветлување и на крајот CFL.
Но, што е со квалитетот на светлото (дали тоа замара очи или е пријатно).
Да ве разочарам но ниедна од овие алтернативи не е пријатна за очи и не одмара, ниту LED, ниту CFL ниту неон. Се разбира постојат и помеки варијанти од сите светилки (поготово high-CRI висококвалитетни LED светилки) но од нивната цена ќе ви се сврти во главата.

Решение? Можеби сите премногу филозофираме, еве зошто: Најголемите потрошувачи за осветлување како уличното осветлување и фабриките веќе користат високо ефикасни методи на генерирање на светлина како: Натриумови светилки, Живини светилки и долги неонки. Потрошувачката на струја за осветлување по домовите е многу мала од вкупната потрошувачка која се троши на греење, греење на вода, готвење и слично.
Што е пресудата? Пресудата е дека ниската цена и убавиот квалитет на светлина кој ја даваат обичните жарни светилки иако се краткотрајни долго нема да излезат од домовите и немаат ни потреба бидејќи штедењето на енергија во споредба со другите потреби во едно домаќинство е многу мало.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Електрични светилки
« Reply #3 on 25.01.2010, Monday, 20:08:58 »
Толку може даваат гаранција ама на кутијата пишува дека траат дури до 6 години  ???

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Електрични светилки
« Reply #4 on 25.01.2010, Monday, 20:31:11 »
Траат 6 во лабораторија на 25 степени, 30% влажност и со јапонски елементи :D
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Електрични светилки
« Reply #5 on 25.01.2010, Monday, 23:04:58 »
ја мислам дека стандардната светилка (Волфрамова светилка) е најдобра за очите :) е сега што троши троши највеке.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
Одг: Електрични светилки
« Reply #6 on 26.01.2010, Tuesday, 19:04:19 »
Вака сега кај нас во македонија каде имаме повеке од 270 сончеви денови најдобра е неонката со чисто бела светлина, додека на север, еве да речеме норвешка подобро е волфрамова светилка. Имено за ова е направено студија од странство каде 70% од народите на југот се имаат изјаснето за неонките, додека на север за волфрамовите светилки. Оние кои се на север повеќе ја практикуваат жолтата светлина од волфрамовите светилки а на југ белата светлина од неонките, поради преголемата изложеност на спротивната светлина во текот на денот. Затоа мислам дека кај нас неонката е подобра, ова е лично мое мислење, јас дома во радовиш во станот имам насекаде неонки кои даваат бела светлина и тоа во собите од по 20 квадрати по две големи од 1,2 метри а во помалите една од 1,2 метри или две од 60-70 сантими незнам точно колкави беа.
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Одг: Електрични светилки
« Reply #7 on 28.02.2010, Sunday, 13:39:32 »
“Јас дома користам комбинирано осветлување флуересцентло и класично (со волфрамови светилки) мое лично мислење е дека флуересцентните светилки даваат подобра слетлина по трајни се и се по економични плус со додавање на кондензатор трошокот за струја се намалува на пола“


молам за објаснување за кондензаторот, поврзувањето ...

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Електрични светилки
« Reply #8 on 28.02.2010, Sunday, 13:55:09 (Edited 02.03.2010, Tuesday, 17:58:47) »
баш околу тоа сакав да дадам објаснување во темата каде има поставено шеми за поврзување на неонки се надевам дека наскоро ќе имам време да ги прикажам сите начини на поврзување на неонки и колку се заштедува со додавање на кондензатор .
А околу тоа за неонка од 36W се додава кондензатор од 4.5 микрофааради и се поврзува паралелно само мора да се стави кондензатор за наизменична струја .
шеми се надевам дека ќе поставам наскоро  ;)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Електрични светилки
« Reply #9 on 28.02.2010, Sunday, 16:54:08 »
Ова е интересно, значи со кондензатор го „поправаш“ Power factor-от (cos Ф) на пригушницата претпоставувам, очекуваме да го видиме тоа во постот што ти е за поврзување на неонки.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Електрични светилки
« Reply #10 on 01.03.2010, Monday, 16:38:09 »
да и потрошувачката се смалува на половина ова дома и не се приметува затоа што неонката и не е некој потрошувач но во една хала каде има 200 неонки и тоа како доведува до заштеда шемите наскоро .

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Електрични светилки
« Reply #11 on 03.04.2010, Saturday, 15:02:35 »
MAKEDONIA од овој момент пиши на кирилица, сега ке мора сите твои постови да ги прекуцувам на кирилица бидејки не најдов конвертор. Од твојот прв пост до овој момент што имаш напишано ке го прекуцам рачно ама од овој момент па натака пиши на кирилица (види имаш објаснување за линукс)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1253
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
Одг: Електрични светилки
« Reply #12 on 03.04.2010, Saturday, 15:04:26 (Edited 03.04.2010, Saturday, 17:24:26) »
што се однесува до светилки најефикасна е натриумската со оранзово светло монохроматска или еднобожна
таа дава 150 лумени на ват после тоа е неонска цевка преку 1 метар 58 вати дава 100 лумени на ват
помалите се со помалку ефикасност
лед диодити одат до 50 лумени на ват ама имат преку 30000 цаса работен век
има и со повеке ама се скапи

Z33MK

Offline z33dgm

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 120
Одг: Електрични светилки
« Reply #13 on 03.04.2010, Saturday, 16:46:02 »
јас кај мене користам штедливи светилки CFL и до сега сум задоволен од светлината што ја даваат а за потрошувачката не се многу замарам многу ...

Offline MAKEDONIA

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1253
  • Gender: Male
  • Da bides idiot e najtesko,konkurencijata e silna
Одг: Електрични светилки
« Reply #14 on 03.04.2010, Saturday, 17:33:17 (Edited 03.04.2010, Saturday, 17:38:24) »
имам разни шеми за компакт лами low енерги ако сакате можам да ви ги пуштам од расипани може дасе извадат добри компоненти и се без пари делови за еюперименти
Z33MK