Македонски форум за електроника
Други технологии => Електроенергетика => Topic started by: antonio@arsenal on 23.09.2010, Thursday, 20:52:57
-
Значи вака, ми требаат појаснувања видеа слики и тн за ваков тип на швајц. Сакам да знам како се користи како функционира кои пресности ги нуди итн.
-
тоа ти е швајц апарат кој се користи за ладно заварување, што значи тоа, кога швајцуваш има посебна цевка низ која тече ЦО2 кое служи за ладење на она што се работи во моментот, друго принципот на работа е тука негде како обичен швајц :)
-
Значи вака, ми требаат појаснувања видеа слики и тн за ваков тип на швајц. Сакам да знам како се користи како функционира кои пресности ги нуди итн.
појаснување: цо2 апаратот работи како исправувач на напон т.е. преку еден трансформатор го намалува напонот (обично на 40волти) и преку неколку диоди го исправа напонот и на крајот има една пригушница.
апаратот користи гас CO2 кој се пропушта низ кабелот "вратот" до местото каде што се заварува со цел да се елиминира воздухот кој има штетно влијание на варот. користи котур со жица која со моторчиња и ваљаци апаратот ја турка низ "вратот" до местото каде се заварува.
најчесто го користат лимарите бидеќи е многу полесно и не го оштетува лимот, доколку со обичен апарат за заварување неможе да се вари лим потенок од 1,5 мм.
и работата со ваков тип на заватување е многу полесна и поедноставна како и попрегледно заварување.
-
Ахам аа нема некое видео да видам како се работи со него
-
има куп видеа на нет али не брка работа треба да фатиш во раце па да осетиш не е тешко
-
А таа боцата што е за ладење оди со апаратот и на колку време се празни и каде може да се наполни??
-
незнам дали оди заедно со апарато, а за колку време се празни зависи колку ќе го работиш
за полнење имаше едно време во охрид во охис ама не сум сигурен дали полнат уште
ќе прашаш кај некој лимар кој се занимава со тоа дали може да ти каже каде полнат боци
боца најлесно ќе најдеш на отпад и за мали пари ...
-
Ааа боцата каква треба да е ? ..имам јас една од противпожарен апарат и е со солидна големина
-
еве видео од блиску ,убаво се гледа како да се направи убав вар
Споено мислење: 23.09.2010, Thursday, 21:36:11
боците се полнат во техногас а за цена зависно од големината на боцата
-
Еј абе остајте пункт апаратот него јас заглавив многу.Значи сега во Бизнис центарот (во Битола) гледав еден co2 170 ампери ама нема со него заедно боца, што значи боца треба да купувам а боцата била 20 илјади денари ама таа била за во работилница а мене ми треба нешто помало, за домашна употреба. Не ми е јасно како се монтира жицата и каде треба да поминува гасот кога ке вариш.И каде да најдам помала боца и немора да биде моја сопственост туку со замена празна за полна.
Споено мислење: [time]15 Октомври 2010, 14:39:05[/time]
Никој бе??
Споено мислење: [time]15 Октомври 2010, 15:31:22[/time]
Нема такооов?
Споено мислење: [time]15 Октомври 2010, 17:47:48[/time]
Ајде бе побрзо
Споено мислење: 15.10.2010, Friday, 17:48:35
Ајде бе луѓе побрзо планирам да купувам
-
боцата мора да си ја купиш можеш да провериш во техно гас мислам дека имаат и помали па после ке си ја полниш само. Жицата се монтира на внатре во самиот апарат па кога ке притиснеш на пиштолот се активира мотор што ја бутка жицата толку брзо колку што ке си наштелуваш. Гасот се води исто преку пиштолот до самото место на варење .
-
ааах...сакаш да купуваш апарат за заварување а појма немаш за него??? јас би ти препорачал малце да прочиташ на интернет што-како е со него, па после тоа да купуваш....
-
Каде е тоа Техно гас??
Споено мислење: 15.10.2010, Friday, 18:28:33
И колку би коштала една помала боца??
-
техногас е до фабриката (фабрика е??) карпош...во скопје... а колку пари е мала боца...е тоа незнам... а за техногас незнам дали има други места низ македонијава....
-
види во златна книга мислам дека имаат и во битола
-
Има за боци и во Охрид и во Битола,инаку едан боца не е 20,000 денари,за тие пари ке земиш 2 кислород 2 ацитилен големи боци за оксиген!!! а инаку таја што ја имаш од пожарна може да ја искористиш и ако е празна има во Битола кај сатот негде во близина полнат боци и према Кравари уште едно место, на истата боца од пожарна ке ти монтираат вентил и сат за на пунктот.
-
Најдов голема боца од 40 литри само не ми е купена а човекот ми ја дава за 50 евра исправна се и ми вика јас ке ти наместам вентил ти само купи си и наполниси ја, а полнењето било 100 денари од литар за малите боци а 30денари од литар за тие големите.
-
Јас како по искусен во оваа област можам да ти препорачам овии две фирми ЕСАБ и РАДЕ КОНЧАР истите ЦО2 апарати и сум ги користел професионално и ги одржувам значи имаат многу малку дефеци и кога ќе се појават брзо се отстрануваат . Со тоа што ЕСАБ е во старт многу по скап еве ти и слики од нив па ти одлучи си
(http://pic.mk/images/esablkb320.jpg)
(http://pic.mk/images/radekoncar.jpg)
-
Купив TELWIN 170 ампери 35000 денари, многу го фалат паа ке видиме како ке се покажи
-
сакам да правам картинг па дали некој може да ми зашвајцува рам за картингот,дали на некој му се исплати?Користам за рам железо од парната,дали такво е добро или да барам ново,дека за парна имам колку ти душаа сака такви цевки.Инаку имаат внатрешен дијаметар од 10мм!
-
Купив TELWIN 170 ампери 35000 денари, многу го фалат паа ке видиме како ке се покажи
Со здравје да си го служиш и да ти носи заработувачка ама ај ако сакаш стави и слика да го видам каков е со ЦО2 боца или инверерски на интернет има повеќе со тие карактеристики
-
како што знам за ЦО2 има и посебни жици што се користат за заварување без боца, ама па штетни беа тоа испарувањата....и ај со здравје да си користиш апаратот
-
Фала многу дечки поубав да ви се врати иии да ви кажам не ми дадоја боца туку сега најдов една 3 илјади денари и плус треба да ја наполнам и тоа е
-
Дали можам боца од Оксиген да ја користам за апаратот т.е. да ја испразнам и да ја наполнам со CO2??
-
може ама треба да го смениш вентилот.
сколс ако се гусани цефките тешки ке ти бидат тие
-
Дали можам боца од Оксиген да ја користам за апаратот т.е. да ја испразнам и да ја наполнам со CO2??
може од кислородот само не од ацитиленот само плавата може не може белата (претежно бела е ацитилен) затоа што ако го испуштиш ацитиленот е под голем притисок и се пали така да ке се кренеш во воздух со се работилница ;D ;D однесија и таа ако е празниш со кислородот други да ти ја испразнат или по полека празнија оди има мн голем притисок др незнам шо да ти речам
еее со здравје да си го користиш апаратот ;)
-
Фала фала а најдов една боца од 12литри ама е од Оксиген и има еден вентил најгоре на боцата, дали треба да го вадам тој и да ставам друг, а ми дадоја со апаратот еден вентил
-
Дали можам боца од Оксиген да ја користам за апаратот т.е. да ја испразнам и да ја наполнам со CO2??
може од кислородот само не од ацитиленот само плавата може не може белата (претежно бела е ацитилен) затоа што ако го испуштиш ацитиленот е под голем притисок и се пали така да ке се кренеш во воздух со се работилница ;D ;D однесија и таа ако е празниш со кислородот други да ти ја испразнат или по полека празнија оди има мн голем притисок др незнам шо да ти речам
еее со здравје да си го користиш апаратот ;)
ете сто ти пишав бела е боца или сина претежно бела е ацитилен и е помала и немој да ја празниш сам оти ке летнеш во воздух :D ;D ;) :( :o
-
Во ЕВРО СИГУРНОСТ (во Битола) ми велат дека мора боцата да е од co2 за да се полни со цо2
-
Во ЕВРО СИГУРНОСТ (во Битола) ми велат дека мора боцата да е од co2 за да се полни со цо2
За исто ли зборуваш!?
-
па антонио тоа ти го зборувам цело време празнија таа од цо2 само пополека а таа од ацитилен белата немој да ја буцкаш затоа што не се полни таа со цо2 а можеш да побараш боци по одпади некако баајги сум гледал цо2 боци :o
-
Едно време имаше неколку вакви трафа се вртеа низ бувљакот, па после ги снема...иначе ако се стрпите, планирам да направам туторијал за пункт-апатар со трафо од микробранова, трафото ми е готово, остана уште механиката да ја доправам кога ќе имам време.
И ја планирам изработка на пункт апарат,читав нешто по интернет, моментално сум во потрага по трансформатор, LordZi го направи ли тој туториалот со трафо од микробранова??
-
Дали некој го има ова CD од линкот или некој сличен материјал за изработка на CO2?
http://www.muskorp.com/index.php/napravisamco2aparat.html