Македонски форум за електроника

Останато => Електронски компоненти => Topic started by: nikola_bb on 13.02.2011, Sunday, 01:25:54

Title: Прашање во врска со напонот на кондензаторите
Post by: nikola_bb on 13.02.2011, Sunday, 01:25:54
Знам дека понекогаш кондензаторот се заменуваат со кондензатор со ист капацитет но со друга волтажа. Ме интересира дали секогаш е возможно да се прави ваков компромис или некогаш може тоа да биде проблематично? Ако може да е проблематично тогаш во кој случај е тоа?
Title: Одг: Прашање во врска со напонот на кондензаторите
Post by: batka on 13.02.2011, Sunday, 01:32:09
Ова прашање ,како теоретско,треба да се одговори вака:кондензаторот е пасивен елемент кој има свој капацитет и работен и пробоен напон.Честопати работниот е еднаков на пробојниот напон.Не гледам тука проблем.Ако заменуваш некој кондензатор поради тоа што е пробиен или капацитетот му е намалем,тогаш го заменуваш со соодветен капацитет и соодветен папон ,кој секогаш треба да биде еднаков или поголем од оној кој го имал  заменетиот кондензатор.
Title: Одг: Прашање во врска со напонот на кондензаторите
Post by: Bojan on 13.02.2011, Sunday, 02:45:32
а ако напонот на пробив на тој кондензатор што ке го ставиш е помал, ке си добиеш мала чадна бомба или истерано око (зависи колкав е кондензаторот). ама па сега небива ако ти треба кондензатор од 6,3V ти да ставиш некој од 100V...ептен простор ке зафаќа....
Title: Одг: Прашање во врска со напонот на кондензаторите
Post by: nikola_bb on 13.02.2011, Sunday, 14:58:19
А на пример кога има 2 кондензатора во пар? Како кај напојување од компјутер мора 2та да бидат со иста вредност?
Title: Одг: Прашање во врска со напонот на кондензаторите
Post by: LordZi on 13.02.2011, Sunday, 15:02:52
Напојување за компјутер е сосем друга работа, таму се користат посебни кондензатори со мала ESR и тие се менуваат исклучиво со исти такви, никако со обични кондензатори.
Title: Одг: Прашање во врска со напонот на кондензаторите
Post by: Bojan on 13.02.2011, Sunday, 15:06:48
мислам дека мисли на тие двата високонапонски кондензатори што се после грецот...тие два се поврзани сериски, што значи дека капацитивноста им се намалува дупло(ако се со иста вредност) и напонот на пробив им е дупло поголем (ако се со ист работен напон)...и ако ги менуваш би ти препорачал да ги ставиш такви какви што се дека таму има голем напон и недајбоже можеш беља некоја да направиш...
Title: Одг: Прашање во врска со напонот на конденз&#
Post by: ShAdOw on 13.02.2011, Sunday, 15:14:18
Се согласувам со колегата LordZi за тоа што го кажа и да надополнам дека кондезаторите во напојувањето имаат поголема работна температура од кондезаторите кој се користат во некој други уреди и затоа поради оваа и останатите карактеристики кои ги наведе LordZi, кондезаторите во компјутерското напојување се менуваат само со исти такви.
Title: Одг: Прашање во врска со напонот на кондензаторите
Post by: nikola_bb on 13.02.2011, Sunday, 15:31:16
Не ги заменувам само чисто прашувам некои работи кои ме интересирале и сакам да ги научам.
Title: Одг: Прашање во врска со напонот на кондензаторите
Post by: mkfe on 06.09.2012, Thursday, 02:57:57
Здраво nikola_bb,

Прашањето некако е општо, и тешко е да се одговори во кратки реченици.

Освен што нели кондензаторите може општо да бидат поделени на (1) електролитски, (2) блок кондензатори; за секој од нив треба да дознаеш од каков материјал е изработен, односно под-тип на кондензаторот.

(1) електролитските може да бидат:
   - tantal;
   - bipolar;
   - ...

(2) блок може да бидат:
   - ceramic;
   - MKT;
   - ....

Ќе мораш за сите под-типови да прочиташ повеќе за нивните карактеристики/особини, и од тоа да знаеш дали и што можеш да заменуваш.

Поздрав,
mkfe.



Title: Одг: Прашање во врска со напонот на кондензаторите
Post by: dr-mr on 06.09.2012, Thursday, 03:32:38
Кој сака да чита, повеке за кондензатори.
Code: [Select]
http://www.radio-electronics.com/info/data/capacitor/capacitor_types.php